Фев 21, 2020

Секојдневно се заменуваат искршени улични светилки и столбови на улиците и патеките

Службите на ИЦС  системи задолжени за одржување на јавното улично осветлување секојдневно се грижат  за 9100 улични светилки. Имаат полни раце работа и велат дека постојано се на терен за граѓаните да бидат заоволни од јавното осветлување.  Од службата напоменуваат дека постојано интервенираат на оштетените сијалични места. „Најчесто има недисциплина кај граѓаните. Имаме проблеми не само со скршени сијалици туку и со скршени столпчиња, украсна пластика од сијалиците. Секојдневно, реагираме со замена на сијалици како резултат на недисциплинирани граѓани и  не можеме  да ги средиме. Секојдне…

Окт 21, 2021

Со заеднички сили за благосостојба на граѓаните во кризни ситуации

Претставници од владини институции на локално ниво одржаа работен состанок со десиминатор од Охридската организација на Црвен крст. Беа претставени капцитетите на ОО ЦК во насока на зацврстување на заедничката соработка со другите институции во кризни ситуации. Присуствуваа вработени од Капетанија, Пожарна, Центар за управување со кризи, Општа болница и други институции на кои им беа претставени капацитетите со кои располага Општинскиот Црвен крст за идна соработка. Целта е како да ја подобриме благосостојбата на граѓаните во кризни ситуации, истакна   Весна Терзиоска, потпретседател на ОО …

Фев 21, 2020

„Охрид трчаТ“ дел од сплитскиот маратон

Најголемата спортска манифестација во нашиот град, „Охрид трчаТ“, ќе биде дел од 19то издание на сплитскиот маратон. „Охрид трчаТ“, својата богата програма ќе ја претстави на експото пред целата тркачка елита, на детските и штафетните трки и на главниот настан кој ќе се одржи в недела на 23 февруари. Маратонот во Сплит се одржува од 2001 година.  На маратонот ќе учествуваат најдобрите тркачи и на стартната линија се очекува да се појават околу 15 000 вљубеници во трчањето. Четвртото издание на „Охрид трчаТ“ оваа година ќе биде збогатено со полумаратон. Со овој потег и со презентацијата во С…

Фев 21, 2020

Октишани протестираат против неконтролираната сеча на шумата на Јабланица

Октишани протестираат против неконтролираната сеча на шумата на Јабланица. Тие поднесоа петиција за поништување на одлуката за распишување тендер за сеча на шумата. Ние не протестираме за Македонски шуми што го пробиваат патот туку за фирмите кои го добиваат тендерот бидејќи на нив никој нема контрола. Ниту Македонски шуми, ниту полицијата може да исконтролира што сечат и колку, вели Енис Мемедовски, претседател на МЗ Октиси. Пред две години е исечено околу 50 % од шумата над Октиси ,а сега според мештаните имаат намера да го исечат и останатиот дел. Две локации во шумата намерно или нена…

Фев 21, 2020

4 години ИМПРОВОКАЦИЈА во Охрид

Утре се навршуваат четири години од првата изведба на театарската претстава „Импровокација“, проект на професионалните актери, Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски како главни протагонисти и Филип Ангеличин Жура како организатор.Идејата за оформување на оваа група во Охрид тлееше од многу поодамна во главите на Стаматовски и Тодороски, за да на 22.02.2016 година се случи првата претстава од така наречената „Импровокација“. Претставата се одржа во просторот под сцената на НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид. Место кое што понатака, спонтано, се здобива со името „Керал сцена“ и с…

Фев 21, 2020

Нивото на водата во Охридското езеро и натаму под просекот за февруари

Според најновите неделни и дневни мерења на УХМР водата на Охридското Езеро е на кота од 693,33 м.н.в што е за 8 сантиметри под просекот за месецов (693,42 м.н.в). Споредено со минатата недела езерското ниво се зголемило за три сантиметри. Температурата на езерската вода е 7,5 степени. Значително под месечниот просек се и нивоата на реките Црн Дрим и Сатеска.

Фев 20, 2020

Најдоцна до среда повторно ќе бидат функционални рампите кај поштата

Утрово во 2 часот и 30 минути автомобил рено меган со голема брзина удрил во излезниот терминал на рампите кај поштата. Терминалот и рампите се целосно уништени, информираат од ЈП Билјанини извори. Поправката ќе биде завршена најдоцна до среда  и граѓаните непречено ќе може да ги користат рампите. Дотогаш влезот и излезот ќе го контролираат вработените на паркинзите,  објаснуваат од  јавното претпријатие.  Причините за сообраќајната незгода ќе ги утврдува полицијата.

Фев 20, 2020

Во Охрид е најнизок процентот во цела држава на вакцинирани девојчиња од ХПВ вирусот

Во Охрид е најнизок процентот во цела држава на вакцинирани девојчиња од ХПВ вирусот. Иако вакцината е четириваленттна и заштитува од четири типови на карцином на грлото на матката , сепак родителите сеуште се скептични за нејзините позитивни дејства. Потребна е поголема информираност, едукација, но и поддршка од здравствените работници.           „Многу од родителите одбиваат нивните деца да ја примат вакцината и тоа за жал по препорака на здравствените работници кои се против вакцинирањето на децата на 12годишна возраст.“ вели д-р Јованка Стурлакова Коровешоска.Најдобро е децата да се вак…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top