Ное 15, 2019

Повторно дефект на ангиографот во охридската специјална болница за кардиоваскуларни заболувања

Повторно не работи ангиографот во Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања во Охрид.  Пациентите се жалат, повеќе од еден месец  за интервенции се препраќаат  на клиниката за Кардиологија во Скопје. Овој апарат се користи за третман на пациенти со акутен инфаркт и за стентирање. Раководството на болницата појаснува дека веднаш започнала постапка за промена на старите дотраени делови од медицинскиот апарат.Од таму уверуваат  дека  наскоро ангиографот  повторно ќе биде во функција за потребите на бројните пациенти. „Во моментот ние се соочуваме со проблем поради дефект на ангиог…

Ное 15, 2019

Протест на судската служба пред Основен суд Охрид

Вработените во администрацијата во Основниот суд Охрид денеска ја прекинаа работата и излегоа пред судската зграда во знак на револт од одлуките на Судскиот буџетски совет. Тие преку мирен протест изразија незадоволство од нееднаквиот третман со судиите при одредувањето на висината на додатоците на плата за септември и октомври. Имено за судиите додатокот на плата изнесувал и до 6.000 денари а за судската администрација додатокот изнесува од 500 до 1000 денари.„Апелираме до Судскиот буџетски совет да ја прекине праксата на дискриминирачкиот, егоистичен и игнорантски однос кон судската служб…

Окт 17, 2021

До 11 часот во Охрид гласале 5 692 граѓани

Во тек е гласањето на локалните избори. Според информациите од Државната изборна комисија, до 11 часот во Охрид од обработени податоци од речиси сите 88 избирачки места гласале 5 692 граѓани од запишаните 52 477. Во Дебрца на гласање излегле 680 жители, од вкупно 4 350. Во Струга до 11 часот гласале 4 442 граѓани, од вкупно 61 437 пријавени избирачи, додека во Вевчани од вкупно 2 075 избирачи, до 11 часот гласале 386.

Ное 15, 2019

Раст на бројот на странски туристи како и на остварени ноќевања

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во септември 2019 година изнесува 122 645, а бројот на ноќевањата изнесува 275 892. Бројот на туристите во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, е зголемен за 12.8 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 6.0 %. Бројот на домашните туристи во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, е намален за 0.6 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 17.4 %. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, е намален за 5.9 %, а број…

Ное 15, 2019

Училишната зграда во Мешеишта со нов лик

Во насока подобрување на квалитетот на како и условите за работа во Општина Дебрца продолжува реализацијата на Проектот- „Реконструкција на училишната зграда на ПУ с.Мешеишта “. Со проектот се врши целосна реконструкција на просториите на поранешната ЗЗ “Славеј”, а кои се составен дел на училишната зграда и за кои се планира во иднина да се оспособат како Центар за дневен престој на деца, се адаптираат простории за котлара за централно греење на училишната и општинската зграда, се санираат оштетените делови во училниците и санитарните јазли во училиштето и се поставуваат радијатори. Вкупн…

Ное 15, 2019

УЛИЦАТА „АСНОМ“ ДЕНЕС ВРЕМЕНО ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕНА

Се известуваат сите учесници во сообраќајот дека денес 15.11.2019 година од 04.00 час до 18.00 час, целосно ќе биде затворен за сообраќај дел од улицата „АСНОМ “, од пресек со булевар „Туристичка“ до пресек со ул. „Сирма Војвода“. Од одделението за сообраќај, комунални дејности и улици информираат дека причина за ова се завршните асфалтерски работи на улица.

Ное 14, 2019

Идејата за изградба на регионална депонија во Годивје е напуштена

Дебарца ја доби битката, министерството за  животна средина се откажа од идејата за изградба на депонија во селото Годивје. Сега се бара нова локација, надвор од сливното подрачје на Охридското езеро. Под притисокот  на стручната јавност и населението на Дебрца,  кое под никакви услови не попушташе да се гради депонија во еколошки чистата средина,  се напушти таа идеја. Второстепената владина комисија го поништи решението, поради пропусти при што не беа земени мислења на стручната јавност и Унеско,  а предметот повторно е вратен на разгледување. „Сакам јасно да кажам, дека нашето мислење…

Ное 14, 2019

ВО ОХРИД ОДРЖАН ПРВИОТ БУЏЕТСКИ ФОРУМ СО НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

Во малата сала на општина Охрид се одржа првиот буџетски форум на општина Охрид, на кој учествуваа триесетина претставници на здруженија на граѓани, спортски клубови и културно – уметнички друштва. На форумот на кој присуствуваа и заменик- градоначалникот, Ристо Николески и раководители на повеќе сектори, беа истакнати повеќе проблеми со кои се соочува граѓанскиот сектор во градот. Меѓу другото, се спомена и потребата од формирање локална канцеларија за млади, изградба на младински културен центар, формирање локален совет на млади и донесување младински буџет. Се разговараше и за формира…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top