„Урбана култура“ е еден од клучните проекти во нашата предизборна програма кој наскоро започнува да се реализира. Со овој проект се обезбедува комплетно нова слика на најцентралниот и најфреквентниот дел на градот. – истакна Константин Георгиески, кандидат за Градоначалник на Охрид од СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.
Како прва фаза од реализацијата на проекот е реконструкцијата на плоштадот „Чинар“ заедно со пешачката улица „Гоце Делчев“. Реконструкцијата предвидува замена на постојниот плочник со нови гранитни плочки, замена на постојната фонтана, уредување на просторо…
Хигиената е приоритет во Охридското основно училиште “Григор Прличев “ и во подрачните установи.
Викендов беше работен за службите во некои од училиштата во Охрид. Тоалетите во двете згради во централното училиште “Григор Прличев” и во подрачното училиште во населбата Рача темелно се чистеа со специјални средства и машини.
Во таа насока менаџментот на училиштето се стреми постојано да им овозможи здрав престој на учениците во капацитетите и можностите кои ни се дадени.
2020 година уште од јануари зпочна со заштитни мерки од вируси и сезонски грип:
Извршена е дополнителна дезинфекција и …
Заеднички пристап на царинските служби од регионот со цел унапредување на економската соработка во Западен Балкан и справување со проблемите со кои се соочуваат, преку прифаќање на идејата за создавање на регионална економска област во контекст на Берлинскиот процес и Самитот во Трст што се одржа во јули 2017 година тема на Петтата по ред неформална средба на директори и претставници на царинските служби на државите од Западен Балкан што од денеска се одржува во Охрид.Најголем предизвик во царинското работење е трговијата. Елиминација на тарифните бариери, намалување на формалностите, ефик…
ОО на Сојуз на борци од Охрид и Дебрца , претставници од ЛС , почитувачи на борците за слободна на Македонија од НОБ им одадоа почит на револуционерот Андон Дуков и изведувањето на Фебруарскиот поход во 1944 година. Се одбележаа 76 години од двата настани , од смрта на Андон Дуков и изведувањето на Февруарскиот поход.
„Борбата зеде бројни жртви пред кој ние се поклонуваме и чие дело го славиме. На овој ден им оддаваме почит за нивната пожртвуваност, храброст, борбеност, истрајност и визија. Без почит кон минатото нема просперитетна сегашност ни подобра иднина. Денес им изразуваме вечна бла…
ЈП Градски Пазар Охрид, врши продажба на расходовани метални тезги, поставени на отворениот Зелен Пазар на Бул. Туристичка бр. 79. По Одлука на Управниот Одбор на ЈП Градски Пазар Охрид бр. 02-117/7 од 14.02.2020 година, ЈП Градски Пазар ќе врши оттуѓување на расходовани метални тезги и тоа:
-Комплетни метални тезги за расходовање по цена од 2.000,00 денари/парче
-некомплетни метални тезги за расходовање по цена од 10,00 денари /кг
Продажбата ќе се врши од 02.03.2020 до 06.03.2020
година , во стариот отворен Зелен Пазар од 08.00 до – 14.00 часот
Се одбележаа 145 години од раѓањето на Кирил Прличев револуционер, новинар, писател, преведувач. Во Прличевата одаја на НУ Библиотека Григор Прличев се одржа историски час за неговото општествено и револуционерно дело посветено на самостојноста на македонската државност. Денешното одбележување на годишнината од раѓањето на синот на охридскиот Хомер, големиот охриѓанец Григор Прличев, во организација на општина Охрид. За неговата општествена дејност осврт даде Живка Ангелоска, претседател на Советот на Охрид.
„ Кирил Прличев е македонски патриот, револуционер, журналист, идеолог, интелектуа…
Народен правобранител, Подрачна канцеларија Кичево, секој последен четврток од месецот ќе одржува средби со граѓаните на Општина Охрид.
Средбите ќе се одржуваат во просториите на Локалната самоуправа од 9:00 до 15:30 часот.
Датум на средбите, 27.02.2020, 26.03.2020, 30.04.2020, 28.05.2020, 25.06.2020, 30.07.2020, 27.08.2020, 24.09.2020, 29.10.2020, 26.11.2020, 31.12.2020.
Во изминатите 24 часа биле регистрирани 1.197 нови случаи на заразени. Од направени вкупно 7.483 тестови во текот на вчерашниот ден, најголем број новозаразени се евидентирани во Скопје, над 10 проценти, или вкупно 766 лица. Висок е бројот на нови инфекции и во Битола – 94, како и во Прилеп – 56.
Во Охрид во денешната статистика има 24 нови случаи, а во Струга 5.
Министерството за здравство дополнително информира дека варијантата Омикрон е детектирана кај 9 пациенти. Во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се направени анализи за детекција на сојот Омикрон на ви…