Да се отстрани базната станица на мобилниот оператор Телеком од над главите на нашите деца и семејства. Ова е барањето кое го упатија жителите на населбата „Христо Узунов“ преку мирен протест. За отстранување на базната станица која е во фаза на поставуваење на еден од покривите на станбена зграда во населбата во тек е собирање потписи. Петицијата за краток рок од неколку денови ја потпишале над 900 лица. Од Иницијативниот одбор сметаат дека таа бројка ќе расте затоа што во населбата околу базната станица гравитираат повеќе од 20 станбени згради со неколку илјади жители. „Сериозно сме заг…
Еден од најуспешните македонски играни филмови „Исцелител“ ќе се прикаже во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид на 25-ти и 26-ти октомври во 20.00 часот, влез 100 денари.
„Исцелител“ од својата премиера досега, се прикажуваше на 60 светски филмски фестивали. Филмот освои 19 меѓународни награди, меѓу кои 8 беа за најдобар филм. „Исцелител“ е прв македонски филм добитник на награда на филмскиот фестивал во Солун во 58 годишното постоење на фестивалот. Тој е добитник и на наградите за најдобар филм во Санта Барбара, САД; Бергамо Филм Митинг, Италија; Филмскиот фестивал во Обањ, Фран…
Голем интерес пројавија охриѓани за начинот на аплицирање и користење на средствата од Ипард програмата. Тие се едуцираа на инфо денот кој се одржа во Охрид во организација на Телото за управување со ИПАРД фондовите од ресорното министерство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Главниот фокус беше ставен на мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“. Повикот за оваа мерка беше објавен на 4. октомври и ќе трае до 18. ноември 2019 година.
„Корисници на оваа мерка може да се правни и физички лица. Физичките лица треба да се регистрирани во угос…
Целта на овој проект ќе биде едукација на младите поколенија за тоа какво богатство низ флората и фауната поседува Охридското Езеро.
Со овој проект, сите ние како жители на овој регион ќе придонесеме за негова заштита и зачувување на езерото, како на идните генерации би оставиле еден природен и недопрен биорезерват со ендемични врсти на флора и фауна и секако ќе претставува нова туристичка понуда.
Нa денешното издание на седницата на советот ќе се дискутира по три точки поврзани со поделбата на МЈП „Проаква“. Советниците ќе треба да се произнесат по предлог одлуката за давање согласност на одлуката за поделба на МЈП „Проаква” Струга со раздвојување со основање и раздвојување со превземање.
Пред советниците ќе се најде предлог-одлуката за давање согласност на одлуката за усвојување на планот за поделба на МЈП „Проаква“ – Струга и склучување на спогодба за присоединување кон ЈП Колекторски систем Скопје преку комбинирана поделба- раздвојување со основање и раздвојување со превземање, …
По повод „18 Октомври – Европски ден на борба против трговија со луѓе“ Црвен крст Охрид на 18.10.2019 (петок) од 12 часот на Градскиот плоштад во Охрид ќе организира јавен настан на кој волонтерите на Црвен крст Охрид ќе изведат реален приказ за тоа што може да се случи на лице кое може да биде дел од трговијата со луѓе.
Целта на настанот е да се подикне нивото на свест во јавноста за опасностите и ризиците кои ги носи проблемот на трговија со луѓе.
„Додека јас и кандидатите за советници од коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ секојдневно пред вас ја презентираме програмата со најдобрите проекти за Охрид, од спротивната страна имавме можност да слушнеме само паушални ветувања, копирани идеи и најави за проекти кои се веќе во поодмината фаза на реализација“. – истакна на денешната прес конференција кандидадот за Градоначалник на Охрид од СДСМ и Коалицијата. „Од нив не слушнавме ништо ново, ништо поразлично“ – вели тој, само безидејност и празни зборови.
Презентираат дека во нивната програма имале проект за Изградба на катна гар…
Започнаа работни активности за промена на покривната конструкција во ОУ „Христо Узунов“. За оваа намена во Годишната програма за образование на Општина Охрид се предвидени 4.109.512 денари.
Во рамки на планираните активности, постоечките азбестни табли, со кои беше пoкриено училишто ќе бидат заменети со 3.348 метри квадратни лимен покривач.
Исто така во тек е и промена на покривната конструкција на училишниот објект на ОУ „Братство Единство“ во населбата Лескајца и промена на покривната конструкција на подрачниот училишен објекти на ОУ „Свети Наум Охридски“ во селото Елшани. И овие два уч…