Дек 2, 2019

Викендов во Охрид премиера на филмот „Дедо и внук“, на охридскиот режисер Илија Пиперкоски

Охридскиот филмски режисер Илија Пиперкоски, кој важи за еден од најуспешните во својата генерација, за 6-ти декември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, ја најави премиерата на неговиот најнов филм „Дедо и внук“. Пиперкоски, истовремено, е и сценарист на филмот. Тој, досега има режирано голем број кратки и документарни филмови. Продуцент на филмот е Огнен Антов, директор на фотографија е Романецот Патру Паунеску, сценографијата е на Владимир Зафироски, додека костимограф е Жаклина Крстевска. Филмот започна да се снима во април 2017 година и е единствениот долгометражен игр…

Ное 28, 2019

ГДУ: Депонијата Буково го стави Охрид на листата на загадени градови

Загадувањето на воздухот тема на денешната прес конференција на Граѓанско демократската унија. Од партијата сметаат дека Охрид се најде на листата на загадени градови поради чадот од депонијата Буково. Обвинуваат дека со депонијата се менаџира несоодветно и примитивно.„Јавна тајна е дека со пожарот , или намерното плаење по наредба на одговорните лица, справувањето со проблемот се решава на најпримитивен начин со затрупување на останатиот отпад. Затоа нормално е постојано да гори и да се загадува градот. Одговорност нема , решение нема. Но ајде да се потсетиме како сестринските партии СДСМ …

Ное 28, 2019

Свечено отворена реконструираната Али пашина џамија

Денеска со свеченост беше отворена реконструираната Али пашина џамија во охридската чаршија. На отворањето во организација на ИВЗ присуствуваа голем број граѓани кои во иднина ќе ги остваруваат своите верски права во овој објект кој воедно е и споменик на културата заштитен со закон. Реконструкцијата на џамијата и изградбата на минарето е финансирано од Генералната дирекција на вакуфи на владата на Република Турција преку турската владина агенција „ТИКА“. На отворањето присутен беше заменик министерot за култура и туризам на Турција, Мисбах Демирџан и бројни телевизиски екипи од Турција. Ам…

Окт 17, 2021

9 новозаболени лица од Ковид-19 во Охрид

Во текот на последните 24 часа се направени 3.045 тестирања, при што се регистрирани 329 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија. По градови: • Скопје 178• Велес 27• Куманово 20• Прилеп 16• Штип 13• Струмица 10• Охрид 9• Tетово, Пробиштип и Кочани по 8• Битола 7• Кочани и Гевгелија по 5• Свети Николе 3• Струга, Ресен, Крива Паланка и Демир Хисар по 2• Кавадарци, Виница, Македонска Каменица и Дојран по 1 Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 6 починати лица од Скопје (91, 88, 79, 78, 69 и 68 години), 3 почина…

Ное 28, 2019

Внимавајте кога купувате преку интернет

Во последно време купувањето преку интернет станува сè попопуларно. Најмногу онлајн купувачи своите нарачки ги прават во ноќните часови и тоа преку мобилен телефон. И додека купувањето преку мобилен звучи како најбрз и наједноставен начин за шопинг, постојат повеќе пропусти на кои наишле. До Организацијата на потрошувачи во Охрид пристигнати се голем број поплаки токму на оваа тема. „Основна работа е дали веб страната го има она http.s,бидејќи тоа  значи дека страната има заштитен систем, особено за плаќање преку интернет. Ако нема тогаш ризикот е на самите купувачи, вели Вангел Спироски, …

Ное 28, 2019

Математичарите од ОУ „Григор Прличев“ надјобри

Во организација на „Yahya Kemal“ college во Струга се одржа математички квиз во кој учество зедоа и ученици од ОУ „Григор Прличев“. Нивниот тим го сочинуваа: Емилија Николовска, Нина Стевоска и Драгана Каневче, три ученички од деветто одделение под менторство на наставничката Марика Бубеска. На овој квиз учествуваа над триесет тимови од основните училишта од регионот и тој се одржа за прв пат. Учениците и менторот беа задоволни од организацијата, пред почетокот на квизот на учениците им биле објаснети правилата. Квизот ги воодушеви младите математичари, кажаа дека бил забавен и добро осмис…

Ное 28, 2019

ЈП „Градски Пазар“ издава тезги под закуп за продажба на новогодишни украси

    По повод новогодишните и божиќните празници ЈП „Градски Пазар“ издава тезги под закуп за продажба на новогодишни украси на локација на плоштадот кај стариот чинар. Лицата за изнајмување на тезгите да се пријават најдоцна до утре 29.11.2019 година, во административните простории на ЈП „Градски Пазар“. Дополнителни информации може да добијат во просториите на ЈП „Градски Пазар“ бул „Туристичка“ бб, или на телефонскиоте број, 046/266-600.

Ное 27, 2019

Охридските и струшките хотелиери нудат сместување за настраданите во земјотресот во соседна Албанија

Хотели, приватни станоиздавачи од мал обем од Охрид и од Струга ги отворија своите капацитети за настраданите од соседна Албанија. Во разорниот земјотрес многу од жителите останаа без покрив над глава, бидејќи нивните домови беа срушени. Семејства од Драч и околината уште утрото по стравотниот земјотрес од 6,4 степени се упатиле кон Македонија и побарале засолниште сместувајќи се во хотели во Охрид и Струга. Хотелиерите велат дека постојано пристигнуваат резервации од Албанија, од Драч и Тирана каде тлото не мирува.За да им излезат во пресрет на жителите од соседството од здружението на хот…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top