Поради поставувањето на новогодишнте украси во чаршијата, Локалната самоуправа апелира, доставувањето на роба во деловните објекти да се врши исклучиво со ниски возила.
Од локалната потенцираат да се следат насоките бидејќи може да дојде до оштетување на реквизитите и други несакани проблеми.
Највисокото општинско признание „Патрон на градот- Св. Климент Охридски“ за 2019 година, постхумно му се доделува на прерано починатиот градоначалник Проф. д-р Јован Стојаноски. Решението за доделувањето на наградата, за која имаше пет апликации, го донесе градоначалникот Константин Георгиески на предлог на Стручната комисија за доделување на општински награди и признанија.
Во образложението, покрај другото стои дека со постхумното доделување на највисокото општинско признание, наградата „Патронот на градот- Св. Климент Охридски “, на прерано починатиот градоначалник Јован Стојаноски му се…
Зголемен бројот на наркозависници, кои се лекуваат во Центарот за превенција и третман на болести од зависност во Охрид. Бројот достигна 170 пациенти. Најмладиот зависник има само 19 години, а најстариот е на возраст од 60 години. Дел од нив се од Охрид, дел од другите градови Струга, Кичево и Дебар. Во внатрешноста на Македонија овој центар е најголем по број на пациенти. – „Се зголемува потребата од третман и на пацинети. Однос мажи на жени и кај нас е како во светски рамки. Во било кој третман на зависност 10% се жени. Исто е и кај нас. Третираме опијатна завсност по медицина…
Во пресрет на патронатот на гимназијата Св Климент Охридски во оваа училишна установа започнаа да се реализираат отворени денови по природни науки. Денес, учениците изведоа интересни експерименти по хемија и физика и покажаа дека со практична настава полесно се совладуваат природните науки. Маја, Катерина, Теодора, Евгенија, Климент, Петар, Лука , Андреј беа дел од тимот физичари кои покажаа дека полесно се учи преку забава и експериементи.
„ За физиката има стереотипи дека е тешка и невозможна за учење. Но, ако од почеток видиме колку интересни работи се случуваат околу нас и се е физика,…
Охридските здруженија го одбележаа Светскиот ден на инвалидите 3 декември. Венко Голабоски , претседателот на здружението Мобилност од Охрид и Дебрца порача дека општествената заедница треба во текот на целата година да има слух за нивните потреби. Бараат надминување на сите бариери со кои се среќаваат во нивното секојдневие.
„Во одредени животни околоности , посебно со денешното темпо на живеење секој може да стане инвалид. Инвалидноста не е нешто што се бира, тоа е состојба, која за жа,л недостигнува. Ние апелираме до сите, посебно до институциите да имаат сенс и внимание кон оваа кате…
Црвен крст Охрид, а воедно и градот Охрид е побогат за уште една музичка содржина.Во рамки на Црвен крст Охрид започна да делува женскиот хор „A Cordis“.
Петнаесет дами под водство на диригентот професор Билјана Николоска, секој понеделник со своите прекрасни гласови, изведуваат познати музички дела подготвувајќи се за својот прв јавен настап кој со нетрпение го очекувамего за Новогодишните празници.
Во неколку туристички списанија и весници и на социјалните мрежи, Охрид се промовира во Италија. Деновиве се објавени повеќе промотивни текстови со кои потенцијалните италијански туристи се запознаваат со културно – историското наследство на Охрид, но и со природните убавини.
Оваа кампања за италијанскиот пазар ќе продолжи и во наредниот период. Се очекува бројот на гости од Италија, да биде значително зголемен поради промоциите и редовната авио линија Милано – Охрид.
Според последните податоци од Државната изборна комисија до 18:30 часот, од обработени податоци од 74 од 88 избирачки места на гласање излегле 20 553 охриѓани или 54,83 %.
Струга – 26 134 или 43,92%
Вевчани – 1 519 или 73,24 %
Дебрца – 2 719 или 62,53 %