Убавото есенско време максимално се користи во Вевчани за да се завршат бројни градежни работи на повеќе локации во оваа мала општина. Зафатите на старата училишна зграда која беше запуштена и руинирана, сега се во завршна фаза за да се претвори во мултифункционален туристички центар. Со околу 1милион евра пари од УНДП овој центар ќе нуди повеќе содржини и ќе придонесе Вевчани да стане се поатрактивно рурално туристичко место, напоменува вевчанскиот градоначалник Сашо Јанкоски.
„Сигурен сум дека ќе придонесе . Ние имаваме преку лето туристи посебно во зима кога е Ввечанскиот карневал. Но, …
Во петок 13 декември од 12 и 55 во Прличевата одаја во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ и Организацијата на жени од Битола ќе се одржи кафе дружење со проф. д-р Методи Чепреганов на тема: „Стресот денес“.
Д-р Методи Чепреганов е специјалист по невропсихијатрија и епилептологија, човек со големо професионално искуство кое на различни начини им го предава на луѓето.
Низ сите векови и во сите цивилизации од постоењето на светот, бројни мислители и филозофи го актуелизирале прашањето на моќта на човековиот деструктивен нагон, поточно на човековата агресија, во секојдневните инте…
Од денес самостојно ќе функционираат јавните претпријатија „Водовод“ – Охрид, „Водовод“ – Струга и државното јавно претпријатие „Колекторски систем“. На денешната седница Советот на Општина Охрид едногласно ја прифати предложената одлука за давање согласност на одлуката за потврдување на Планот за поделба на МЈП „Проаква“ и ја потврди Спогодбата за присоединување.
На денешната триесет и шеста седница, Советот на Општина Охрид едногласно ја прифати предложената одлука за давање согласност на одлуката за потврдување на Планот за поделба на МЈП „Проаква“ од 04.11.2019 година и ja потврди Спог…
Пчеларите се загрижени од невообичаените високи есенски температури за овој дел од годината. Ваква есен досега не сме имале, велат со доза на страв пчеларите загрижени за опстанокот на пчелните семејства. Растенијата се уште цветаат, а пчелите неместо да презимуваат излегуваат и трошат храна и стравуваме дека нема да имаат доволно за преживување ако има долга студена зима, вели Ицко Китанечев долгогодишен охридски пчелар.
Вообичаено пчеларите ги проверуваат пчелните семејства околу Водици кога се отвараат сандаците и се проверуваат каква е состојбата со храна, додава загрижено Китанечв.
„…
Се узурпираат паркинг местата наменети за лицата со инвалидитет на паркиралиштата низ градот, реагираат лицата телесни инвалиди. Несовесни возачи постојано паркираат на места обележани за лицата со отежнато движење, без грам совест, вели една наша сограѓанка. Друг пак, реагира за читањето на картичките од страна на инкасаторите на рампите во Охрид.
„Зошто автоматски не ја читаат нашата картичка би требало да ја читаат автоматите бидејќи ја читаат на патарина и на други места,напоменува лице со хедникеп.
Венко Голабоски , претседателот на здружението Мобилност од Охрид и Дебрца напоменува …
Свикана триесет и шестата седница на Советот на општина Охрид на ден 12.12.2019 година (четврток) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.
На ова изданаие на седницата на Советот ќе се најде само една точка од техничка природа, во врска со постапката за поделба на МЈП „Проаква“.
Предлог – одлука за давање согласност на Одлуката за потврдување на Планот за поделба ОДУ.бр. 721/19 од 04.11.2019 година и потврдување на Спогодбата за присоединување ОДУ бр.722/19 од 04.11.2019 година.
Овие избори сами по себе се предизвик во секоја смисла на зборот поради промените кои ќе доаѓаат во нашта држава, а од каде ако не од Охрид , тоа е најдоброто место да започнат промените. – кажа кандидатот за Градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, Кирил Пецаков, откако го оствари своето право на глас утрово.
Очекувам да има промена граѓаните да излезат во една фер и демократска атмосфера да го дадат својот глас и секако подобриот да победи. А она поради коешто треба да гласаат секако дека е позадината која ја носиме како кандидати и јас без никаква црна дамка со многу прое…
Охридските автори го добиваат заслуженото место помеѓу делата во библиотеката „Григор Прличев“. Во оваа национална установа од нејзиното основање постои катче на роднокрајни автори, но во последно време се прават напори што повеќе да се афирмираат истите и да се запознаат граѓаните со нивното творештво. Во библиотеката има еден до два примероци од секоја книга која е издадена во Македонија, а е од роднокрајните автори. Застапени се околу 80тина кои пред се пишуваат поезија и проза и во нив не влегуваат оние кои пишувале стручна литература или научни трудови.
Треба на пиедесталот да се став…