Окт 20, 2021

Охриѓанец направил измама со продажба на возило

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Б.(36) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама”. Тој, во текот на март оваа година, извршил продажба на патничко моторно возило „Фиат Пунто” сопственост на Н.Ц. од Охрид, но не и извршил исплата на парите – информираат од СВР Охрид.

Фев 11, 2020

Општа болница Охрид ќе добие апарат за магнетна резонанца

Ресорното министерство обезбедило средства за набавка на апарат за магнетна резонанца за потребите на Општа Болница Охрид и специјалната болница Св. Еразмо. Со тоа пациентите ќе имаат подобар пристап кон здравствените услуги во болниците, најави министерот за здравство Венко Филипче од Охрид. Со набавката на овој современ апарат ќе се скрати времето на чекање за снимање и за оперативните интервенции, кажа Филипче. „ Направивме информација за Владата со која се обезбедува средства во рамките на развојниот буџет на министерството за здрвство да обезбеди средства за магнетна резонанца во Охри…

Фев 11, 2020

Кинеските туристи ги откажуваат априлските туристички аранжмани во земјава

Корона вирусот го зема данокот и во областа на туризмот. Доаѓаат најави со кои се откажуваат аранжманите на Кинеските туристи.Нивниот број е многу помал во однос на земјите од регионот, но туристичките работници во Охрид гледаат со загриженост на откажувањата. Според нивните информации сите пакет-аранжмани кои носат кинески туристи во земјава се откажани како резултат на корона вирусот во нивната земја. Владее страв кај луѓето да ги напуштат живеалиштата во својата земја и да патуваат, посочува Филип Стефановски Тур-оператор од Охрид. „Аранжманите се откажани до април 2020 година. Се надев…

Фев 11, 2020

Влада: За 10 дена да се изработи акциски план за постапување за дивоградбите

На редовната 7-ма седница што вчера се одржа во Охрид, Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информација за присуството на Реактивната Мониторинг Мисија на УНЕСКО. Владата го задолжи Претседателот на Националната Комисија за УНЕСКО да формира работна група од претставници на Министерството за култура, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за транспорт и врски, Општина Охрид, Општина Струга, Општина Дебрца, Управата за заштита на културното наследство и Националната установа-Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид, која што в…

Фев 11, 2020

Активностите за санација на колекторот во полн ек

Градоначалникот Георгиески и премиерот Спасовски, придружувани од Министерот без ресор во Владата на Република Северна Македонија, Едмонд Адеми извршија увид на работните активности за санација на Колекторскиот систем на Охридското Езеро. Активностите за санација и реконструкција на колекторскиот систем се во полн ек. Започнаа на потегот од тунелот на патот Охрид – Пештани, кај Свети Стефан до Билјанини Извори, а веќе 2 километри од цевководниот систем на колекторот се исчистени од корења, градежен шут и друг талог. На овој потег дури за 80 отсто беше намалена функцијата на колекторскиот с…

Фев 10, 2020

Планинската Спасителна Служба интервенираше на Галичица

На Галичица, на превојот „Баба“, викендов заглави возило со двајца патници. Авантурата на овие вљубеници во природата можеше да заврши фатално, но за среќа екипа од Планинската Спасителна Служба интервенираше па возилото беше извлечено од снежните наноси.Патниот правец преку планината Галичица не е безбеден во ниту еден сегмент за користење во зимски услови, особено ако имаме во предвид дека редовно има бројни одрони во текот на зимскиот периоа, ана многу места има и замрзната подлога и патот треба да е целосно забранет во вакви услови, вели Антонио Додевски, Спасителна служба на планина. …

Фев 10, 2020

„Медена земја“ повторно во Охрид

Поради зголемениот интерес филмот „Медена земја“ повторно ќе се прикажува на кино репертоарот во Националната установа Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид, во петок 14-ти и сабота 15-ти февруари 2020 година, со почеток во 20.00 часот, цената на билетот изнесува 100 денари. „Земи половина од медот, половина остави за пчелите.“ Филмот е во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска Сниматели се Фејми Даут и Самир Љума, а како продуцент и монтажер се јавува Атанас Георгиев. Музиката за филмот е на групата „Фолтин“.

Фев 10, 2020

Лицата со посебни потреби за авто обука најчесто користат сопствени прилагодени возила на нивните потреби

Законот за безбедност во патниот сообраќај пропишал услови лицата со посебни потреби да може да се обучуваат и да се стекнат со возачка дозвола. Лицата со телесен инвалидитет во обуките и полагањето за возачка дозвола најчесто користат сопствени прилагодени возила. Целосната обука може да се прави со лекарско одобрение во кое е нагласено дека станува збор за лице со посебни потреби и треба да користат возила со автоматски менувач, напоменува м-р Соња Шикалоска, сообраќаен инженер и сопственик на авто школата „Старс Инжeнеринг“. „Ние како авто школи немаме такви моторни возлилa. Пред се сe …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top