Јан 24, 2020

ОО СДСМ Охрид: Не се предлага нов универзитет, не се укинуваат постоечките факултети на УИНТ

Случајно или намерно во ВМРО ДПМНЕ ги имаат измешано лончињата, не се предлага нов универзитет, не се укинуваат постоечките факултети, со измените во Законот само се престројува Универзитетот за да биде во согласност со постоечкиот Закон за високо образование, реагираат од ОО на СДСМ на изнесеното на денешната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ. Предлагач на измените на Законот за Универзитетот не е пратеничката група на СДСМ туку други пратеници од други партии на кои пратеничката Жаклина Лазаревска од СДСМ им се придружи. Јавноста добро знае што се случуваше на Универзитетот и борбите за пр…

Јан 24, 2020

Божиновски: Да се слушнат забелешките на студентите и професорите на УИНТ „Св. Апостол Павле“

Предлог законот за трансформација на УИНТ „Св. Апостол Павле“ кој го помина  првото читање во Собрание и сега ќе оди на јавна расправа тема на денешната прес конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ.  Од партијата обвинуваат дека со новото законско решение власта на СДСМ создава правна несигурност и страв за сопствената иднина кај вработените и студентите кои не прифаќаат трансформација на Универзитетот.„Дали вицепремиерката Мила Царовска знае што се случува во реалноста и за што се залага пратеничката Жаклина Лазаревска или беше на партиска агенда кога го посети Електромашинскиот училишен центар „…

Јан 24, 2020

Станари од зградите во населбата „Бејбунар“ повторно на протест

Станари од зградите во населбата „Бејбунар“ денеска повторно излегоа на мирен протест против изградбата на нова станбена зграда. Тие во неколку наврати изминативе години преку мирен протест реагираа дека со новата градба во непосредна близина ќе им се намали квалитетот на живот. „ Овде се води спор по два основи. Дадена му е градежна дозвола меѓутоа од друга страна имотно правните односи сеуште не се разрешени. Ние фактички немаме приод до нашите станови. Треба да летаме , како да висат нашите станови. Дирекно ни ги затвора прозорите, терасите.  Земјиштето долу едно време беше блато , сега …

Јан 24, 2020

НУ НП Галичица нема повеќе да продава огревно дрво од сеча на шумата

Националниот парк Галичица, конечно,  ја напушта доскорешната пракса на самофинансирање од продажба на огревно дрво од сеча на шума. Сега се свртуваат кон обезбедување на средства од туристички активности. Со тоа НП Галичица почна да го следи управувањето со природните ресури на национални паркови во западно европските земји, информира Андон Бојаџи од НП Галичица. „Во 2020 нема да има огревно дрво за продажба. Сите кои во минатото се снабдуваа со огревно дрво од ЈУ НП Галичица ќе треба да се обратат во Македонски шуми, шумско стопанство Галичица“, укажува Бојаџи. Во касата на НУ НП Галичи…

Окт 20, 2021

Земјотрес од 3,1 степен утрово ги разбуди охриѓани

Утрово во 3:26 часот бил регистриран земјотрес во близина на Охрид со јачина од 3,1 степени според Европската макросеизмичка скала. Епицентарот бил на два километри од Охрид и на 60 километри од Елбасан. Исто така, земјотресот е почувствуван и во останатите места во Охридскиот регион.

Јан 23, 2020

Локалната размислува за фузирање на јавните претпријатија во градов

Ќе се намали бројот на јавните претпријатија во градов. Градоначалникот Константин Георгиески најави фузирање на постоечките се со цел рационализација и намалување на трошоците на истите. „Градски пазар“ повторно ќе биде дел од ЈП „Охридски комуналец“, „Нискоградба“ ќе биде заедно со „Водовод“, а ќе се формира едно ново јавно претпријатие за градски паркинг, зимско одржување на улиците и за пајак служба. Проблем ќе се само спортските објекти кои сега се заедно со градскиот паркинг, но со завршувањето на градскиот базен сето тоа ќе се вклопи во една работна единица како дел од некое од посто…

Јан 23, 2020

ТИ: Потребен е поголем политички интегритет

Во најновиот Индекс за перцепцијата на корупцијата во светот во 2019 година на Транспаренси интернешнал Македонија со рејтинг 35 се најде на 106 место. На листата од 180 земји на првите места се Данска и Нов Зеланд додека на последните Јужен Судан и Сомалија. Што се однесува до регионот Хрватска е на 63, Црна Гора на 66, Босна и Херцеговина и Косово на 101 место. Повеќе од две третини од земјите – заедно со многу од најнапредните светски економии – стагнираат или покажуваат знаци на заобиколување во нивните антикорупциски напори. „Фрустрацијата од владината корупција и недовербата во инст…

Јан 22, 2020

Одземена концесијата на фирмата “Летница Белвица“ за стопанисување со рибниот фонд во Охридското Езеро

Одземена концесијата за стопанисување со рибниот фонд во Охридското Езеро на фирмата “Летница Белвица“. Концесионерот  го прекршил Законот и договорот за концесија  по неколку основи поради што на вчерашната седница на влада се донесе одлука за раскинување на договорот, кажа денеска во Охрид министерот  земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.Во само неколку месеци од добивањето на концесијата до МЗШВ стигнале низата реакции од рибари, граѓани и од медиумите за работењето на концесионерот поради што во декември минатата година  Државниот инспекторат за земјоделство, АХВ, …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top