Театарската претстава „Сопружници“ од Вуди Ален, во режија на Драгана Таневска во петок повторно ќе се одигра пред охридската публика.
Во претставата играат: Ивица Цонев како Гејб, Елизабета Стефановска во улогата на Џуди, Никола Тодороски како Џек, Адријана Билаловиќ- Тодороска како Сали и Филип Кипровски како Мајкл.
„Сопружници“ претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претставата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друг…
Акцијата ја изведе Капетанија на пристаништата на Македонија и е дел од акцијата со која сите руинирани пловни објекти кои се во каналот треба да се извадат од таму.
Бродот Илинден поради својата габаритност моментално се наоѓа во близина на дирекцијата на ЈП Охридски Комуналец, а бродот Лихнида во кругот на ЈП Охридски Комуналец. Капетанот Горан Устијаноски за ТВМ кажа дека наскоро ќе бидат извадени уште 2 пловни објекти од каналот. Трошоците за вадење на бродот Лихнида паднаа на товар на државата бидејќи не е утврдена неговата сопственост, а трошоците за вадење на другите пловни објекти …
Со пригодна свеченост во Охрид беше означен почетокот на работните активности за санација на Колекторскиот систем на Охридското Езеро.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев во своето обраќање пред присутните истакна дека овој значаен проект започнува како резултат на конкретни подготовки, барање на најдобри решенија и финансиски срeдства за реализација.
– Овој сериозен зафат го преземаме затоа што несеопфатната реализација и негрижа за одржувањето на системот за прочистување на отпадни води создадоа сериозни еколошки штети и закани за Охридското Езеро и за п…
Охрид доби современ затворен зелен пазар. Денес во присуство на премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, пратеници, градоначалникот на Охрид и Струга и други личности од јавниот живот, беше официјално отворен овој капитален објект.
Ми преставува посебно задоволство и чуствувам голема радост што денес сме во Охрид да го отвориме зелениот пазар кој одговара на потребите на пазарџиите со капацитет од 190 нови тезги направени по современи ХАСАП стандарди, рече Зоран Заев-премиер на Р.С Македонија.
Пазарот е на површина од 6 779 метри квадратни, на три ката. Во подземјето е смест…
Градоначалникот Константин Георгиески имаше работна средба со Џенифер Литлџон заменик шеф на мисијата од Американската амбасада. На средбата се разговараше за тековните проекти кои ги реализира општина Охрид.
Соговорниците разговараа и за препораките од УНЕСКО, за кои градоначалникот Георгиески истакна дека најголем дел се завршени, а другите активно се спроведуваат.
Се разговараше и за долгот на општината и странските инвестиции во градот.
Шефот на мисијата, Литлџон, при тоа ја потенцира нивната поддршка за реализацијата на предвидените проекти и својата подготвеност за давање идеи …
На 24 Декември 2019 година, 12.30 часот, сала за седници на советот на општина Дебрца, село Белчишта, е бидат промовирани резултатите и сознанијата од Проектот: “Требенишко Кале, село Требеништа, истражување 2019”.
На настанот ќе присуствуваат: градоначалникот на општина Дебрца, Деканот на Филозофскиот факултет, Ратко Дуев, Директорот на Управата за заштита на културното наследство, Ацо Костов и раководителот на истражувачкиот тим, проф. Др. Виктор Лилчиќ Адамс.Археолошкиот локалитет “Требенишко Кале” беше истражуван оваа година со методот на рекогносцирање од страна на стручен тим од Фило…
Минатогодишната соработка меѓу Јавната установа Национален парк Галичица и Фондот за природа Преспа-Охрид (ПОНТ) продолжува.
Имено, во согласност со мисијата и визијата на Фондот, а и со аплицирањето од страна на ЈУНП Галичица на повикот за финансиска поддршка, на 16 декември 2019 година беше потпишан Договор со кој Фондот ќе финансира дел од трошоците за тековното работење на ЈУНП Галичица, во висина од 178.000,00 евра за 2020 година.
Ова претставува иновативен пристап во финансирањето и работењето на заштитените подрачја, за што ПОНТ минатата година беше избран како победник на наградат…
Добиена е Б лиценцата за работа на градежни дозволи која е дел од законската обврска и од статутот на ЈП Градски гробишта. Сега ова ЈП и легално ќе ги врши градежните зафати кои ќе му ги доверува Локланата самоуправа, вели директорот Ванчо Костески.
„Таа Б лиценца досега нашето претпријатие ја немаше без неа постоеше опасност да се прекинат изведбите на градежните работи. Но, со напори на ЈП обезбедивме средства и ја извадивме дозволата.Со тоа ги задоволивме сите законски критериуми“, вели Костоски.
Од Министерството за транспорт и врски е издадена дозволата со која сега може да се изведу…