Јан 13, 2020

ОД ОПШТИНА ОХРИД АПЕЛ ДА НЕ СЕ ПАЛАТ ОГНОВИ НА ОТВОРЕНО

Со цел да се превенира загадувањето на воздухот и зголемената концентрација на ПМ честичките во амбиенталниот воздух, Општина Охрид апелира до граѓаните да се воздржат од палењето на традиционалните василичарски огнови на отворено. Општина Охрид во рамки на Програмата за заштита на животната средина и природата за 2020 година презема мерки против загадувањето на амбиентниот воздух и има предвидено Проект за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух со субвенционирање на граѓаните при купување на модерен систем за затоплување- инвертер клими. Исто така Општина Охрид е дел од Пилот пр…

Јан 10, 2020

Семејството Гигер ја понесе првата награда за најубаво украсен зимски двор

Првата награда за најубаво украсен зимски двор и балкон во Охрид ја понесе семејството Гигерови. Зимската, новогодишна бајка повторно царува во семејниот двор на Иванка и Бруно Гигер. Втората награда и припадна на Јована Бандиловска Јовановска , а третата заврши во рацете на Клаудија Арсенова. Семејството Гигер за украсување на својот двор одвојувале секој ден по 3-4 часа во текот на два месеци, а годишно издвојуваат и над 200 евра за купување на нови новогодишни реквизити.Ова не им е прва награда туку тие и се добро познати на охридската јавност. Со својот хуман гест ќе продлжат и овој пат…

Јан 9, 2020

Општина Охрид денеска ја доби техничката документација за реконструкција на три улици

Во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП), финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка, Општина Охрид доби изработена комплетна техничка документација за реконструкција на улиците „Гоце Делчев“, „Ѓорче Петров“ и „Кленоец“.Официјалните записници за примопредавање на техничката документација беа потпишани денеска на пригодна свеченост која се одржа во Министерството за финансии, во присуство на Министерката за финансии Нина Ангеловска и директорот на Канцеларијата на Светска банка во Скопје, Марко Мантованели.На настанот присуствуваа Секре…

Јан 9, 2020

Нов кружен тек кај Комерцијална банка

По налог на општина Охрид, а согласно сообраќајниот проект за регулирање  на сообраќајот во централното градско подрачје,  изграден е нов кружен тек меѓу улиците „Јане Сандански“ и „Партизанска“ во непосредна близина на „Комерцијална Банка“.Кругот е со дијаметар од 8 метри и помошен дијаметар од 6 метри што значи дека е обезбеден непречен проток на патнички и товарни  возила  во овој дел од градот.  На кружниот тек  е обележана хоризонтална и вертикална сигнализација и истиот е хортикултурно  уреден.Градежните активности ги реализираа охридските јавни претпријатија „Нискоградба“ и “Охридски…

Јан 9, 2020

Локалната работи на изработка на основен проект за изградба на ново школо и на доградба на градинката

Охрид е град во кој повеќе од 3 децении не е изградено ново училиште. Плановите на градоначалникот Константин Георгиески се дека градот заслужува да добие нов училишен објект и доградба на централниот објект на детската градинка Јасна Ристеска. Локалната самоуправа со сопствени средства и преку разни проекти постојано инвестира во реновирање на сите општински училишта, меѓу кои и во ОУ Григор Прличев кое по 6 години кон крајот на минатата година започна да работи со одблокирана жиро сметка. „Во поновиот објект на ОУ Григор Прличев е реновирана дограмата со пари од Министерството з а образо…

Јан 9, 2020

Општина Вевчани се подготвува за одржување на празникот Василица

Во Вевчани се прават последните завршни подготвки за одржување на традиционалниот Вевчански карневал на 13 јануари. Оваа вековна традицонална манифестација привлекува се поголем број гости во Вевчани за да бидат дел од карневалското случување. За претстојниот празник општината уште во текот на есента реализира бројни проекти и градежни зафати за да се подобри инфраструктурата. Завршени се градежните работи на мултифункционалната зграда, уличките се поплочени со камени плочи во должина од околу 1 км, а набавена е и нова механизација за зимско одржување на патиштата, информира Сашо Јанкоски…

Јан 8, 2020

Градот се подготвува за претстојниот верски празник Водици

Охрид започна со подготовките за црковната и граѓанската прослава за одбележување на празникот Богојавление-Водици на 19 јануари. На големиот црковно-народен собир во Охрид и годинава се очекуваат голем број посетители. Тие ќе го проследат скокањето по светиот крст и осветувањето на водите на Охридското Езеро. За празнувањето да протече беспрекорно во организацијата на манифестацијата Водици се вклучени покрај МПЦ и Локаланата самоуправа, јавните претпријатија, Црвен крст. Верскиот дел согласно православните начела го спроведува Дебарско – кичевската епархија при МПЦ, а граѓанскиот го коорд…

Окт 19, 2021

Лолеска најави нови 28 емисии за запознавање со ретките болести

Гордана Лолеска, главниот „виновник“ за кампањата „Ги запознаваме ретките болести“, која идната година ќе ја има четвртата сезона, ги најави новите 28 емисии со кои македонската јавност ќе се запознае до ретките болести.  Пред 4 години една моја идеја да се направи нешто ново, нешто со што ретките болести ќе ги доближиме до граѓаните, благодарение на екипата на Супер радио од Охрид и поддршката на „Живот со предизвици“ доби аудио и визуелна форма. Една мала идеја прерасна во национална кампања емитувана на 50 локални и национални медиуми. Албанската верзија на кампањата се емитуваше во К…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top