Традиционалните „Прличеви беседи“ се одржаа во НУ Библиотека “Григор Прличев“. За животот и делото на Прличев – Вториот Хомер беседеше проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ, со свои лични навраќања кон истражувањата на неговото творештво, нераскинливо врзано за Охрид.
Беше промовиран Каталог на стари и ретки книги – издание на библиотеката, а промотор беше Богомир Наумоски, библиотекар – советник од Струга.
Д-р Наде Караџовска, библиотекарски советник од Прилеп ја промовираше книгата „Библиотеката како медиум за комуникација“ од м-р Мариче Боздоганова, библиотекар – советник, вработена во биб…
Со промоција на своето поетско првенче , стихозбирката ,,Мојата шарена стихувалка“ ученичката Матеа Стоев беше дел од програмата за одбележување на патрониот празник на ОУ ,,Григор Прличев “ Охрид . На промоцијата поздравен збор имаше директорката Ивана Маховска Шикалеска која ја искажа својата гордост што Матеа е ученик токму во нивното училиште и што ја имаат таа чест да бидат домаќини на промоцијата на нејзината прва стихозбирка, токму во деновите кога се празнува делото и ликот на великанот Григор Прличев.
„Не само Григор Прличев Сердарот туку и ние варботените се гордееме што Матеа Ст…
Општинското училиште Григор Прличев на достоен начин го одбележа името кое го носи на големиот литературен деец. Аманетот што ни го остави Григор Прличев е јасен, од овие школски врати да излегуваат способни и талентирани ученици кои ќе израснат во здрава младина, која ќе има свој став, истакна во обраќањето Ивана Махоска Шикалеска, в.д директор на училиштето.
„Секогаш ќе се стремиме да едуцираме уште многу Прличевци кои ќе бидат светла точка не само на нашето училиште, туку и на целата младина и ќе го прослават неговото име високо издигнувајќи ловорики во времето во кое ќе творат и делува…
Владата на последната редовна седница, донесе одлуки за давање на трајно користење на 38 пречистувачи за воздух, за потребите на детски градинки, основни и средни училишта и факултети во неколку општини во земјава.
Покрај Охрид пречистувачи за воздух, ќе добијат и општините Струмица, Куманово, Аеродром, Битола, Илинден, Боговиње, Берово, Гази Баба, Гостивар, Могила, Прилеп и Битола како дел од Програмата за чист воздух.
Кандидатот за Градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ Кирил Пецаков, објави фотографија од неговиот план за реконструкција на плоштадот Чинар – „Крушевска република“.
Плоштадот „Крушевска Република“ има да добие нов и модерен изглед, а со тоа граѓаните и туристите добиваат ново уредено катче. На плоштадот му е потребно дополнително уредување, треба да се постават канделабри и тој да биде осветлен со лед светилки, да се изгради фонтана, да се постават садници и клупи, канти за отпадоци и друга урбана опрема во склоп на плоштадот. Охрид заслужува да биде квалитетно место за живеење, со уба…
Чувствувам голема радост што ја добивам наградата која го носи името на големиот Григор Прличев тука во Охрид, во градот на македонската светлина, култура, духовност, државност и просветителство, кажа лауреатот Стево Симски на Повелбата за најдобра поема за 2019 година за делото „Таинството на богомилите“.„Со Таинството на богомилите сакам да чепнам во нешто што го позабораваме, а тоа е женската енергија. Онаа женска енергија што ранохристијанството ја прави се потврдува овде со еден прекрасен храм кој се нарекува Света мудрост, тоа е Света Софија.“ – кажа Симски. Одлуката на стручното ж…
Власта на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески не успеаја да се справат со препораките од УНЕСКО за Охрид и уривањето на дивоградбите, обвинуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните очекуваат да бидат информирани од Георгиески што им одговори на претставниците од УНЕСКО кажа на прес конференција портпаролот Перчо Божиновски. „Кој одговор им го даде Георгиески на тројцата претставници од УНЕСКО за дивоградбите изградени за време на прогласениот мораториум?Што им одговори на прашањето за депонијата во Буково?Георгиески да одговори кои мерки се преземени и кои активности се спроведени на те…
Започнаа со работа првите тезги во новиот затворен пазар. Денеска и трговците и граѓаните пазаруваа на суво заштитени од студ и снегот кој падна утрово. На приземјето во новиот деловен објект на површина од 1230 метри квадратни, се тргуваше скоро на половина од вкупно 190 нови тезги уредени по ХАСАП стандарди. Пазарџии кои и по 30 години се занимаваат со продажба на земјоделски и прехрамбени производи не го криеа задоволството од условите во новиот пазар. „Условите се идеални. Нема веќе ни дожд ни снег ниту нечистотија. 30 години сум пазарџија, дали вака ќе ги задржиме условиве и во иднин…