Окт 13, 2021

Проф. Д-р Павле Митрески твори неуморно и на прагот од десеттата деценија од животот

Желбата да пишува и твори не го напушта Проф. Д-р Павле Митрески на прагот од десеттата деценија од животот. Неуморно работи на објавување на историски податоци до кои дошол во текот на работниот век во историските архиви во соседните земји. Автор е на 15 дела засновани на историски  факти за Македонија и охридско-струшкиот регион. Многу се обиделе да ги опонираат фактите меѓутоа цврст доказ биле пишаните документи. Едно од неговите најважни животни дела е докажувањето дека светски познатиот научник Михајло Пупин има Македонско потекло. За делата засновани врз историски факти вели : „Пред в…

Сеп 13, 2019

Се нивелираат шахти на неколку охридски улици

По налог на општина Охрид, екипи на ЈП „Нискоградба“, започнаа активности за нивелирање и промена на оштетените капаци од шахтите. Предвидено е во акцијата на Булевар „Туристичка“ да бидат нивелирани 49 шахти, а дополнително ќе се изврши промена на оштетените капаци и нивелација на шахтите на дел од улиците „Јане Сандански“ до „Кеј Македонија“ и од „Кеј Македонија“ до улица „АСНОМ“. Вкупната вредност на овие активности изнесува 1 200 000 денари. Од локалната самоуправа додаваат дека ваквата пракса ќе се применува и во иднина при секоја реконструкција на улиците низ општина Охрид.

Сеп 13, 2019

Концерт на јапонско-хрватскиот уметник Томохиро Адачи во Охрид

Во организација на Националната установа „Охридско лето“, в сабота, на 14 септември, во црквата „Света Софија“ во Охрид, со почеток во 20 часот, концерт ќе одржи јапонско-хрватскиот пијанист Томохиро Адачи. Томохиро Адачи дипломира на Академијата за музичка уметност на Универзитетот во Загреб, Хрватска, во 2007 година. Иако е млад уметник, зад него стои богата интернационална кариера во Европа, Австралија, но и во Источна Азија. Добитник е на многу награди на Интернационалниот музички натпревар „СЕИЛЕР“, на Меѓународниот музички натпревар „Јоханес Брамс“, на Интернационалниот натпревар за …

Сеп 13, 2019

Голем број активности по повод Европската недела на мобилност во Охрид

Под мотото „Пешачи со нас“ и Охрид со бројни низа активности се приклучува кон одбележување на Европската недела на мобилност од 16-ти до 22-ри септември. В понеделник, 16-ти септември, од 10:00 до 11:30 часот ќе биде упатена порака од најмладите „Рака за рака“, со прошетка на деца од предшколска возраст, при што ќе биде затворен за сообраќај дел од улицата „Македонски Просветители“ од пресек со „ Партизанска“ до пресек со „Коста Абраш“. Вторник од 10:30 до 12:00 часот ќе има промоција на проектот кој е во соработка со ЗЕЛС и ГИЗ „Паркинзи за велосипеди“, при што на девет локации во Охрид …

Сеп 13, 2019

Едукација за справување со ризикот од мозочен удар

Здружението за борба против мозочен удар „Мозочен Удар“ како дел од проектот КВАЛИТЕТНО ЗДРАВСТВО „Подобрување на квалитетот и пристапноста на здравствената заштита и социјалните услуги во пограничните региони – Квалитетно Здравство“ на ден 15.09.2019- недела во Центарто за култура „Григор Прличев“ со почеток во 09.00 часот ќе организира јавна активност со цел одредување на ризикот од мозочен удар кај населението во Охрид. Ќе се вршат прегледи на шеќер и холестерол во крвта ЕКГ, крвен притисок . Акцијата ќе започне со кратка едукација на тема справување со ризикот од мозочен удар. Активнос…

Сеп 13, 2019

Одбележување на Светскиот ден на првата помош и крводарителска акција

Црвен крст Охрид како едно од своите приоритетни залагања го има ширењето на знаењата и вештините за укажување на прва помош со цел тие да бидат достапни за сите како хуманитарен акт кој ги овластува луѓето да спасуваат животи и да помогнат во закрепнување од нагло настанати заболувања или повреди. Поседувањето на вештини за укажување на прва помош ги зголемува индивидуалните капацитите на секој човек за преземеање на брза акција за намалување или стабилизирање на сериозни повреди и ги зголемува шансите за преживување на повредениот. И оваа година со посебно внимание се фокусираме на одбел…

Сеп 12, 2019

Петкоска: Проблемите на граѓаните со водоснабдувањето останаа нерешени

Од ОК на ВМРО ДПМНЕ со обвинувања за недомаќинско работење до локалната власт и  директорот на МЈП „Проаква“ – РЕ „Водовод“, Владимир Алексијоски.   Дали е во ред да потрошат преку 100.000 евра пари на граѓаните за да поделат К-15 на вработените додека охриѓани мака мачат со основните потреби за живот? – праша денеска на прес конференција Лидија Петкоска, градски советник  и претседателка на УЖ ОК Охрид.  Парите се потрошија, а проблемите на граѓаните со водоснабдувањето останаа нерешени, кажа Петкоска. „Зошто им го ускративте тоа на жителите на улиците „Абас Емин“, „Бекир Али Риза“ и дел…

Сеп 12, 2019

Усвоен планот за управување со Вевчанските извори

Во Вевчани официјално е усвоен планот за управување со Вевчанските извори кои имаат статус споменик на природата. Проектот „ Подобрување на управувањето со заштитените подрачја “ е финансиран од ЕУ, а спроведен од УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање. Подготовката на проектот трае повеќе од година со буџет од над 65 илјади евра. Во овој период ажуриран е планот за управување што ќе и помогне на општина Вевчани одржливо да управува со заштитеното подрачје, подвлече Сашо Јанкоски градоначалник на Вевчани. „Тоа е голем бенефит за општината. Со тоа Вев…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top