Донација од 6 над душеци антидекубитални за потребите на неподвижни лица подари ЈП Билјанини извори за геријатриското одделение при Општа болница. За потребите на одделението, покрај душеците ЈП обезбеди и две ПВЦ врати. На лицата кои престојуваат тука им подарија и овошје за престојниот празник Божик. Како општествено одговорно ова јавно претпријатие, со својот хуман гест им ја честитаа Новата година со желби за подобро здравје на пациентите сместени на овој оддел, вели Гордана Јованоска, директор на од ЈП Билјанини извори.
„Од минатата година почнавме со еден проект од Граѓаните за граѓ…
Потенцијалите со кои располага општина Дебрца ќе бидат ставени на користење за локалниот економски развој на оваа рурална општина. Во таа насока, изградба на две соларни централи, се дел од адутите кои ги има локалната самоуправа, информира градоначалникот Зоран Ногачески. Општина Дебрца го презеде управувањето со градежното земјиште и по завршување на парламентарните избори, од на пролет, веќе се очекува да се преземат иницијативи за искористување на сончевата енергија. „Сакам да потенцирам дека во завршна фаза сме со донесување на Урбанистичките планови, треба да се донесат архитектонски…
Усогласување на домашната со европската регулатива за внатрешна пловидба е еден од најважните приоритети оваа година на Капетанија на Пристаништата на Македонија. Секојдневно работиме на текстови и идеите кои треба да се имплментираат во Правилникот и Законот за да се доближиме до европските правила во пловидбата , вели Горан Устијаноски капетанот на Капетанија на Пристаништата на Македонија.
„Огромен е проблемот со неприменливост на некои европски правила врз фактичката ситуација во која сега ние функционираме. Мора да има поголема прагматичност и да се решаваат работите повеќе со практиц…
Со огромно задоволство, но и одговорност пред сите вас, ја прифаќаме големата победа изразена со околу 2000 гласа разлика во првиот круг. Цел живот создаваш за да добиеш поддршка, изјави денеска кандидатот за Градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“, Кирил Пецаков.
Ја побаравме поддршката на охриѓани и ја добивме. Народот е свесен дека на Охрид и Македонија им се потребни промени. Ова е победа на сите што заслужуваат заедничка иднина. Избравте и вашиот глас искажан на мирните, достоинствени, фер и демократски локални избори мора да се почитува и понатам…
Градоначалникот Константин Георгиески, денеска го посети првото новородено бебе во Новата 2020 година на Гинеколошкото одделение при Општата Болница – Охрид. Тој во име на општината и во лично име упати честитки до мајката, Нита Кркути од Дебар за приновата во семејството. „Сакам да му посакам многу здравје на малиот јунак за кој што уште не е избрано името. Им посакувам да се здрави , живи, весели. “Првото бебе во новата година е втора рожба на младата мајка. Породувањето било спонтано, а лекарскиот тим го водела д-р Мимоза Влаши Хиса, гинеколог-акушер, заедно со д-р Зорица Стрезоска, нео…
Весело, разиграно и распеано охриѓани и бројните гости од земјава и странство синоќа ја дочекаа Новата 2020 година на охридскиот плоштад. Илјадници посетители, преполн плоштад, насмеани лица, задоволни и гостите и домаќините. Круна на вечерта беше новогодишниот огномет. На плоштадот беше и градоначалникот Константин Горгиески, кој на присутните им посака многу здравје и пријатен престој во градот. – „Првично здравје, да сме здрави живи сите после се друго што треба ќе си дојде“ ,вели Константин Горгиески градоначалник на општина Охрид. За забавата на плоштадот се погрижија Ефто Пупин…
Синчето е втора рожба на триесетгодишната мајката Нита Кркути од Дебар. Бебето дојде на свет во 13 часот и 13 минути. Новороденчето е здраво бебе, родено со тежина од 3600 грама, а долго 54 цм.
Спонтаното породување го изврши медицински тим од гинеколошкото одделение при Општа болница Охрид, предводено од гинеколог д-р Мимоза Влаши Хиса, специјалист акушер и неонаталогот д-р Зорица Стрезоска.
Традиционално, се очекува мајката и првороденото бебе во Новата година да ги посети градоначалникот Константин Георгиески при што ќе им додели пригодни подароци.
Градоначалникот Константин Георгиески, го пушти во употреба зимското лизгалиште. На површина од 325 метри квадратни, лизгалиштето е поставено на Кејот „Македонија“, каде има и мала бина, на која секојдневно учениците од основните училишта ќе имаат културно – уметничка програма.
Лизгалиштето е донација на Агенцијата за спорт и млади, а со него во наредниот период ќе управува ЈП „Билјани извори“. Цената за изнајмување на лизгалките е сто денари од час, а лизгалиштето ќе работи секој ден од 11 – 24 часот.