Денеска во Охрид по кусо боледување на 70 годишна возраст почина Тоде Илевски, поет, писател за деца и млади, сатиричар, хуморист, преведувач, енигматичар и шаховски проблемист.
Тоде Илиевски е роден 1952 година во село Мраморец. Гимназија завршил во Охрид, а Филолошки факултет во Скопје.
Автор е на книгите: „Ведро едро” – поезија за деца, 1990 и „Концерт за шумите” – поезија,1992 г. „Изворите во горите” поезија за деца . 1999 г. „Зелен блен” – поезија, 2001 г. „Лов на Лебедовото Езеро“ – поезија 2008 г. „Приватните библиотеки во Охрид и Охридско“, ко-авторство со Виолета Мартиновска ….
Министерството за одбрана за првпат овозможи наши питомци да одат на редовно школување на престижната воена академија „West Point” во Соединетите Американски Држави.За оваа можност за првпат стана збор при посетата на министерката Радмила Шекеринска на САД во септември оваа година, во чии рамки беше покренато и тоа прашање. Беше оценето дека досегашното повремено школување на наши питомци на другите воени академии во САД се покажалo како успешно и дека давањето можност за школување на македонски кадети и на една од најстарите и најпрестижни воени академии, „West Point“ ќе влијае позитивно н…
Гладијаторите го одиграа вториот пријателски натпревар во Црна Гора, против екипата на Ловчен од Цетиње. Охрид со одлична игра до нова доминантна победа со седум голови разлика.
Во текот на целиот натпревар, Охрид беше во водство од неколку голови. На крајот од првото полувреме со пет гола разлика 12:17, за на крај од натпреварот со убедливо водство од 7 гола разлика да го заврши натпреварот 25:32.
Најдобри стрелци на натпреварот беа Мице Шилегов со 7 и Михајло Младеновиќ со 5 постигнати голови.
Јагош Брауновиќ уште еднаш ја докажа одличната форма и запиша 16 интервенции.
Името на Свети Климент чудотворец Охридски е и името на првиот македонски книжевник, духовник и учител. Освен корекција на македонска азбука, глаголицата, која ја нерекол кирилица, основањето на првиот универзитет во Европа, Св. Климетовиот универзитет, значењето на овој светец за просветата и културата во Македонија е и повеќе од возвишено.Припадниците на православната вероисповед денес го прославуваат верскиот празник Св. Климент Охридски, кој е и патрон празник на градот Охрид.Без мисионерската и просветителска дејност на браќата Св Климент и Наум, делото на Светите браќа Кирил и Методиј…
Три мали бизниси од Охрид во сопственост на жени, за филигранство, изработка на дизајнерски накит и рачни изработки од бакар добиваат помош преку обуки за унапредување на работењето преку дигитализација, воведување онлајн продажба и маркетинг. Менторската програма е во рамки на проектот „Мерки за зајакнување на женските бизниси по Ковид-19“ што го спроведува Центарот за управување со промени. Целта е да им се помогне на женските бизниси во онлајн трговијата во услови на пандемија кога се соочуваат со намалување на продажбата. Сузана Наумоска од Охрид, која 30 години води успешен бизнис, на …
Екипите на ЈП „Охридски Комуналец” по добиен налог од Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид спроведoa активности за расчистување на уште една дива депонија лоцирана во населба Далјан во непосредна близина на крајбрежниот појас. Подигнати се 44 метри кубни кабаст отпад, градежен шут, гуми од возила и др. По акцијата пристапниот пат е измиен со цистерна.
За жал оваа локација несовесни граѓани многу често ја користат за ненаменско ослободување од покуќнината и друг цврст отпад. Се упатува апел до граѓаните за сите потреби кои ги имаат околу собирањето на кабаст …
Нацрт програмите за туризам и локален економски развој за 2022 година превидуваат реализација на неколку проекти. Вниманието на опозицијата во Градскиот Совет го свртеа проектите предвидени да се реализираат на површина од 400 метри квадратни во поранешната Касарна, адреналински парк, памп патека, како и проектот Смарт Бајк Систем кој предвидува набавка на 60 смарт велосипеди и поставување 10 паркинг места. Изградбата на адреналинскиот парк во нацрт програмата ќе чини околу 9,6 милион денари, а набавката на смарт велосипедите 160.000 евра.
Советникот од ВМРО НП, Ванчо Костоски, побара под…
Силен притисок врз Охридската Општа болница во омикрон бранот на ковид пандемијата. Болничките кревети и амбуланти се полнат, а бројот на новозаразени во Охрид не опаѓа.
43-ца ковид пациенти во моментов се наоѓаат на болничко лекување во охридската Општа болница. 20-мина позитивни пациенти се на инфективното одделение, а 23 на интерното одделение. Од нив 30-мина се на кислородна поддршка. Пациентите се претежно повозрасни со различни коморбидитети, а 70 проценти од нив не се вакцинирани, информира д-р Горан Балески директор на Општа болница Охрид.
Болницата е максимално оптоварена, а бр…