Јул 22, 2019

Езерската вода е исправна за капење

Езерската вода е исправна за капење. Таа речиси по целата брегова линија е од прва категорија, а само на некои места е од втора. Ова го покажале последните наоди од контролите извршени на површинските води на езерското крајбрежје од страна на Центарот за јавно здравје. Во средината на јуни беше евидентирано загадување на водата на делот кај одморалиштето „Партизан“, поради што беше забрането капење на овој потег. Преставници на Центарот за јавно здравје заедно со директорите на ЈП Проаква и ЈП Нискоградба излегле на терен и констатирале дека загадувањето доаѓа од излевање од канализациона ц…

Јул 22, 2019

Божиноски: „Европски“ Охрид треба да има нула отпад

СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески и натаму одат спротивно препораките на УНЕСКО за Охрид. „Европски“ Охрид треба да има нула отпад. Но, се случува сосем спротивното, истакнаа денес на прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ. Обвинија дека ЈП „Охридски Комуналец“ на незаконски начин депонира отпад на Мауцкер, рече Перчо Божиновски, портпарол О.К. ВМО – ДПМНЕ. „ Власта на СДСМ се однесува неодговорно и на незаконски начин депонираа отпад и ѓубре на Мауцкер. Рано наутро без контрола се депонира градежен, но и комунален отпад од страна на ЈП „Охридски Комуналец“. Депонијата Мауцкер …

Јул 22, 2019

Големa материјална штета претрпе опожарениот струшкиот ЕК Снегар

33 спортски пловни објекти изгореа во хангарот на струшкиот едриличарски клуб Снегар. Клубот остана без чамци од класите Ласер, Европа, Оптимист и другите бродови кои се затекнаа во скалдиштето на струшката плажа на површина од над 250 метри квадратни, кажува со тешко срце Лазо Ѓоргоноски претседател на ЕК Снегар. Територијалната противпожарна единица, вчерa околу 17 часот, интeрвенирала со две возила, но заради материјалот кој развива голема температура било невозможно да се изгасне. Денес, се расчистуваа остатоците од опожарениот едрилачарски хангар и се сумираше настанатата материјална ш…

Јан 3, 2022

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец декември 2021 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 3 јануари 2022 година. Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, за корис…

Јул 22, 2019

Одобрени проекти од програмата за рамномерен регионален развој и за Општина Дебрца

Градоначалникот Ногачески заедно со Директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи потпишаа два договори со кои општина Дебрца обезбеди средства за изградба на водоводна мрежа за Сл. Чифлик од Програмата за развој на подрачја со специфични развојни потреби и за уредување на улица во село Оровник, од Програмата за развој на села. Со средства од програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа до крајот на годината ќе бидат реализирани 74 нови проекти за развој на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби во 54 општини. Вкупната вредност…

Окт 10, 2021

Сообраќајна несреќа кај Годивје

На 09.10.2021 во 10.20 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, на спојката со локалниот пат за селото Годивје, општина Дебрца, случена е сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд ескорд”, со кичевски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(48) од Кичево и патничко возило „опел мерива”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(62) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.С., а со телесни повреди се здобиле две сопатнички од истото возило, Б.С.(22) и Б.С.(52), двете од Скопје, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид. Извршен …

Јул 22, 2019

Никнува ли нова депонија, овој пат на дното на Охридското Езеро?

Неодамна нуркачите од нуркачкиот центар „Акватек“ од водите на Охридското Езеро извадија када, што впрочем беше само дел од пообемното количество градежен шут кој несовесни граѓани го фрлиле во водите на езерото. Откако ја извадија од езерото, кадата сеуште стои на плажата Сараиште во центарот на Охрид и чека да биде подигната. Викендов членот на нуркачкит центар „Акватек“ Никола Паскали извади и вреќа со плочки која уште мината година минатата година беше лоцирана исто така во езерските води.

Јул 22, 2019

Почина пензионираниот дописник од МИА Борис Ѓорѓиоски

На 75 годишна возраст ВИКЕНДОВ , по кратко боледување, почина пензионираиот дописник на МИА од Охрид Борис Ѓорѓиоски . Новинарството беше неговата животна определба, професијата од која се пензионира, но не престана да ја работи и после тоа. Студирал во Загреб политички студии, отсек новинарство. Работеше во Радио Белград, каде беше познат по неговите интервјуа и репортажи. По кусото волонтирање во „Политика“, добил уредничко место во Радио Младеновац, а потоа станува и дописник на Радио Белград од Скопје. По распаѓањето на поранешна СФРЈ, се враќа во Охрид и го отвора радиото МСБ. Поради…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top