Окт 20, 2021

Нови сликовници за новите генерации деца

НУ Библиотека „Григор Прличев“ неодамна го збогати својот фонд со неколку изданија од сликовници кои со сигурност ќе го привлечат вниманието за нивно читање од страна на децата и нивните родители. Оваа среда од Градската Библиотека ви претставуваат шест сликовници од едицијата „Мала Европа“ од издавачот Либи од Скопје. „Самовилата која гледа во темнина“ од унгарецот Ласло Багоши,„Мама“ од белгиските автори Елон Делфорж и Кентен Гребен,„Чао“ од Едвард де Вендел и Марије Толман од Холандија. Во оваа понуда се најдоа и две прекрасно дизајнирани сликовници од македонскиот автор Ване Костур…

Јан 22, 2020

Владата го донесе Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион

Владата на Северна Македонија останува силно посветена на зачувување на исклучителните универзални вредности на Охридскиот регион, и статусот на УНЕСКО Светско наследство, кој го одликува регионот веќе 40 години. На четвртата редовна седница донесен е Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион (2020-2029 г.), со акционен план, со кој се обезбедува имплементација на сите препораки на УНЕСКО. Во Планот се прецизираат забранетите активности во соодветните заштитни зони и се утврдија идните специфични планови и истражувања што се неопходни за обезбед…

Јан 21, 2020

Сезонски попуст,или трик

50 % попуст, 70% попуст, 30 % попуст. Речиси и да нема излог на кој не стои дека производите кои се продаваат се на попуст. Но, дали тоа навистина е така или е само маркетиншки трик со кој продавачите ги намамуваа купувачите да влезат во продавниците и да купат нешто мислејќи дека направиле добра финансиска зделка и заштедиле купувајќи на попуст. Многу често попустите не се реални и не се толкави колку што е назначено на излогот или пак на етикетата. Затоа купувачи, бидете внимателни и не наседнувајте на ваквите предизвици, посебно сега после празниците кога речиси се се нуди на попуст. Ед…

Јан 20, 2020

Петар Рупески годинашниот фаќач на Чесниот крст, денес уште еднаш се нурна во ладните води на Охридското езеро

Петар Рупески кој вчера беше најсреќниот меѓу неколку стотините верници кои скокаа по Чесниот крст, денес уште еднаш се нурна во ладните води на Охридското езеро, одбележувајќи го со тоа Денот на рибарите. Тоа е традиција која се негува со децении наназад и која воопшто не била прекината, дури и во онај период кога фрлањето на крстот било забрането. Досетливите охриѓани водите ги осветувале на денешниот ден под изговор дека тоа го прават бидејќи завршува забраната за риболов. Рупески е пресреќен што е еден од продолжувачите на оваа прекрасна традиција и иако светиот крст го фати по петти па…

Јан 20, 2020

Се одбележа Денот на рибарите

Денеска на Соборот на Свети Јовен Крстител, со капењето на рибарите во Езерото продолжуваат Богојавленските чествувања во градов. На тој начин се одбележува завршувањето на забраната за риболов на Охридското Езеро после зимскиот мрест. Многу граѓани од Охрид, но и од други градови на Македонија и пошироко дојдоа да бидат дел од оваа црковно-народна манифестација. И оваа година празникот покрај со капење во водите на езерото се одбележа и со приготвувањето и служење рибна чорба. Во казанот поставен на Градскиот плоштад професорите и учениците на ОУТУ „Ванчо Питошески“ приготвија околу 1,5 т…

Јан 20, 2020

Охридски семејства во социјален ризик добиле поудобен дом за живеење

На вратата на ЦК секојдневно се појавуваат граѓани во социјален ризик кои бараат најразлични видови на помош , вели секретарот на ООЦК Мимоза Ставрева. Помагаме во различни ситуации со храна, облека, за лекување, со покуќнина, додава таа. Тоа го правиме преку различни програми, собирни акции и донации од општествено одговорни фирми и поединци. Минатата година помогнале на повеќе охридски семејства во социјален ризик и им овоможиле поудобен дом за живеење. „Направивме уредување на купатило, уредување дневна и детска соба или купување на неопходни технички апарати во домаќинството за кои сме…

Јан 20, 2020

ВРАЧЕНА СВЕТСКАТА НАГРАДА ЗА ХУМАНИЗАМ ЗА 2020 ГОДИНА

Вечерва спроти големиот христијански празник, Богојавление – Водици во куќата на Уранија во Охрид свечено беше доделена светската награда за хуманизам на добитникот за 2020 година, академик Георги Старделов. Тој е првиот добитник на ова престижно светско признание од нашава земја , а наградата му ја врачи градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески. – Импозантниот творечки опус на професорот Георги Старделов ноќва во Охрид, во очи големиот христијански празник Богојавление -Водици собра домашна и меѓународна асемблеја на гости . Вечерва кога сме „најблиску до Бога“ со чиста љубов и ми…

Јан 20, 2020

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ НАПРАВИ УВИД НА АКТИВНОСТИТЕ ЗА САНАЦИЈА НА КОЛЕКТОРСКИОТ СИСТЕМ

Градоначалникот Константин Георгиески заедно со Министерот без ресор во Владата на Република Северна Македонија, Едмонд Адеми и директорот на Јавното петпријатие „Колекторски систем“, Владимир Алексијоски денеска изврши увид на работните активности за санација на Колекторскиот систем на Охридското Езеро. Активностите за санација на терен ги изведува фирмата „Еко тим“ од Скопје, филијала на хрватската компанија „Инд Еко“ од Ријека. Во текот на изминатиот период, извршена е ревитализација на пумпната станица во близина на хотелот „Гранит“ и извршено е комплетно чистење на цевководот во овој …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top