Амбасадорката на Соединетите американски држави, Н.Е. Кејт Мари Брнз, денес, оствари средба со градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
На средбата се разговараше за добрата меѓусебна соработка, како и за идните планови со кои ќе се продлабочи соработката. Градоначалникот Георгиески, изрази благодарност до амбасадорката за поддршката што низ годините американската амбасада ја дава на општина Охрид во секоја сфера.
Заеднички беше потенцирано, дека во иднина ќе се стави акцент на унапредувањето на соработката во областа на туризмот, негувањето и развивањето на културните врски и под…
Викендов на просторот на просторот на поранешниот полигон за мали спортови во Охрид во заедничката акција на „Чист Охрид“ и Културолошката иницијатива „5 до 12“, се одржа 32та акција за собирање ѓубре.
Во акцијата која траеше околу два часа се вклучија 15-тина активисти, а ѓубрето по завршување на акцијата беше собрано од екипа на Охридски Комуналец. Локацијата која е една од омилените места за собирање на младите, а која „Чист Охрид“ веќе неколку пати ја враќа во „живот“, повторно беше затрупана во ѓубре, каде доминираше пластичниот и стаклениот отпад. Беа собрани повеќе од 50 вреќи ѓубре…
Од есенва ќе започне реконструкцијата на плоштадот „Крушевска република“. Овој проект кој е готов веќе две години, по се изгледа конечно ќе се реализира. Работите закочија поради нерешени имотно правни односи на една парцела која влегува во плоштадот, но од Секторот за урбанизам велат дека и тоа ќе биде завршено до крајот на месецов.Колку сите овие процедури да можеме да ги забрзаме сепак поради туристичката сезона до 15ти септември не може ништо да се прави, но веднаш после тоа ќе се започне со раборта на терен, објаснува Томе Џамтоски, портпарол на Локалната самоуправа.Сегашниот изглед со…
„Сино белите“ утре ги започнуваат натпреварите во Втората македонска фудбалска лига-запад. За противник ќе ја имаат екипата на фудбалскиот клуб „Влазрими“ од Кичево, екипа составена од од искусни и квалитетни играчи, истакна капитенот на охридските фудбалери, Александар Бакулески. Тој додаде дека тимската хемија и поддршката од навивачите им даваат предност.
„Се работи за противник кој веќе играл во втората лига, не смееме никого да го потцениме, сите натпревари кои ќе ги играме во оваа лига за нас ќе се како финале, знаеме колку ќе биде тежок и опстанокот и се надеваме дека ќе направиме п…
Портпаролот на ОК на ВМРО_ДПМНЕ, Перчо Божиновски на денешната прес конференција со обвинувања до Градоначалникот Георгиески и директорката на ЈП „Градски пазар“, Кристина Крлеска-Деспотоска дека наместо да се зафатат со доизградба на објектот на затворениот пазар и ова лето граѓаните и пазарџиите ги оставиле без основни и елементарни услови за функцинирање.
„Зошто не е завршена градбата на затворениот пазар иако истата досега требаше да биде завршена?Свеченото отворање веќе неколку пати се пролонгира, па беше најавено во март од кое нема ни трага, а за скоро ќе помине и целата летна сезон…
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 и 150/2015), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка Општина Охрид го издава следното соопштение:
Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на ден 26.08.2019 год. (понеделник) ќе се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 21 до 06 часот.
Со дезинс…
Започна и теренското спроведување на анкетата со која охриѓани ќе може да го дадат својот придонес во изработката на Планот за одржлива урбана мобилност. Од неодамна, анкетниот прашалник беше поставен за пополнување на електронски на општинската веб страница, а веќе од денес службите на општината, поставија и штандови на две локации во градот,каде граѓаните лично можеа да го пополнат анкетниот прашалник и да ги достават своите мислења, предлози и идеи во изработката на планот, пред раководителите на општинските сектори.
„Да видиме што сакаат повеќе, дали сакаат повеќе моторен сообраќај во …
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид и кандидатот за градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков упатија искрени честитки по повод големиот празник 11-ти октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ.
11-ти октомври – ден кога слободата победи и македонскиот народ се вброи меѓу предводниците на Антифашистичката борба. Охрид и Македонија имаат колективна заслуга во борбата против фашизмот. Да го сочуваме тоа што сме го наледиле од нашите предци, да се избориме за среќа и радост за ова парче земја и да создаваме светла иднина за сите. Нека се паметат вечно хеорите од Антифашистичката борба! – се вел…