Во рамки на манифестацијата Денот на рибарите која ќе се одржи на 20-ти јануари на празникот Свети Јован Крстител во Охрид и оваа година ќе се подготвува традиционалната рибна чорба.
Чорбата ќе се подготвува во голем казан, кој утрово беше поставен на градскиот плоштад. За подготовката на овој специјалитет ќе бидат задолжени професорите и учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“. За подготовка на чорбата набавени се 400 килограми риба, 70 килограми морков, 20 килограми целер, 25 килограми пашканат, 10 килограми кромид, 100 литри масло, 60 килограми брашно, како и сите останати потребни намирниц…
Наместо елитна населба, охридската Чекоштина не постои. Нема уличен систем, адреси, водовод и канализација.Денес има околу стотина викендици и куќи, но населбата не е евидентирана како населено место. Иако има легални куќи постојани и викенд жители, нема ни адреси, нема ни улици. Еден дел од населбата е урбанизиран, но само на хартија, во реалноста нема никаква инфраструктура. Пред неколку години жителите поднеле петиција до општина Охрид да определи уличен систем за да добијат легални адреси, но без никаков успех. Жителите се жалат, бараат општината да ја среди административната про…
Граѓани поединци сеуште се со ниска комунална свест. По улиците се фрлаат разни видови ситен отпад почнувајќи од догорчиња на цигари па се до хартиени паковки од чоколадо или пециво. Службите на комуналец се трудат да ја одржуваат хигиената на улиците и тротоарите и секојдневно метат големи количини на расфрлан ситен отпад, вели Љупчо Граданоски директор на ЈП Охридски Комуналец.
„Улиците и тротоарите се метат од 5 часот наутро од единиците за јавна хигиена. Има потреба од чистење, има секојдневна собирање на поголеми количини ситен отпад. Не можам да споредам како е со другите години…
ЈП „Билјанини Извори“ ќе ги заменува блокаторите со платни налози за неплаќачите на јавниот паркинг. Оваа мерка ќе се применува од 20 јануари за неплаќање на користен јавен паркинг во А и Б зоните, информира Гордана Јованоска директор на ЈП Билјанини извори кое стопанисува со јавниот паркинг простор во градот. Недиспциплинираните возачи ќе имат можност казната да ја платат веднаш или за 8 дена, а по истекот на овој рок се активира преку извршител.
„Охриѓани се дисциплинирани плаќачи, но има луѓе кои се инаетат и не сакаат платат. Има проблеми, расправии со вработените па со овој начин прек…
Националната установа „Охридско лето“ во знак на солидарност и хуман гест на Општата болница од Охрид и додели 95 илјади денари, средства собрани од продажбата на влезници од хуманитарниот концерт „Танец и Ладо под ѕвездите“ одржан во рамките на годинашната фестивалска програма.
Целта на хуманитарната помош е полесно справување во борбата против Ковид-19 а средствата ќе бидат искористени за набавка на скафандери, маски и средства за хигиена.
Во овие тешки времиња кога се соочуваме со најголемата здравствена криза секоја помош е неопходна. Изразуваме огромна благодарност до „Охридс…
Поради непречено одвивање на сите активности во делот на организизацијата на големиот црквно-народен собир по повод големиот христијански празник Богојавление Водици од сабота, 18-ти јануари од 23:00 часот до понеделник, 20-ти јануари до 16:00 часот нема да биде дозволено паркирање на потегот во близина на објектот на Капетанијата на пристаништата и паркингот во потегот на кружниот тек во центарот на Охрид.
Од локалната упатуваат апел до сите сопственици навреме да ги отстранат своите моторни возила од овој потег. Во спротивно, возилата ќе бидат отстранети со помош на надлежните служби.
Охрид на големо се подготвува за една од најголемите и најмасовните црковно народни собири, одбележувањето на православниот христијански празник, Богојавление или Водици.
Веќе неколку дена екипите на општинските јавни претпријатија во координација со Организациониот одбор, започнаа да ги реализираат активностите кои се дел од техничката подготовка за одбележување на празникот во Охрид.
На потегот околу градското пристаниште постевени се тезги на кои ќе се служи топла ракија и вино, а поставени се и соодветни заштитни огради во делот на крајбрежјето. Исто така во пресрет на празничниот вик…
2020 година е година на посилниот пол во Охрид. И првото бебе во градот беше машко, а и просечно се раѓаат повеќе машки во однос на женски деца. Од 2013 до 2016 година наталитетот во Охрид бележи благо зголемување, но од 2016, кога имало рекордни 640 живродени бебиња, до денес наталиететот е во постојано опаѓање. Од година во година се раѓаат во просек по шеесетина деца помалку.
-„Главната причина за ова е иселувањето на младите. Мораме и тоа да го потенцираме дека има еден одреден процент на бебиња кои се раѓаат во приватните клиники а исто така мора да напоменеме дека е опаднат…