СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.К.(38) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
При претрес извршен во неговиот дом, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана – информираат од СВР Охрид.
Вечерашниот натпревар помеѓу РК „Охрид“ и РК „Бутел“ ќе има и хуманитарен карактер. Сите средства собрани од продажбата на влезниците за натпреварот ќе бидат донирани за охриѓанката Јана Арсовска.Дополнително во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе бидат поставени и кутии за донации од охридскиот Црвен крст. Влезниците за натпреварот може да се набават на билетарницата во СРЦ „Билјанини Извори“ која ќе биде отворена од 12 часот и ќе работи до почетокот на натпреварот во 19 часот.Сите тимски и сплотени да помогнеме за ЈАНА!
Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата веќе пола година не функционира. Уште во месец Мај заврши мандатот на претседателот на совет и на неговите членови, а од тогаш до сега не е конституиран нов. Овој Совет кој е во рамките на Локалната самоуправа има за цел унапредување на безбедноста на сообраќајот во Охрид, едукација на целните групи за почитување на сообраќајните правила и прописи и подобрување на сообраќајната инфраструктура во градот. Затоа многу е важно тој како тело и понатаму да постои.
Сигурно ќе има нов совет и нови членови бидејќи својот легитимитет го црп…
Електро машинскиот училишен центар Св. Наум Охридски ќе добие современа спортска сала. Во внатрешноста се местат спортските реквизити. Од идната недела се очекува да се направи технички прием на објектот по завршување на приклучоците на градската комунална инфраструктура, информира Сашо Недески, директор на ЕМУЦ Св. Наум Охридски. Салата е со површина од 650 метри квадратни со што ученициите добиваат одлични услови за изведување на наставата по спорт.
„Не само за учениците туку и за околината ќе може да ја користат сите од градот за рекреативни спортски цели по завршување на часовите. Знач…
Ракометарите на Охрид во шестата рунда од Супер лигата го пречекуваат Бутел од Скопје. РК Охрид во пресрет на дуелот бележи четири победи во серија додека пак ракометарите на Бутел доаѓаат после пораз и елиминација од Купот на ЕХФ. Гладијаторите утрешното дерби на колото го најавуваат како тежок но досега најинтересен натпревар. Велат дека приоритетна ќе им биде одбраната.
„ Јас и Никола се подготвуваме на најдобар можен начин. Анализиравме видео снимки и се што треба. Се надеваме дека ќе одговориме на најдобар можен начин . Оваа година појака е одбраната што е од голема помош за голм…
Паркот пред хотелот „Инекс Олгица“ во месноста Горица 2, остана без седум повеќегодишни стебла. Минувачите и вљубениците на природата викендов беа непријатно изненадени. Прашуваат зошто дрвата се исечени, коментирајќи дека тие се најголемото обележје на овој дел од градот. Од хотелот информираат дека се работи за превентивна сеча од безбедносни причини на четири кедери и три бора, кај коишто е настанато сушење од врвот на дрвото, што било констатирано од надлежниот инспекторат и комисија при локалната самоуправа. Од хотелот „Инекс Олгица“ појаснуваат дека се исечени само дрвјата кои соодвет…
Слој асфалт наскоро ќе биде поставен на тротоарот на Булевар Туристичка во населбата Лескајца, ветуваат од Фондот за комунален развој. Овој дел од улицата за пешаците е проблематичен подолг период. Оние кои секојдневно минуваат на Булевар Туристичка на пресекот на улица Стив Наумов неасфалтираниот дел од тротоарот во должина од околу 50-тина метри го оневозможува нормалното движење по зоната предвидена за пешаци. Родителите посебено стравуваат за безбедноста на учениците кои посетуваат настава во основното училиште Братство Единство. Тие честопати се принудени тој дел од улицата да го помин…
Охридската модна дизјанерка Есма Ќазим својата уметничка енергија ја трансформира во модни креации. Среќна сум што создавам модели, а посебно задоволство ми се креациите со вез врз кои оставам свој белег каде што можам да ги истакнам и да почуствувам дека тоа сум јас Есма, вели со насмевка оваа млада дизјанерка. Есма потекнува од семејство каде што неколку генерации негувале занаетчиска уметност, почнувајќи од нејзината баба која била позната моделарка, мајка и која везела, дедо и работел бакарни производи, а татко и изработува филигрански накит. Љубовта кон занаетчиството, надополнета со …