Сликата на туристичкиот импакт во Охрид не е многу поволна.Ова го покажа стручната анализа изработена од тимот професори од ФТУ Александар Трајков, Цветко Андреески и Науме Мариноски, а изработена на барање од ЛС. Бројките направени врз основа на истражувањето со современи методолошки методи покажале дека во периодот од 2000 до 2017 година во регионот доаѓале туристи, но ја избегнувале Македонија. Безбедносните и политчките кризи што се случуваа во изминатиов период во земјава го зеле данокот со намалување на приходот од туризмот во локалната и националната економија. Загубите во домашната…
По успешно завршените два циклуси од програмата „Млади лидери создаваат иднина“, Црвен крст Охрид започнува со нов циклус на спроведување на оваа програма за млади. Програмата „Млади лидери создаваат иднина“ е наменета за ученици од деветто одделение до трета година средно образование. Црвен крст Охрид ја нуди оваа програма со цел да им овозможи на младите охриѓани да ги зајакнат своите лидерски вештини и како лидери да земат учество во живеењето на заедницата, како и да стекнат вештини и ресурси потребни за да се стремат кон компетитивни работни кариери.
Во текот на петнаесет седмици, ко…
Охридски средношколци ќе дебатираат за климатските промени во Брисел. Охридското средното стручно училиште „Св.Кирил и Методиј“ е избрано како претставник на РС Македонија во извлекувањето кое се одржа на 27 ноември 2019 во Брисел. Во посета на училиштето СОСУ„Св.Кирил и Методија“-Охрид, беше Г-дин Роман Хакен, член на Европскиот економски и социјален комитет, за да подготви делегација на студенти на трибината „Твоја Европа, Твој збор“ (Your Europe Your Say), за Европската младина која ќе се одржи подоцна во Брисел во март 2020 год . Г-дин Хакен ќе работи со нашите учениците Сара Настевска,…
Од почетокот на годинава е отворен шелтерот за згрижување на жртви од семејно насилство во Охрид. Во него моментално е сместена една мајка со четири деца. Специлијазираниот сервис е опремен по сите стандарди и има капацитет за згрижување на вкупно 12 лица. Во него привремено ќе се сместуваат жртви од регионот Охрид, Струга, Кичево и Дебар. Тие се под постојан надзор на стручни лица, придружени одат на лекар и во школо. Во близина на центарот, кој заради безбедноста на жртвите се држи во потполна тајност е отворено и Советувалиште за ресоцијализација на жртвите. „Додека се сместени…
Финализирана е конзервацијата и реставрацијата на куполата и на кровните покривачи од црквата св. Богородица Захумска која датира од 1361 година. Со конзервацијата на покривната конструкција и со замената на транзените се обезбедуваат основните предуслови за заштита од атмосферските влијанија и појава на влага во самата црква која делува деструктивно на архитектурата и на ѕидното сликарство.Во тек се подготвителните работи за отпочнување на активностите за статичко зајакнување на црквата, со што ќе се обезбеди целосна заштита на овој средновековен архитектонски бисер.Проектот е финансиран о…
Слаба е посетеноста на Инфо центарот кој постои во рамките на НУ НП Галичица. Прекрасно уредениот простор за едукација и за купување сувенири не е доволно искористен. Идејата за неговото постоење е да се подигнува јавната свест за еколошките вредности кои ги има овој национален парк, напоменува Андон Бојаџи од НУ НП Галичица. Од десетината општински училиша во Охридско и од регионот досега нема интерес за едукативни посети, напоменува Бојаџи.
„Досега немало организирани посети. Тоа најчесто биле случајни и не биле системски. Тоа се должи и на слабиот персонален капацитет на установата за а…
ОСУ „Свети Климент Охридски“ деновиве доби нов училишен инвентар. Во сите училници, старите зелени табли за пишување се заменети со нови училишни бели табли.
Исто така набавени се 120 столчиња, 100 училишни клупи и спортска опрема која е наменета за спортските активности во рамки на наставата.
Вкупната инвестиција за набавка на училишната опрема изнесува 300.000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Националниот координативен центар гранично управување и Службата за спасување на планина потпишаа меморандум за прекугранична соработка. Планинската спасителна служба сега е подговена да делува уште побрзо и поефикасно, кажа Антонио Додевски проект менаџер на проектот Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам. Со потпишување на протоколот за соработка се овозможува 24 часовно делување на спасителната единица при што границата нема да претставува пречка и значително ќе се скрати времето за интервенција, посочува Антонио Додески проект менаџер.
„Се водиме од времето на располаг…