Изминатиот викенд, на подрачјето на СВР Охрид, беа извршени зајакнати акциски контроли во сообраќајот во однос на прекршоци кои ги прават возачи на мотоцикли.
Притоа, било констатирано дека 03 возачи управувале мотор без возачка дозвола (Охрид-01, Струга-01 и Дебар 01), а 17 возачи на мотор не носеле заштитен шлем (Охрид-05, Струга 06, Кичево-03 и Дебар-03. Еден возач во Струга, управувал мотор под дејство на алкохол и бил исклучен од сообраќај.
По овие одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, полициските службеници издале вкупно 14 прекршочни платни налози (Охрид-05,…
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против следниве 11 лица: Д.Р.(42), С.Р.(48), Н.Р(49), Ј.Р.(30), Х.Р.(19), Ш.Р.(22), против 16 годишно лице, сите од струшкото село Октиси, како и против Д.Х.(45), Х.Б.(49), Ш.Х.(28) и Д.Х.(25), сите од селото Велешта.
Пријавениот Б.Х. се товари и за сторено казнено дело „спречување на докажување“. Пријавените, на 17.08.2019 година, се сретнале на бензиска пумпа во селото Велешта при што започнале меѓусебна караница и тепачка. По н…
Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од утре до петок 20 септември ќе биде отворена изложба на дела од роднокрајни автори родени во септември.
Во „Прличевата одаја“ ќе бидат поместени делата од познатите автори: Димче Маленко, Крсте Чачански, Боро Ѓорѓиоски и Милош Линдро кои грижливо се чуваат во Роднокрајното одделение.
Ова е можност повозрасните да се потсетат на нивното творештво а младите можеби за прв пат да се сретнат со нивните дела кои имаат непроценлива вредност во областа на литературата а се и огледало на животот во Охрид во минатото.
Од денес започнуваат отворените денови на Централниот регистар на кои граѓаните ќе имаат можност да се информираат за прашања поврзани со услугите и работата на оваа институција.
Отворените денови ќе траат до 4-ти октомври, а претставници на Централниот регистар ќе ги посетат регионалните канцеларии во Скопје, Охрид, Тетово, Куманово, Битола, Штип, Кочани, Струмица, Велес и Прилеп.
Целта е услугите што ги нуди Централниот регистар да станат подостапни за корисниците и да се отстранат сите административни бариери со кои се соочуваат бизнисмените при водењето на својот бизнис.
„Централниот…
Во континуитет вложуваме средства за развој на спортот, за поддршка на спортските клубови. Се поддржуваат и спортските манифестации и настани за промоција на градот и поттикнување на здравите животни навики и збогатување на туристичката понуда, истакна Георгиески кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата.
Само оваа година од буџетот на општината беа издвоени 27 милиони денари за спорт, од кои 9 милиони денари за ракометниот клуб „Охрид“ кој е прволигаш, 6 милиони денари за Фудбалскиот клуб „Охрид“, 2,7 милиони денари за фудбалскиот клуб „Воска“, а со остатокот од средствата се су…
Екипи на ЈП „Нискоградба“ по налог на Секторот за комунален развој сообраќај и улици при општина Охрид започна акција за отстранување на нефункционални патоказни табли, огради и други видови препреки на тротоарите на целата територија од градов.
Со акцијата е предвидено да се отстранат и стари билборди, оние на кои им е изминат договорот склучен со општината или билборди поставени без дозвола. Наредениве денови ќе се врши и замена на старите со нови автобуски постојки.
При крај се подготовките за започнување на акцијата за уривање на дивоизградени објекти на подрачјето на Општина Охрид, опфатени во регистарот кој беше изготвен според препораките од состанокот на Комитетот за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО.
За поефикасна координација на акцијата зад затворени врати за новинарите викендов се одржа средба на Градоначалнкот Константин Георгиески со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот без ресор Едмонд Адеми и нивните соработници.
Според динамичниот план паралелно ќе се рушат дивоградбите кој што се во т…
Со 102 гласа „за”, и ниту еден глас „воздржан” и „против” пратениците денеска донесоа одлука за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Одлуката од Собранието ќе биде испратена до Советот на јавни обвинители, каде треба да биде одобрена.Со тоа целосно завршува процесот за разрешување на Јанева.
Најверојатно претседателот на Собранието, Талат Џафери уште денеска ќе ја испрати одлуката до Советот ја јавни обвинители.
Во извештајот од Советот на Јавни обвинители беше наведено дека стои дека Јанева работела несовесно и противзаконски, што е причина за нејзиното разрешува…