Ослободување од секојдневниот стрес и враќање на самодовребата се само дел од примената на техниката Access Consciousness. Надја Милевој од Хрватска три години ја применува оваа техника и Access Bars. Со тоа добив голема позитивна промена во животот. Ми се врати радоста бидејќи дотогаш животот ми беше тежок. Се ме попречуваше , но со примена на техниката почна да ми се отвара и менува животот, споделува Милевој.
„ Лесно се учи. Се поставуваат прашања. Кога добивате мисла нешто ви доаѓа се прашувате дали е тоа мое или чие е тоа. И на тој начин ја тргате мислата и одите по своето. Тоа сум ја…
Како туристички центар Охрид е општина во која бројот на луѓе во градот во лето се зголемува, со што се зголемува и консумацијата на храна во хотелско угостителските објекти. Примероците од храна, земени од хотели, ресторани, пицерии, слаткарници, бурекџилници, пекарници, сендвичарници, ќебапчилници, кафетерии, маркети, како и во други објекти каде што се произведува и служи храна од страна на центарот за јавно здравје, покажале дека потрошувачите и туристите од охридско-струшкиот регион можат да бидат сигурни во безбедноста на храната.
„Немавме труења никакви, поминавме добро, тоа пред се…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 48-годишно лице од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 16.08.2019 во козметички салон на улица „Велко Влаховиќ“ во Струга, по вербална расправија, пријавениот физички нападнал 39-годишна охриѓанка.
Театарската претстава “Сопружници” – Вуди Ален во режија на Драгана Таневска повторно на репертоарот на охридскиот театар ќе биде изведена во петок, 15.10.2021 година со почеток во 20.00 часот, во мала сала.„Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите – Д…
Станува збор за значаен христијански празник, не само кај православните, туку и кај католиците и протестантите, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос.
Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи искачување. Овој ден се празнува на 28-ти август по стариот календар или 15-ти август по новиот календар.
Црквата нѐ учи дека Марија, мајката Исусова, завршувајќи го текот на земниот живот на најсвет начин, била преземена со тело и душа во небесна слава. Ова е …
Во подножјето на Илинска Планина, под нејзиниот западен огранок Габер се наоѓа Белчишкото блато. Блатото се потхранува од најмалку 11 карстни извори познати како Сини Вирој и се протега на околу 137 хектари што го прави најголемото блато во Македонија. Во септември ќе биде закружен проектот за подобрување на управувањето и одржливо користење на ова блато. Нешто повеќе од една година, здружението „Екотуризам 2016“ со помош од UNDP спроведе голем број активности во насока на валоризирање и заштита на овој значаен локалитет како мониторинг на растителни, животински видови и евловата шума, …
95 проценти од 850 граѓани анкетирани од страна на општина Охрид сакаат центарот на градот да биде подостапен за пешаците, а 80 % не сакаат сообраќај во стариот дел од градот. Тоа ни дава за право да извлечеме заклучоци кои се потребите на граѓаните, вели Зоран Шиколоски раководител на одделението за сообраќај. Денес, во општина Охрид се одржа втората работилница за планирање на урбаната мобилност со кој ќе изработи план за одржлива урбана мобилност , напоменува Шикалоски.
„ Треба да утврдиме што сакаме, а што не сакаме, што имаме, а што немаме. Да дадеме краткотрајни решенија и долготра…
За неполни три месеци откако стапија на сила новите услови, интересот кај граѓаните е голем.
Намалените каматни стапки, новиот модел Купи стан за млади, како и дополнителната едногодишна субвенција на месечната рата за секое новородено или посвоено дете е причината за големиот интерес.
Согласно новите услови каматната стапка за моделот „субвенција на рата“ за првите три години ќе изнесува 2,9%, а за третата и четвртата година 3,9%.
Намалена е и каматната стапка за моделот „субвенција на учество“. Истата сега ќе изнесува 4% за цело времетраење од исплатата на кредитот зголемена за 6-месеч…