НУ Завод и музеј обезбеди средства од ресорното министерство за реконструкција на 5 приватни објекти во Охрид. Станува збор за заштита на семејните куќи на Ленче Петанова на ул.Димитар Влахов, Томислав Стефоски на ул. Гоце Делчев, Славко Патчев на ул. Цар Самоил, Стевче Талев на ул 11 Октомври и куќата на Момирови во сопственост на Завод и Музеј на ул. Илинденска. Со тоа продoложува институционалната грижа во заштитата на приватните објекти кои со својата архитектура се дел од значајното културно наследство , информира Даниела Недељковиќ, в.д. дир на Завод за заштита на спомениците и Музеј …
Учесниците на партнерскиот проект „Чиста природа- долг живот“ кој го имплементира ОУ „Ванчо Николески“ од с. Лескоец, денеска имаа средба со заменик- градоначалникот Ристо Николески.
На средбата на која учествуваа претставници на партнерите од Велика Британија, Португалија, Романија и Турција, координаторката Елисабета Настоска, наставник по англиски јазик во ОУ „Ванчо Николески“ објасни дека се работи за проект кој ќе трае две години, а целта е со разни активности со земјите партнери да се разменат искуства од областа на заштитата на животната средина.
Основното училиште „Ванчо Николески…
Во текот на последните 24 часа се направени 3.025 тестирања, при што се регистрирани 413 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.
По градови:
• Скопје 205• Куманово 37• Велес 20• Прилеп 19• Битола 15• Штип 14• Кавадарци 12• Пробиштип 9• Тетово, Охрид и Гевгелија по 8• Кичево и Кочани по 7• Струмица 6• Свети Николе, Крива Паланка и Делчево по 5• Македонска Каменица 4• Струга, Неготино, Радовиш и Кратово по 3• Богданци и Демир Хисар по 2• Гостивар, Берово и Пехчево по 1
Во текот на изминатите 24 часа починале 9 лица: 4 починати лица од …
Министерството за животна средина и просторно организира Јавна расправа за Нацрт-планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019-2028г. Ќе биде разгледан и Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на животната средина за планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019-2028г.
Јавни расправи ќе се одржат во Клубот на пратеници во Скопје на 11 ноември, со почеток во 12 часот. Во Охрид и Струга настанот ќе се одржи на 12 ноември во НУЦК “Григор Прличев“ со почеток во 12 часот и во салата на Советот на Општина Струга во 15 ч…
Со цел повторно оживување на Студенчишко блато, компанијата Тетрактис изработи Aрхитектонско-урбанистичка анализа во функција на ревитализација на Студенчишко блато, преку восооставување на одржлив економски модел. Предмет и цел на oвoј прoект претставува ревитализацијата на Студенчишкo блатo, овозможување на негово природно функционирање заедно со воспоставување на одржлив економски модел на содржини кои се насочени кон развој на локалитетот.
Студенчишко Блато е едно од ретките природни блата на територијата на Р.Македонија кое е валоризирано како “споменик на природата”, но моментално е …
Пријавувањето за учество на четвртото издание на Охрид трчаТ може да се направи исклучиво онлајн, на страната ohridtrcat.mk. Четвртото издание од претходните три на Охрид трчаТ ќе se разликува по новата и побогата програма.
Во склоп на настанот вметната е делницата од 21 километар или полумаратон, што ќе претставува дополнителен предизвик за охриѓани и останатите учесници од нашата земја и странство.
На програмата останува рекреативната пет километарска трка која е дел од главниот настан, како и Детската, Училишната и Ноќната трка. Експото на кое се подигнуваат стартните пакети ќе трае дв…
Општина Дебрца и Здружението за екологија и туризам “Екотуризам 2016” Охрид, потпишаа договорот за донација, со кој на општина Дебрца на трајно владение и се предадени туристичка инфраструктура и промотивни материјали за Белчишкото Блато „Сини Вирој” и тоа:
-објект: “Набљудувачница”, поставен во м.в. “Ветерник”,-два објекти: “Видиковец” ,поставени во м.в.”Воденичиште” и м.в.”Сини Вирој”,-пет објекти: “Информативен знак”, поставени во м.в.”Ветерник”, м.в.”Чавлиева Краста”, м.в.”село” , Белчишта ( два ) и м.в.”село”, Ново Село,-објект: “Брендирана автобуска постојка” со едукативни постери за…
Од почетокот на наредната година во Охрид ќе почнат со работа два центри за Рехабилитација, Едукација и Сензорна интеграција наменети за ран третман на деца со Аутизам АДХД и Аспергеров синдром. Едниот центар кој ќе биде сместен во просторија на педијатриското одделение во Општата болницаќе биде наменет за деца на возраст од 2 до 8 години, а другиот ќе се наоѓа во Специјална Болница за Ортопедија и Трауматологија Св. Еразмо и ќе биде наменет за повозрасни лица и тоа со различни видови на попреченост.
„ Ќе бидат ангажирани стручни лица, дипломирани дефектолози, логопеди. Иако имаме дефицит …