Синоќа во Охрид свечено беше отворен меѓународниот Младински турнир во шах „ЛАСКЕР 2019“ на кој учествуваат шахисти од Албанија, Бугарија, Србија и Северна Македонија.
Турнирот за отворен го прогласи советникот од Советот на Општина Охрид, Мишел Силјаноски.
-Огромно е задоволството да се присуствува на отворањето на четвртиот меѓународен Младински турнир во шах „ЛАСКЕР 2019“ на кој учествуваат млади шахисти од Албанија, Бугарија, Србија и Македонија.Велат дека умствените активности се „најдобра храна“ за психичкиот развој на младите, а токму шахот е спорт којшто го овозможува тоа.Поставув…
Врз oснова на Јавниот Повик за прибирање на идејни решенија за уредување на плажите на Охридското Езеро кој беше објавен на 30.08.2021 година, до Општина Охрид пристигнаа две идејни решенија согласно условите на повикот.
Право на учество на повикот имаа сите физички и правни лица, регистрирани за вршење на дејност поврзана со предметот на повикот. Целта на повикот беше вклучување на стручната јавност и граѓаните во процесот на утврдување на активностите и дејствијата за уредување на плажите на крајбрежјето согласно препораките и насоките од Планот за управување со светското природно и ку…
Градоначалникот Константин Георгиески, денес, оствари средба со учесниците и организатори на работилницата за лица на високи позиции, меѓу кои беа Емил Шипочки и Иван Хостинк од канцеларијата за врски на НАТО со Република Северна Македониа, проф. д-р Неџад Корајлиќ, декан на Факултетот за криминалистика, криминологија и сигурносни студии во Сараево, Босна и Херцеговина и проф. д-р Михајло Дојчиноски од воената академија „Генерал Михајло Апостолски“. Работилницата е посветена на хибридните закани во Југоисточна Европа.
На средбата беа дискутирани темите кои се опфатени со работилницата кои …
„Подобро е да има концесионер кој ќе воведе ред. Инспекторите ќе имаат контрола. Ќе излезат на терен ќе направат увид. Од информациите кои ги имаме некои мрежи се запленети и инспекторите ќе имаат кого да повикаат. Кога немавме концесионер имаваме полоша состојба. Никој не стопанисуваше и рибокрадството имаше послободен простор. Сега знаеме каде да интервенираме, кого да пријавиме. Од Институтот Хидробиолошлошки подготвуваат програма за порибување. Ако немаше концесија не можевме да имаме порибување“ ,кажа министерот Трајан Димковски.
Интензивно се гради домот за стари лица кај Грашница. Општината оваа парцела со вкупна површина од 8.425 метри квадратни уште пред четири години му ја продаде на АД Илинден- Струга. Оваа градежна фирма пак, склучи договор со две други фирми од кои едната е задолжена за изградбата на комплексот, а другата за внатрешното уредување. Стапивме во контакт со сопственикот на една од фирмите со цел да дознаеме до каде се работите на терен. Ни беше кажано дека интензивно се работи но рано е да се обелоденуваат детали. Дознаваме дека не оди се така подмачкано. Градежните фирми имале проблем околу и…
Овојпат наш партнер е тимот на Oriflame со кого на 11 и 12 октомври, на градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“, Охрид, во периодот од 11 до 16 ч. Ве покануваме на дружење и забава, зачинета со хуманост.
Додека волонтерите на Црвен крст Охрид ќе ве забавуваат промовирајќи дел од своите програми, тимот на Oriflame за сите заинтересирани, по симболична цена од само 100 денари, ќе врши тестирање и целосна, професионална анализа на кожата со Апи апарат како и третман на лице со соодветна NOVAGE колекција.
Искористете ја оваа можност за анализа на својата кожа на чувствителност, брчки, акни, м…
За развој на земјоделието во земјите од регинов потребна е меѓусебна соработка и следење на европските примери. Само преку брзо прилагодување и користење на средствата од европските Ипард фондови земјоделието ќе го зголеми учеството во вкупниот домашен производ и ќе биде конкурентно на глобалниот пазар, порача ресорниот министер Трајан Димковски од форумот на тема “Одржливо земјоделие и руралниот развој за забрзување на ЕУ интеграцијата на земјите од Западен Балкан”.
„Пораката до земјоделците во регионот е за да бидеме конкурентни на големиот европски пазар на прво место ќе бидат потребни …
„Со ширењето на Вашите лажни обвинувања ни давате можност да ја запознаеме целата јавност, каде се реконструирани детски игралишта на територијата на Општина Охрид.“
„Ние работиме посветено и не се фалиме со соопштенија за извршените реконструкции и санации бидејќи тоа е обврска на секоја одговорна власт и секое одговорно раководство.“
„Во текот на 2019 година извршени се санации и реконструкции на детски игралишта во населбите: „Воска“, „Даљан“, „Гоце Делчев“ и „Христо Узунов“, во селото Пештани, на улицата „Јане Сандански“, кај мостот „Студенчишта“, на пешачката патека кон „Парк“, како …