Заштитата на животната средина не е приоритет во работењето на Локалната самоуправа предводена од градоначалникот Георгиески, обвинуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ. Партискиот портпарол денеска на пресконференција праша дали Регистарот за нелегални градби е доставен со Владата најдоцна до 1 септември.„Дали градоначлникот Георгиески додека брои секунди всушност чека заедно со премиерот Заев да пребројат колку фактури имаат за исплаќање откако во предизборието јавно ветија дека нема да им ги рушат дивоградбите, па ќе почне да руши селективно?“ – кажа Божиновски.Божиновски праша до каде е пренасочув…
На репертоарот на Народниот театар од Охрид, овој петок, 20.09.2019 година ќе биде одиграна ДЕТСКАТА ПРЕТСТАВА – „АЛИСА ВО ЗЕМЈАТА НА ЧУДАТА” од англискиот писател Луис Карол наменета за најмладите.
Режијата е на Ѓорѓи Ризески, додека во претставата играат Адријана Билаловиќ Тодороска, Филип Кипровски, Павел Маслов, Ивица Цонев. Почетокот на претставата е во 19.00 часот, а ВЛЕЗОТ СЛОБОДЕН!
По налог на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици Ј.П.„Охридски Комуналец„ денеска спроведе акција за расчистување на дивата депонија на плажата Лабино лоцирана во делот под карпите.
Поради непристапноста на теренот акцијата се спроведуваше со помош на чамец и беа ангажирани 7 комунални работници.
Подигнатиот отпад со чамец е транспортиран до Грашница, а потоа со специјално комунално возило е соодветно депониран.
Охридските фармери на свињи се едуцирани како да го заштитат својот добиток од болеста африканска свинска чума. Од оваа пролет, од појават на болеста, интензивно посетувале едукативни семинари и добивале стручни совети од матичните ветеринари. Поголемите фарми имаат воведено биосигурносни мерки за да го заштитат добитокот. На влезовите од фармите има поставено дезинфекциони средства, добитокот е вакциниран, а не се дозволува присуство и влез на посетители.На фармерите сега не им е јасно и немаат доволно информации кога и како ќе се врши откупот на свињите како една од најавуваните мерки на …
Г.П. Илинден-Струга известува дека од 12.04.2019 поради изведување на градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с.Подмоље – Струга ќе има времен режим на сообраќајот. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Г.П. Илинден – Струга известува дека од 16.02.2019 (сабота) поради изведување на градежни работи на пат, регионалниот патен правец Р1208 Охрид – Струга, на делот од с. Подмоље до Еврохотел – Струга, ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила до завршување на градежните работи. На самото место ќ…
Со соодветни транспаренти во рака дечињата згрижени во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, продефилираа низ централните градски улици и кејот и се вклучија во одбележувањето на Европската недела на мобилност. Настојувајќи да покажат дека и тие се учесници во сообраќајот кои сакаат да биде многу побезбеден без возила тие ја пренесоа пораката „Рака за рака“.
Во рамки на Европската недела на мобилност што се одбележува од 16 до 22 септември, утре во период од 10:30 до 12 часот ќе биде промовиран проектот „ Паркинзи за велосипеди“. Според предвиденото на девет локации во Охрид ќе бидат поставени паркинзи …
Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Општинa Охрид, организира јавна расправа по Нацрт на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата.
Јавната расправа ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид на 23.02.2022 (среда) со почеток во 12:00 часот.
Во салата ќе бидат почитувани пропишаните КОВИД мерки и ќе биде овозможено присуство на лица кои ќе покажат серитифат за вакцинација со две дози на вакцина или сертификат за прележан COVID 19 не постар од 6 месеца.
Нацрт на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата е …
Деновиве интезивно се изведуваат градежни активности од првата фаза за реконструкција на улицата „АСНОМ“.
Во моментот се работи на отстранување на старите тротоарски површини и рабници.Според проектот за реконструкција предвидено е комплетно асфалтирање на коловозот, нивелирање на шахтите и сливниците и реконструкција на тротоарите.
Вкупната инвестиција за овој проект е 8.807.073,оо денари. Работите ги изведува АД „Илинден“ од Струга под надзор на АД „ЗИМ“ од Скопје.