Ивана Петреска и Сезар Сади се охридски средношколци кои велат дека нивната генерација многу малку е медуимски писмена. Обајцата велат дека во мноштвото информации кои им се достапни имаат проблем да ја утврдат нивната точност. Ивана и Сезар се дел од проектот насловен „Гледај, читај, слушај и мисли со своја глава – едукација за медиумска писменост“ кој има за цел да ја крене свеста кај заедницата како да се препознаваат лажните вести во медумите и на социјалните мрежи.
„Проектот го видов на социјаните мрежи и се заинтересирав да научам нешто повеќе за лажните вести, за медуимската писмено…
Денес во Охрид се одржа четвртата работилница на здружениеto на судии на Република Северна Mакедонија, на која покрај македонските судии учество зедоа и голем број претставници од меѓународната заедница. Непристрасноста на судиите е главната гаранција дека граѓаните ќе бидат третирани фер и еднакво пред законот, дека слабите ќе бидат заштитени од богатите и моќните, дека основните демократски правила ќе бидат почитувани, дека институциите и јавните службеници ќе им служат на граѓаните, истакна Дајана Палеквин – политички офицер во амбасадата на САД во Скопје
„Попречувањето на правдата како…
Викендов охридските стрелци учествуваа на меѓународниот турнир во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма -„Пирин2019“ што се одржа на стрелиштето во спортскиот комплекс во Благоевград, Р.Бугарија.
Во категорија на млади јуниори, Бојан Спасеновски се пласира на третата позиција со резултат од 384.5, додека Марија Ангеловска во категорија млади јуниорки (до 15години) се пласира на третата позиција со резултат 364.1.
Во истата категорија настапи и Калина Чепуњоска која се пласира на петтата позиција со резултат 359.4. Јована Милевска во квалификациите застана на втората позиција со р…
Денеска охриѓани на Јавна расправа се запознаа со Нацрт-планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019-2028г. На јавната расправа организирана од Министерството за животна средина и просторно планирање беше разгледан и Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на животната средина за планот за управување. „ Денешнава средба е во насока на согледување на состојбите , ресурсите и проблемите во охридскиот регион во целина со што битно ќе допринесеме во дефинирање во целите , мерките , приоритетите и режимот на заштита . 1:181:31 Двата документи кои денес се …
ФТУ на барање од општина Охрид работи на студија за ефектите од туризмот. Предмет на истражувања во новата анализа ќе биде економскиот импакт на туризмот во општина Охрид и врската меѓу сезоналноста и остварените приходи од вработувањата , трошоците од работењето и секторската меѓузависност, вели проф д-р Александар Трајков од ФТУ. Професорот напоменува дека новата студија произлегла како потреба од претходно направените истражувања од пред три години. Податоците покажале неповолна работна клима од деловно регистраните субјекти во охридското стопанство, напоменува проф. д-р Трајков
„Од с…
Одделението за заштита и влијание врз животната средина при општина Охрид која како пилот општина согласно проектните активности на „ЕУ INTERREG Balkanmed AIRTHINGS“ проектот или „Ефикасно користење на новите технологии за чист атмосферски воздух“ заврши со поставувањето на 11 сензори на различни локации на јавни институции за следење на еколошки параметри, како и поставување/инсталирање на 15 филтри на оџаците на домаќинства во населбата Кошишта кои користат цврст енергенс за затоплување на своите домови.
Од страна на Државниот Инспекторат за животна средина и Министерството за животна ср…
Изборниот процес на денешните Локални избори во општините Охрид и Дебрца се одвива непречено и во демократска атмосфера, на сите гласачки места.
Од ОИК на Охрид и Дебрца информираат дека сите избирачки места во двете општини се отворени навремено и изборниот процес се одвива согласно правилата и протоколите. Од она што беше соопштено од ОИК има мали потешкотии во процесот поради апаратите за отпечатоци кои го забавуваат изборниот процес, јави МИА.
Инаку, во општина Охрид се евидентирани вкупно 52.426 граѓани со право на глас, кои своето изборно право ќе можат да го остварат на 88 избира…
Основците од Ванчо Николески од село Лескоец добија подобри училишни услови. Со рекострукцијата на централната зграда се интервенираше во градежни зафати за санација на работните простории и училишните тоалети, информира Елена Ел Нади, директор на ОУ Ванчо Николески.
„Најгорлив проблем беа санитарните јазли и се насочивме кон решавање на тој проблем. Целосно реконструирани беа канализационата мрежа, поставување на нови плочки и санитарни елементи. Се обработија и ѕидовите во училниците, се гипсираа таваните, се освежи и ламперијата, а и холот доби ново осветлување. Училишните простории до…