„Сопружници“ ,„ Балкански шпион“ и „Изгубени Германци“ се трите театарски проекти за кои Министерството за култура одобрило финансиски средства на Охридскиот театар за оваа година. Станува збор за две комедии „Сопружници“, адаптирана драма од Вуди Ален, во режија на Драгана Танеска , „Балкански шпион“ од Душан Ковачевиќ во режија на Љупчо Георгиески и политичката драма „Изгубени Германци“ од Дејан Дукоски во режија на Сашо Миленкоски. Аплициравме со 7 проекти , но ни се одобрени овие три, напоменува Горан Симоноски директор на НУ Центар за култура „Григор Прличев“.
„ Задоволен сум , минат…
Квалитетно изработената урбанистичко-планска документација овозможува заштита и унапредување на животната средина, а пак уредувањето на просторот и неговото планирање во договор со граѓаните креира пософистициран лик на Општината и овозможува нејзино правилно просторно искористување. Оттаму обезбедувањето проектна документација за поставување фотоволтаични панели за ридско-планинските места е еден од тие проекти, изјави денеска Кирил Пецаков, кандидатот за Градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“.
Според Пецаков, обезбедувањето сигурни и стабилни извори на …
Членовите на нуркачкиот клуб „Акватек“ за време на едно од зимските нуркања, открија нови колинии на слатководен рак во водите на Охридското езеро. Станува збор за редок вид.
Од „Акватек“ информираат дека колониите се откриени на 10 метри длабочина. Овие прастари жители на Охридското Езеро пред три децении беа на раб на исчезнување поради чума која беснеела во сите слатки води низ цела Европа.
Најраспространет е Европскиот слатководен рак Astakus astakus, кој може да се сретне насекаде во Охридското Езеро. Овој рак преферира меко дно со малку песок. Тој копа тунели на дното и претежно вле…
Бројот на заболени од сезонски грип во охридско-струшкиот регион, поголем од лани. За разлика од 2019 година кога во шестата недела биле пријавени 150 заболени, оваа година таа бројка е 223. Значи има зголемување од речиси 49%. Најголем број заболени имало во петтата недела од годинава, односно на почетокот на месец февруари.
Најголем број заболени и во Охрид и во РМ се на возраст од 15 до 64 години, а највисоката инциденца е на возраст од 5 до 14 години што значи дека станува збор за деца од школска популација, вели Др Јованка Стурлакова Коровешоска-епидемиолог.
Во Охрид не е изолиран ти…
Градот ја усвои програмата за поставување на урбана опрема за оваа година. Во програмата нема големи промени на постојните локакции, но покрај досегшаните се планирани и две нови, напоменува општинскиот портпарол.
„Нема големи промени во однос на оние како решение од минатата година. Промените се мали. Нема тезги околу чинарот туку на малиот паркинг кај некогашната Нама. Ќе има и типизирани тезги на кеј Македонија, по две-три тезги на локацијата кај сега поставеното лизгалиште и кај хотел Палас. Другите локации остануваат исти на улицата Кузман Капидан во близина на Плаошник и после мостот…
Театарската претстава „Каде е пиштолот?“ повторно на репертоарот на народниот театар од Охрид. претставата е работена од унгарскиот автор Габор Ѓоргеј, а е во режија на Дејана Николовска.
Во претставата граат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Ивица Цонев, Стрезо СтаматовскиСценограф, костимограф и дизајн на светло: Милена ПантелееваМузика: Гаро АшикјанСценски движења: Асја ИвановаДраматург: Кристина Тодороска ПетрескаИнспициент: Филип Ангеличин-Жура
„Каде е пиштолот?“ е модерен сатиричен текст со силна егзистенцијалистичка позадина, создаден во седумдесетт…
За Југозападниот плански регион се доделени средства за два големи регионални проекти во висина од 44,3 милиони денари. Владата ги одобри за искористување овие средства, а општините веќе издвоиле и изготвиле приоритетни проекти. Во првата програма за енергетска ефикасност се доделени 27 милиони денари , а партнери се 6 општини со 7 објекти со кој ќе се менуваат столарија и изолaција на кровната конструкција, како и изведување на термофасада. Во општина Охрид од тој проект ќе се користат средства за замена на дотраената дограма на основно училиште, информира Мирјана Лозаноска, директор на Це…
На 16.02.2020 во 14.20 часот било пријавено дека на ул.„Железничка“ во Охрид патничко возило „Пежо“, со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(33) од Охрид, удрило во пешакот З.С.(62) од с.Велгошти, охридско.
Во незгодата З.С. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Општата болница Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.