Окт 30, 2019

СОУ „СВ.НАУМ ОХРИДСКИ“ ДОБИ НОВА УЧИЛИШНА СПОРТСКА САЛА

Нова училишна спортска сала опремена по највисоки стандарди доби СОУ „Св. Наум Охридски„ од Охрид. Проектот е на Министерството за образование и наука и општина Охрид. Салата е комплетно опремена со кошеви, два помошни коша, ракометни голови, голови за мал фудбал, мрежа за одбојка и гимнастички реквизити.Во рамки на проектот изградени се две канцеларии за наставници со засебни санитарни јазли со туш кабини. Изградени се и две простории за чување на спортските реквизити и две соблекувални за ученици со санитарни јазли, опремени со туш кабини. Изградбата и опремувањето на училишната спортск…

Окт 30, 2019

Македонија ќе добие хеликоптерски итен медицински систем

Владата на Република Северна Македонија ја усвои информацијата за спроведената постапка за избор на најповолна понуда за воспоставување Јавно приватно партнерство (ЈПП) за формирање современа организација-платформа како ефикасен носител на хеликоптерскиот итен медицински систем во Република Северна Македонија (ХЕМС) и хеликоптерските услуги за пребарување и спасување (САР) и ја прифати Предлог-Одлуката за избор на приватен партнер за оваа дејност со САРХЕМС ДООЕЛ Скопје, компанијата која ги задоволи условите на јавниот повик. Најдоцна за шест месеци по потпишување на договорот за јавно-при…

Окт 30, 2019

Нов предлог закон за дополнително да се финансира проектот за изградба на Автопат – делница Кичево – Охрид

Владата на РСМ на редовната 161 седница, го утврди новиот Предлог на Закон за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за изградба на Автопат – делница Кичево – Охрид кој ќе се склучи меѓу Експорт – импорт банката на Кина и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка и донесе заклучок тој да биде доставен до Собранието на Република Северна Македонија согласно член 170 од Деловникот на Собранието. Целта на Предлогот на Закон за гаранција е да се повлечат неопходните средства за да се заврши автопатс…

Окт 30, 2019

Ученичката Софија Алачкоска-прва на општинскиот натпревар „Млади библиотекари“

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид денеска на пригодна свеченост жирито ги соопшти резултатите од неодамна одржаниот Општински натпревар „Млади библиотекари”. Првото место во силна конкуренција од уште 18 ученици од основните училишта, го освои деветтоодделенката Софија Алачкоска под менторство на наставничката Фила Веровска – Стојковска. Ментори на останатите ученици–натпреварувачи беа: Валентина Рубаноска,Мери Крстеска, Санта Миткова, Наташа Митреска и Ана Пупиноска–Стојкоска. НУ Библиотека „Григор Прличев“ сите учесници и ментори ги награди со благодарници и одбрани книги. Софиј…

Окт 30, 2019

Неколкучасовен прекин на сообраќајот на патниот правец Кичево – Охрид поради минирање

Поради изведување градежни работи, денес во периодот од 11:00 до 15:00 часот на патниот правец Кичево-Охрид ќе има прекин во сообраќајот. На магистралниот пат А2 Кичево – Охрид на потегот од Пресека до село Врбјани ќе се врши минирање, поради што сообраќајот ќе биде во прекин 10 до 15 минути.

Окт 15, 2021

20-годишен охриѓанец поседувал марихуана за продажба

На 14-ти октомври 2021 година, во СВР Охрид бил приведен 20-годишниот К.Ч. од Охрид, кај кого, при извршен преглед во охридското село Велгошти, пронајдена и одземена е опојна дрога марихуана, наменета за натамошна продажба. Против него, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Окт 29, 2019

„Охрид трчаТ“ учествуваше на маратонот во Љубљана

Најмладите се забавуваа на трката од 3 километри, а вистински предизвик за охриѓани и екипата беше полумаратонот од 21 километар. За потсетување, „Охрид трчаТ“ од следната година ќе биде побогат со полумаратон (21 километар) кој на уште едно ниво ќе ја подигне спортската манифестација број еден во Македонија. Круна на успешната презентација и настап на „Охрид трчаТ“ на Маратонот во Љубљана беше приемот во Амбасадата на нашата земја во Словенија. Експедицијата од Охрид трчаТ разговараше со амбасадорката Сузана Зеленковска која изрази голема благодарност за учеството под македонската знаме …

Окт 28, 2019

Доцнат изработките на Урбанистичките планови за населените места

Зоран Ногачески и Сашо Јанкоски, градоначалниците на Дебрца и Вевчани, споделуваат дека без урбанистичко планирање не е возможно планирање на економски развој на нивните општини. Користењето на сите средства било да се од Ипард програмите или од странски донатори паѓаат во вода без урбанистички планови, велат Градоначалниците. Во овие две рурални општини доцнат изработките на Урбанистичките планови за населените места и најчесто се заглавени во бирократските лавиринти.                 „Како забелешка да ставам дека постапките за носење на Урбанистички планови се долготрајни , има…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top