Составот на ракометниот клуб „Пролет“ противник во викенд натпреварот за охридските гладијатори. Тие во СРЦ „Билјанини извори“ во недела во 17 часот на домашен терен ќе се соочат со единствениот противник кој успеа да ги победи во досегашниот дел од сезоната.
„Како што знаете „Пролет“ е традиционално многу незгоден ривал и само тој успеа да не победи во досегашниот дел од сезоната. Им должиме за тој пораз и за ланската елиминиција во трката за плејофот и секако не смееме да им ги упропастиме јубијелот и роденденот на навивачката група „Рибари“ кои во недела слават 30 години од своето форми…
Во врска со претстојната трилатерална средба на претседателите на Македонија, Србија и Албанија, што викендов ќе се одржи во Охрид, Секторот за внатрешни работи од Охрид, презема соодветни безбедносни мерки.
„Активностите се насочени кон сообраќајно и физичко обезбедување на сообраќајниците за што, остварени се контакти со сите правни субјекти одговорни за одржување на патиштата и улиците во градот, со Фондот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, со Јавните претпријатија како и со други релевантни субјекти. Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид …
На 15-ти октомври 2021 година, во периодот од 15:00 до 19:00 часот, при извршена сообраќајна контрола, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, регистрираа и санкционираа 9 возачи на моторни возила кои извршиле пречекорување на дозволената брзина на движење.
Од нив, 3 возачи ја надминале дозволената брзина надвор од населено место, а 6 возеле побрзо од дозволената брзина во населено место). Викендов, сообраќајните контроли ќе бидат интензивирани, а целта е подобрување на сообраќајната безбедност и доследно почитување на сообраќајната хоризон…
Изминативе неколку недели па се до крајот на 2019 година, се реализираат неколку клучни градежни порективо оваа рурална опоштина кои пред се се наменети за водоснабудвање на жителите од неколку селски средини.
Официјално започна изградбата на доводен цевковод за водоснабдување на селото Слатински Чифлик, единственото село во Дебрца кое нема водоснабдителен систем.
Проектот предвидува изградба на доводен цевковод од село Издеглавје до село Слатински Чифлик, во должина од 2586,60 метри, при што ќе бидат поставени полиетиленски водоводни цевки, PE 100 од 10 bari со DN 90, а ќе бидат изграден…
Oпштина Охрид набави четири нови возила за потребите на јавните претпријатија „Охридски комуналец“ и „Нискоградба“. Преку грант на Светска банка набавени се едно специјално возило камион со инсталирана надградба кипер, едно специјално товарно возило камион со дупла кабина, една комбинирана машина ровокопач-утоварувач и една машина ровокопач, мини багер хидрауличен на гасеници. Возилата денес официјално беа предадени на јавните претпријатија во присуство на Градоначалникот Константин Георгиески.„Со ова, а и со предходната модернизација на јавните претпријатија која ја извршивме минатата годи…
Мачна слика на градскиот плоштад од агонијата во која се најдоа две бездомни затруени кучиња. Засега непознат сторител се обидел масовно да ги отруе напуштените кучиња во градскиот парк. Овој нецивилизиран чин, кој наиде на остра осуда од охриѓани, заврши со едно пцовисано куче, а за две, ветеринарот кој дојде на повик на Здружението за заштита на животните „ Анималија“, се бореше да им ги спаси животите. Климент Арнаудов, активист од Анималија, стравува дека бројот на затруени кучиња може да биде поголем.
„ Може има и други отрови расфрлани на околу. На терен сме и пребаруваме. Ова е крај…
Охрид го одбележа 7 ми Ноември Денот на ослободувањето. Со полагање на 75 рози за 75 години слободен живот градот им одаде почит на сите борци кои дале придонес во стекнување на слободата од фашистичкиот окупатор. Во организација на Општина Охрид и ОО Сојузот на Борци се одржаа бројни свечености. Се одржа и свечена академија на која се обрати градоначалникот Константин Георгиески.
Денес, се потсетуваме на пожртвуваноста на борците кои пред 75 години ги вградија своите животи за слободата на Охрид, рече меѓу другото во обраќањето Георгиески.
„Историјата забележала многу датуми, но само …
Вечерва со почеток од 20:00 часот во кафѐ и бар “Шила“ ќе се оддржи деветото издание на „Имам нешто да ти кажам“- поетско читање од аматери-вљубеници во пишанот збор.
Ќе се чита авторска поезија и поезија од познати домашни и светски автори. Повикот за учесници е отворен. Може да чита секој што има своја поезија, и желба за читање.
“Овојпат го подзачинуваме шоуто со тоа што, со предлози од публика и рандом теми извлечени од „шеширот“, поетите ќе треба да создадат песна на лице место од моменталната инспирација, оној што ќе добие најмногу аплауз, добива и пијалок по сопствен избор“ – вели …