Промовиран првиот патнички катамаран на сончев погон во Охрид. Станува збор за брод со електрични мотори , кои се напојуваат од сончевата енергија. Еколошко и безшумно пловно средство, иделано за економичен и безбеден превоз на Охридското езеро. Првите три вакви катамарани на Балканот веќе се ставени во функција на Млетските езера во Хрватска.
„Бродот на иднината подразбира брод кој има нулта емисија на штетни гасови, брод кој се полни преку вклучување во струја на копно, но и преку соларните панели кои се вградени на покривот на бродот, што овозожува голема автономија на бродот …
Ана Стојаноска е тениската спортска надеж на Охрид. Таа нижи успеси на тениските терени и турнири во земјава и надвор. Деновиве се закити со титулата државен првак во тенис во категоријата јуниори. На тениските терени вредно тренира тенис по 2 до 3 часа днeвно. Оваа 12 годишна основка од ОУ Христо Узунов со тенискиот рекет се дружи од својата 4-та година. За трудот кој го вложува во белиот спорт вели дека не и е тешко и дeкa има волја и дава се од себе да победува на турнирите.
„Сакам да се дружам со децата тенисери од Македонија на секој меч. Сконцентрирана сум, со сета моја волја сум ско…
Општина Охрид повторно издвои средства од буџетот за стипендирање на талентирани ученици и студенти од градот, за учебната 2019/2020 година.
Согласно Конкурсот за основци и средношколци за стипендии може да аплицираат талентирани ученициод VII, VIII и IХ одделение од општинските основни училишта, за ученици кои живеат во потешки социјални услови од VI, VII, VIII и IX одделение (предметна настава), за талентирани ученициод I, II, III и IV година во општинските средни училишта, стипендии за ученици кои живеат во потешки материјални услови, од I, II, III и IV година и посебни стипендии за уче…
Деновиве започнаа градежни активности за реконструкција и уредување на просторот кај месноста „Табана“ на улицата „Коста Абраш“ во стариот дел на Охрид.
Овој проект е дел од Годишната програма за уредување на градежно земјиште и истиот предвидува поплочување и партерно уредување. Според планираното, дотраените бехатон плочки ќе бидат заменети со гранитни плочки и гранитни коцки, а ќе биде изведено и соодветно осветлување и хортикултурно уредување.
Проектот е во вредност од 2,7 милиони денари и истиот е финансиран од Центарот за развој на Југозападен плански регион. Градежните работи ги из…
Викендов во Плевен соседна Бугарија се одржа Меѓународен Таеквон-до ИТФ натпревар, дисциплина спаринг само за деца до 14 години,на кој учество зеде и охридскиот Таеквон-до клуб “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид. На овај натпревар настапија со 6 натпреварувачи ,од кои 5 се закитија со медали и тоа 1 златен, 2 сребрени и 2 бронзени. Тренерот и претседателот на клубот Марјанчо Лазаревски вели дека е презадоволен од настапот на неговите натпреварувачи. Додава дека Бугарија има една од најјаките федерации во светот и затоа на нивните натпревари се радуваме посебно на секој медал.Инаку конкуренцијата…
Нашата визија е Охрид да стане функционално, ефикасно и модерно место за живеење во секој еден негов дел. За таа цел гарантираме проекти за сите, Билјана Тодева-Стојановска, кандидат за член на Советот на Општина Охрид на листата од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ од коалициониот партнер Социјалистичка партија на Македонија.
Во населбите Билјанини Извори, Даме Груев, Горна Влашка маала и Железничка: Изградба на детски игралишта. Во населбите Видобишта, Бараки и во Илинден: Изградба на ново мултифункционално спортско игралиште; Промена на азбестни водоводни цевки со нови н…
Охридската болница е подготвена за надградбата на Националната платформа Мој термин со која задолжително мамографските слики ќе бидат независно анализирани од двајца радиолози, како што најави мианеистрот за здрвство Венко Филипче. Болницата има 3 специјалисти радиолози, информира Славица Малеска директор на оваа здравствена установа. Во болницата неколку години функционира мамограф и има тим на доктори кои се грижат за редовните мамографските прегледи на жените од регионот. Статитиката на охридскиот Центар за јавно здравје покажува дека во 2018 амбулантски биле лекувани 253 жени и 5 мажи, …
На денешната прес конференција на општинскиот комитет од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, серија обвинувања до СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески во врска грижата за децата и младите.
„Премногу ветени спортски и детски игралишта насекаде низ целиот град и руралните средини, но за жал ниту едно изградено или реконструирано. Сликата којашто може да се види на ова детско игралиште позади нас, но и на сите други детски и спортски игралишта е дека тие се во катастрофална состојба“.
„Кога планирате да ги направите ветуваните детски игралишта во Центар, Долна Влашка маала и 15 Корпус?Децата и млад…