Комисијата за заразни болести од денес во нов состав и со неа ќе раководи професорот и директор на Институтот за имунологија професор д-р Александар Петличковски, објави министерот за здравство, Беким Сали. Досегашниот претседател епидемиологот д-р Жарко Караџовски останува во нејзиниот состав, додека Д-р Злате Мехмедовиќ од Здравствен дом, Скопје е поставен за нов портпарол на Комисијата. Во новиот состав се и охриѓанката Др.Марија Димзова, специјалист инфектолог, која ќе биде научен соработник и Милена Стевановиќ од Инфективна клиника, Фадил Цана од Инфективна клиника и Виктор Исјановски …
Денеска, градоначалникот Кирил Пецаков, оствари средба со претставници на „Охрид СОС“. Целта на средбата беше во насока на воспоставување подобра комуникација која ќе резултира со идеи и проекти кои ќе бидат во интерес на градот.
На средбата градоначалникот ги информираше за тековните проекти што се реализираат, како и за идните проекти и за активностите кои се преземаат за заштита на животната средина во текот на нивната реализација. Дискутирани беа повеќе идеи и предлози кои претставниците на „Охрид СОС“ ги презентираа.
Заеднички беше констатирано дека ваквите средби треба да станат п…
Градоначалникот Кирил Пецаков денес оствари протоколарна средба со Генералниот конзул на Косово Агим Красниќи. На средбата Пецаков беше запознаен со работата на конзулатот кој е со седиште во Струга. Красниќи му го честиташе изборот на Пецаков за градоначалник и изрази уверување дека во иднина двете институции ќе бидат отворени за соработка.
Генералниот конзулат официјално започнал со работа во септември 2020 година и го покрива југозападниот дел на Македонија.
На 09.12.2021 година во 21:45 часот во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со агресивно однесување и закани со остар предмет, извршено од И.Ц. (46) од Виница, врз неговата поранешна сопруга.
Против него, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Министерството за транспорт и врски и Капетанијата на пристаништа ќе направат законски измени и ќе излезат во пресрет на барањата на бродарите во Охрид за да се овозможи полагање за професионалниот сертификат за пловење да се врши во земјава според нашите законски прописи.
Доколку постојат законски можности, преку разговори со локалната самоуправа, пристаништето ќе се врати под управување на централната власт за да може полесно да се вршат инвестициски зафати и да се овозможи безбеден сообраќај на бродовите.
Ова беше договорено на денешната средба која во Охрид се оддржа меѓу министерот…
Според неофицијални информации, Комисијата за заштита од заразни болести ќе има нов претседател на местото на досегашниот претседател Жарко Караџовски.
На местото претседател на комисијата се споменува името на доктор Александар Петличковски, додека докторот Злате Мехмедовиќ ќе биде нов портпарол на оваа комисија, а дел од комисијата неофицијално треба да биде и докторот Нико Беќаровски.
За подоцна е најавена прес конференција на министерот за здравство Беким Сали, кој ќе треба да ги образложи причините за смената на претседателот.
Охридската Локална самоуправа и надлежните институци одржаа состанок и договорија мерки за одржување на проодност на патиштата во зимски услови. Општинските служби, СВР Охрид, надлежните јавни претпријатија, Центарот за управување со кризи, инспекциските служби на територија на општина Охрид координирано ќе работат за елиминирање на забележаните проблеми на сите локални, регионални и магистрални патишта. Со заедничка соработка ќе делуваат да нема застој и несреќи во сообраќајот, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Задолжени се лица за меѓусебен контакт за комуникација и…
На 31.01.2022 во 19.55 часот на булеварот „Туристичка” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Ј.Д.(28) од Охрид затоа што кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.