Сеп 11, 2019

Проаква ќе поднесе апликации за два проекти финансирани од ЕИБ

Водоснабдувањето на градот ќе се подобрува со два големи проекти. МЈП Проаква ќе го искорити повикот на министерот за транспорт и врски за аплицирање проекти со кои може да се искористат средствата од Европската инвестициска банка за подобрување на водводната и канализационата мрежа во општините во земјава. Владимир Алексијоски дир. на МЈП Проаква појаснува дека со првиот проект за преземање на водите од Свинишките извори,тежок 5 милиони евра , а изготовен заедно со Градежниот факултет од Скопје, ќе се реши водоснадувањето на селата од поранешната Коселска општина и на градот. „ Со проекто…

Сеп 10, 2019

Се подобрува достапноста до здравствените услуги за ранливата категорија граѓани

Со проeктот Cross4all Општина Охрид ќе ја подобрува достапноста до здравствените услиги за ранливата категорија сограѓани. Целта на овој проект е интегрирање на здравствените услуги за стари лица и деца во медицинските установи. Со проектните активности се олеснува меѓусебната соработка помеѓу здравствените работници и ранливите категории на граѓани, информира Ѓорѓи Трпески соработник во ЛЕР. За да се олесни функционирањето на медицинските тимови се подготвува платформа со база на податоци за здравствената состојба на ранливата категорија граѓани, појаснува Трпески. „ Формирањето на платфо…

Сеп 10, 2019

Инклузија на децата со посебни образовни потреби

20 деца со посебни образовни потреби, распоредени во три паралелки, ја започнаа новата учебна година во ОУ Св. „Климент Охридски“. Во нив има деца со различен спектар на посебност. Има со аутизам, даунов синдром, инвалидност. Со нив работат наставници дефектолози. Од неодамна има и 16 ученици со потешкотии кои се вклучени во редовните паралелки со кои работи инклузивен дефектолог. Со новиот Закон за основно и средно образование донесен неодамна од ресорното Министерството се дадени напатствија како училиштата во кои има вакви ученици во иднина да ги организираат паралелките. Според напатст…

Сеп 10, 2019

Охридскиот актер Стрезо Стаматовски добитник на наградата за најдобра епизодна улога на фестивалот „Гола Месечина“

Стрезо Стаматовски, актер на Народниот театар од Охрид добитник на наградата за најдобра епизодна улога на фестивалот „Гола Месечина“, кој изминатите денови се одржа во Скопје во организација на Театар Комедија. Наградата на Стаматовски му беше врачена на завршната свеченост што се одржа вечерва. -Иако на наградата го пишува моето име, тоа е награда за ансамблот на Охридскиот театар и за техниката која што неуморно работи за претставата. Благодарност до театар Комедија, до колегите од жирито и до публиката која остана воодушевена од изведбата на “Каде е пиштолот” на фестивалот “Гола Месеч…

Окт 13, 2021

Филипче: Од утре ќе се бара согласност од родителите за скрининг

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека од утре ќе почнат да бараат согласност од родителите за спроведување на скринингот во училиштата. Со оглед на тоа што сега е готова методологијата, од утре ќе почнеме да бараме заедно со МОН писмена согласност од родителите согласно методологијата. Јас верувам дека до крајот на оваа, почетокот на следната тоа ќе се обезбеди, за да од следната недела се спроведе скринингот – рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање. Тој апелираше до родителите да го прифатат скринингот, додавајќи дека нема ништо страшно и дека на децата ќе им се…

Сеп 10, 2019

Повторно се расчистува патот до с.Велестово

Во изминатиов период во 3 наврати се изврши расчистување на патот кој води до с.Велестово од расфлан комунален отпад, но повторно истата слика. Расфрлан отпад од најлонски ќеси и хартија на сите свиоци каде што застануваат граѓани и туристи и покрај тоа што се поставени информативни табли за забрана на фрлање на отпад. Денес повторно се расчистува истиот патен правец. Со оваа акција покрај расчисувањето сакаме да влијаеме на несовесните групи граѓани и поединци за подигнување на еколошката свест.

Сеп 10, 2019

Туристичките потенцијали на Охрид и Македонија промовирани на двата најголеми саеми за туризам на далечниот исток

Посетителите на „Мата Саемот“ во Куала Лумпур и „Травел Март“ саемот во Џакарта деновиве имаат можност да се запознаат со турситичките аранжмани кои ги нуди охридската туристичка агенција „Диемси Балканс“. Охрид и Македонија и туристичките потенцијали на регионов, деновиве се промовираат на далечниот исток. На еден од најголемите саеми за туризам кој деновиве се одржува во Малезија, туристичката агенција „Диемси Балканс“ од Охрид дел од светската туристичка елита која на далечниот исток ги преставува туристичките потенцијали на Македонија и Охрид. „Мата Саемот“ се одржува на површина од р…

Сеп 9, 2019

Санација на градското пристаниште од октомври

Охридското пристаниште се распаѓа. Спустот за пловила од ден во ден се` пооштетен. Распаднат бекатон на сите страни, сведочи за  силните бранови и невремиња во изминатиот период. Тоa е грда  слика за бројните туристи, која  укажува на негрижата од страна на надлежните , коментираат граѓаните. Пристаништето е белег на градот, тука посетителите ги хранат и сликаат  прекрасните лебеди и бродовите. Од Капетанијата на пристаништа велат се планира ископување и санација, на двете пристаништа и во градот и во Свети Наум, која се очекува да биде спроведена во ноември. „Од страна на министерството з…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top