Окт 14, 2021

Јованоски : Да избереме Совет кој ќе ги става интересите на градот над сите други интереси

Да избереме Совет кој ќе ги става интересите на градот над сите други интереси. Во минатото сведоци сме на изгласани точки кои биле од корист само на поединци. Вистинските одлуки значат просперитет, а погрешните уназадување, порача Науме Јовансоки Чакар, носител на советничката листа од редовите на СДСМ и коалицијата Најдоброто за мојата општина. Гласот за најдобриот градоначалник мора да оди заедно со гласот за најдобрата советничка листа. Не давајте глас за советници кои се подготвени да блокираат. Не им дозволувајте за пуста партиска превласт да го кочат развојот на градот. Затоа, кол…

Окт 2, 2019

КОШАРКАРСКИ ТУРНИР „3 Х 3“

Јавното претпријатие „Билјанини Извори“, под покровителство на општина Охрид, по втор пат го организира турнирот во баскет „3 х 3“. Пријавувањето за учество на турнирот, кој се организира по повод чествувањето на 7 – ми Ноември -Денот на ослободувањето на Охрид, ќе трае до 10. октомври. Како и минатата година сите заинтересирани за пријавување на тим треба да состават своја екипа 3+1 (играч ) и да пополнат апликација за учество во дирекцијата на ЈП „Билјанини Извори“. Натпреварите ќе се играат за време на викендите, а финалето е планирано за 7-ми Ноември.

Окт 2, 2019

Посебни мерки во сообраќајот во Охрид, доаѓа државниот секретар на САД

Министерството за внатрешни работи jа информира jавноста дека во петок (4.10.2019) во Охрид ќе престојува делегација предводена од државниот секретар на САД, Мајк Помпео, Поради тоа, Секторот за внатрешни работи Охрид ќе преземе соодветни активности, особено во делот на одвивањето на сообраќајот. Во таа насока, остварени се контакти со одговорните лица на правните лица одговорни за одржување на патиштата и улиците во градот, со Фондот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид како и со други релевантни субјекти. Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид …

Окт 1, 2019

Македонскиот литературен јазик го снемува

Јазикот е нашата татковина, рекол големиот Блаже Конески. Но, за жал полека ама сигурно стандардниот Македонски литературен јазик го снемува, заменет од некои извитоперени кованици и примеси од странските јазици. Годинава само неколку средношколци се запишале на Филозофскиот факултет во Скопје за да го изучуваат Македонскиот јазик и да можат да ги учат наредните генерации како правилно да говорат и пишуваат. Причини за тоа има многу. Најголем проблем е вработувањето, затоа младите тешко се одлучуваат да студираат на Филозофскиот факултет. Друга причина е непочитувањето на Законите. На приме…

Окт 1, 2019

Со нови методи ќе се следи квалитетот на воздухот во Охрид

Со нови методи ќе се следи квалитетот на воздухот во Охрид. Градот доби седумдесет илјади евра во опрема за поставување на 11 сензори и 15 филтри на јавни и приватни објекти. Тоа се средства од проектот Балкан нет програма од ИПА фондовите на ЕУ, за меѓугранична соработка на 5 земји, Македонија, Албанија, Грција, Бугарија и Кипар. Охрид не спаѓа во критичните градови со енормно аерозагадување и нема мерна станица за квалитетот на воздухот. Со овој проект, сега добива можност да го следи квалитетот на амбиенталниот воздух, вели Дарко Блинков од Државниот инспекторат за животна средина. „ В г…

Окт 1, 2019

ФРОНТ 21/42: Нашата земја не е ни блиску до суштинско посветување на исполнување на препораките од УНЕСКО

Рушењето на дивоизградените платформи на неколку угостителски објекти езерото нема никаква врска со препораката бр. 9 од УНЕСКО за справување со дивоградбите во регионот, туку е еден скромен почеток на основно владеење на правото во областа на урбанизмот во Охрид, велат од невладината ФРОНТ 21/42. Оттаму го поздравуваат како позитивен чекор и се согласуваат со Градоначалникот Георгиески дека „конечно во Охридскиот регион мора да започне да се почитува правото и законот“.  Но додаваат дека, според информациите кои досега се јавно достапни,  исполнувањето на препораката од УНЕСКО, не е започн…

Окт 1, 2019

Општината ќе постапува и на објектите на шеталиштето Кеј Македонија

Општината ќе става ред и на кеј Македонија на објектите кои се наоѓаат вдолж шеталиштето. Голем број објекти ги прекршиле издадените одобренија од општината, вели градоначалникот Константин Георгиески, за ситуацијата и во овој дел од атрактивното крајбрежје. „ Таму состојбата е лоша како и секаде. Станува збор за полулегални објекти. Таму е издадено одобрение за поставување на урбана опрема, а урбана опрема според дозволите кои ги добиле од општина и за кои плаќаат надомест значи некаде настрешница, чадори и маси, а никаде не станува збор за застаклување, физичко затварање, а некаде има ду…

Окт 1, 2019

На 3ти октомври голем народен собир во историското Црвена Вода

Во четврток, 3 октомври, пред Спомен домот, местото и објектот каде, во 1943 година, Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонмија, го објавија Манифестот до македонскиот народ за целите на анти-фашистѕичката војна, ќе се одржи голем народен собир, на кој ќе говори претседателот на Северна Република Македонија и врховен командант, Стево Пендаровски.Во четврток, во 16 часот, голем народен собир во историското Црвена Вода на кој ќе говори претседателот и врховен командант, Стево ПендаровскиОвој ден, исто така, е поврзан со престојот на првата воена мисија на анти-фашистичката коалиција во Втората …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top