Локалната самоуправа во соработка со НУ„Завод и Музеј“, како дел од своите програмски активности го реализираше проектот за поставување на информативни табли на објектите кои се означени како културно наследство во Охрид.
Информативните табли се поставени за полесно информирање на бројните посетители за значењето и суштината на знаменитостите. Текстовите на таблите содржат важни информации за објектите и се во насока на афирмација и промоција на oхридската култура и развој на културниот туризам.
Таблите се поставуваа во согласност со Одобрението издадено од Министерство за култура односно…
Во организација на Форумот на жени при СДСМ Охрид и Струга, на 21ви февруари (петок), во големата општинска сала во Охрид, ќе се одржи трибина насловена „Ги запознаваме ретките болести 2020“.Пред присутните ќе говорат Гордана Лолеска, член на здружениео „Живот со предизвици“ и министерот за здравство, д-р Венко Филипче. Почетокот на трибината е закажан за во 19 часот.
Во одбележувањето на Денот на ретките болести 29-ти февруари, на иницијатива на граѓанскиот активист Гордана Лолеска, општина Охрид ќе се вклучи на уникатен начин.
Од вечерва, од 19 часот, па се до 29- ти февруари, зградата на општина Охрид, секоја вечер во траење од 5 часа ќе биде осветлена со зелена, розева и сина, кои се заштитни бои на кампањата за Денот на ретките болести. За прв пат во земјава една јавна институција ке биде осветлена со боите на ретките болести.
Овие 5 часа осветлување се симболика за 5% од пациентите со ретки болести низ целиот свет за кои има некаков лек.
Градоначалникот Константин Георгиески деновиве престојува во работна посета на Израел.
Во текот на вчерашниот ден, градоначалникот оствари средба со Ран Куник, градоначалник на градот Гиватаим, на која се разговараше за продлабочување на соработката помеѓу двата града и потпишување на меморандум за соработка. Исто така се разговараше и за размена на искуства за искористување на иновациите и техничко технолошкиот развој за подобро функционирање на урбаните средини.
Градоначалникот Георгиески ја посети и Опсерваторијата и Центарот за наука, а беше во посета и на едно од деветте основни учил…
Настава без мобилни телефони започна да се применува и во охридските основни училишта. Ова е согласно Кодексот на однесување во училиштето со кој од второто полугодие и наставниците и учениците за време на часовите мобилните телефони не смеат да ги користат. Во ОУ Св. „Климент Охридски“ мобилните се чуваат во специјални кутии.„ Злоупотребата на тие мобилни телефони од страна на учениците го помина секое ниво на толеранција затоа со започнувањето на второто полугодие со соопштение беа известени сите класни раководители, а и учениците. Класните ги земаат телефоните пред започнувањето на наста…
Охрид добива нова пешачко – рекреативна патека од паркот „Билјанини извори“ до истоимениот Спортско рекреативен центар, ветува кандидатот за градоначалник од СДСМ и Коалицијата, Константин Георгиески.
Според идејното решение, должината на патеката е 265 метри и предвидено е да има аморфна форма со променлива ширина. Планирано е да биде опремена со модерна урбана опрема и осветлување. Патеката ќе биде одделена од каналот со зелен појас од висока и ниска вегетација со што се обезбедува безбедност на посетителите. На западната страна е предвидено да има и велосипедска патека за да има цел…
За оваа среда свикана е триесет и деветтата седница на Советот на општина Охрид на ден 26.02.2020 година со почеток во 9:00 часот.
Градските избраници на ова издание на седницата на совет треба да ја усвојат, предлог- програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2020 година како и предлог – одлуката за усвојување на стратегијата за родова еднаквост во општина Охрид за 2020.
На дневниот ред ќе се најдат и предлоодлуките за аплицирање на општината во два проекти кои треба да се изготват во соработка со соседна Грција во рамки на програмата INTERE…
ВМРО ДПМНЕ најмалку има право на каков било коментар околу работењето на колекторскиот систем. За 11 години власт не вложивте ниту 11 денари во неговото одржување, реагираат денеска од ОО на СДСМ на изнесеното на вчерашниот прес на ОК на ВМРО ДПМНЕ за работењето на Државното јавно претпријатие Колекторски систем. „Господа од ДПМНЕ, Вие сте тие кои не само што не вложивте, туку успеавте со Вашата негрижа Швајцарската донација во редуктори во вредност од 1 милион швајцарски франци во 2013 година за само една година да ја сотрете и да нема ништо од сето тоа. Споменувате делбен биланс и вре…