Авг 30, 2019

Секое лето истата слика пред Рамстор

И ова лето истата грда слика пред маркетот Рамстор во строгиот центар на туристички Охрид.  Палети со производи, пакети, стока на тротоар , на тревникот околу маркетот.  Граѓаните секое лето реагираат на ваквата пракса на Рамстор. Им  пречи ваквата грда слика веднаш до градскиот плоштад и Летница и посебно тоа што пијалоците кои се во ПЕТ амбалажа подолг период стојат изложени на сонце и висока температура. „Ние сме од Србија. Пречи стоката на самиот тротоар. Да е повлечена повеќе кон маркетот можеби. “„Пречи оваа слика. Но можеби и тие немаат избор како подобро би можеле да го организираат…

Авг 30, 2019

Нема најави за штрајк во охридските основни и средни училишта

Вработените во образовната дејност во охридските основни и средни школи нема да штрајкуваат. Ниеден Синдикат за образование, наука и култура во општинските училишта не поднесол изјава до дирекотрите за најава на предупредувачки штрајк на првиот ден на новата учебна година. Поголем број директори од основните и средни училишта кои ТВМ Телевизија успеа да ги контактира информираат дека нивните образовни установи се подготвени без пречки да стартува првиот училишен ден, посебно важен за првачињата кои треба за прв пат да седнат во училишните клупи. Претседателот на СОНК за Охрид не беше доста…

Авг 30, 2019

Во понеделник започнува Втората меѓународна уметничка колонија – „Трпејца 2019“

Под покровителство на Општина Охрид а во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ од 2 до 6 септември во Трпејца ќе се одвива второто издание на Меѓународната уметничка колонија „Трпејца 2019“. Годинава на колонијата ќе учествуваат шест уметници од кои четворица доаѓаат од соседните балкански држави. Во Трпејца заедно со домаќините – уметниците Ѓоко Симјаноски и Свето Стефановски ќе творат и гостите: Дражен Конатар од Бјело Поле, Црна Гора, Јовица Костиќ од Ниш, Србија, Ѓорѓи Андонов од Ќустендил, Бугарија и Петрит Лараку од Поградец, Албанија. Колонија ќе има и едукативен каракт…

Авг 30, 2019

Од први септември пониски цени на паркинзите во Охрид

После големиот број реакции на социјалните мрежи за висината на цената за користење на паркинг просторот во Охрид со кој стопанисува ЈП „Билјанини извори“ од јавното претпријатие со известување до јавноста дека од 1 септември 2019 година (недела) согласно одлуката на Советот на Општина Охрид за давање согласност на одлуката за дополнување на одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг просторот број 08-8433/27 од 10.06.2019 година, цените за користење на паркинг просторот со кој стопанисува претпријатието за 3-те степени на ограничување (3 зони на паркирање) …

Авг 30, 2019

Слаб одзив за вакцинацијата против ХПВ вирусот во Охрид

Штетата која веќе една деценија ја нанесе негативна кампања против ХПВ вакцината, заснована на паушални и нецелосни информации е поправлива, сметаат од центарот за јавно здравје. Потребно е време за едукација на младите мајки во бенефитите кои ги носи оваа вакцина. Задолжителната вакцинација против хуман папилома вирусот продолжува со слабо темпо. Општина Охрид останува заедно со Скопје, еден од градовите каде вакцинацијата против ХПВ вирусот најслабо се спроведува. И покрај тоа што стручните лица речиси една деценија ги убедуваат родителите во исправноста и безбедноста на ХПВ вакцината и …

Авг 29, 2019

Сколиозата е на врвот меѓу заболувањата на рбетниот систем кај основците

Охридските основци и понатака се загрозени од деформитети на рбетниот столб. Сколиоза, кифоза , лордоза и понатака се најчести болести кои го напаѓаат мускулно скелетниот систем кај учениците. Сколиозата е на врвот меѓу најчестите заболувања на рбетниот систем кај основците. Статистичките податоци од охридскиот Центар за јавно здравје споредени за 2013 и 2018 година покажуваат дека од сколиоза најчесто страдаат школските деца, информира д-р Даниела Чинговска, специјалист по социјална медицина и јавно здравје. „ Сколиозата е заболување кое во најголем процент околу 63 ,7 посто во 2013 се ја…

Авг 29, 2019

Згрижувачки семејства во Охрид се бројат на прстите од една рака

Во Охрид и понатака нема интерес за загрижување на деца без родители. Згрижувачки семејства во Охрид кои се одзвале на повиците на Министерството за труд и социјална политика и кои прифатиле деца без родителска грижа се бројат на прстите од една рака , информира Ајтен Мусли директор на Центарот за социјални работи. „ Многу е мал бројот ,има само три семејства. Понекогаш се менува таа бројка , но има наши штитеници во Прилеп, Крушево, Струмица деца без родителска грижа сместени во згрижувачки семејства. Кај нас е многу малку имаат по 2 – 3 деца згрижено, “ напоменува Мусли.   Според програ…

Окт 12, 2021

Георгиески ветува нови инвестиции за партерно уредување, нови инфраструктурни содржини за прошетки и рекреација

„Во текот на престојниот мандат предвидуваме низа нови инвестиции за партерно уредување и формирање на нови инфраструктурни содржини за прошетки и рекреација, кои ќе имаат големо значење и ќе придонесат за туристичкиот развој на Охрид“, истакна на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на Охрид од коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ, Константин Георгиески. Тој најави дека е подготвено идејното решение за изградба на нова пешачка патека од дрвен материјал што ќе се протега од Градското пристаниште до населбата „Канео“, изградена по сите стандарди з…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top