Во организација на секторот за Туризам и локален економски развој при Општина Охрид започнаа активностите за практични обуки на тема вклучување на локалните жители во креирање на туристичката понуда и сегментот на агротуризам и стандарди во агротуризмот.
Обуките се дел од годишната Програма за поттикнување на развојот на туризмот за 2020 година и истите се прилагодени за давателите на услуги во алтернативниот туризам, туристичките водичи и туроператори. Според предвиденото, обуките ќе се реализираат во термините 5-6 март и 9-10 март во периоднот од 10 часот до 15 часот во хотел „Нова Ривие…
Општина Охрид изготви „Студија за валоризација на просторот на Студенчишко блато заради негово прогласување за заштитено подрачје“.
Изготвувањето на студијата е дел од Програмата за заштита на животната средина и природата за 2019 година, а за нејзино изготвување беше задолжено Друштвото за еколошки консалтинг „Деконс Ема“ од Скопје.
Во рамки на подготовката на студијата беа ангажирани експерти од Институтот за билогија на Природно-математичкиот факултет од Скопје, Хидробиолошкиот институт од Охрид како и претставници на други институции.
Во студијата е потенцирано големото значење на би…
Власта на СДСМ се однесува несериозно кон животната средина и создава депонија на Мауцкер и не се грижи за зачувување на статусот на УНЕСКО. Локалната власт на СДСМ секојдневно депонира градежен шут и ѓубре на локацијата Мауцкер, иако тоа е забрането, обвинуваат од ОК Вмро Дпмне. Прашуваат зошто и покрај забраната и спротивно на законите повторно се одлага ѓубре на Мауцкер.
„Зошто распишавте тендери и потрошивте милиони, а сликата од Мауцкер го кажува спротивното? За жал вистината е дека останаа само лажните изјави дека наводно е отстрането ѓубрето. Градоначалникот Георгиески и локалната в…
Градот ќе работи Стратегија за развој на туризмот која треба да ги вклучи сите субјекти кои учествуваат директно или индиректно во развојот на туризмот. Последното истражувања за сликата на туристичкиот импакт во Охрид не е многу поволна. Ова го покажа стручната анализа изработена од тимот професори од ФТУ. Меѓу економските показатели еден од најпоразителните факти е податокот дека иако расте бројот на посетители во земјава опаѓала сумата од потрошувачката на пристигнатите гости. Со стратешките насоки градот треба да избира каков туризам ќе развива масовен или елитен.
„Тоа е процес што ни …
Општина Дебрца започна со реконструкција во ЕКО Музеј – Белчишко Блато „Сини вирој“ на старата зграда – касарна во село Белчишта.
Средствата за реализација се озбезбедени од грант во рамките на EU IPA CBC проектот за “Подобрување на заштитата на природните растенија во пограничната област”, со вкупна вредност од 1 милион и 250 илјади, за општина Дебрца се издвоени 241 000 евра.
Други партнери од македонска страна се ЈП за управување и заштита на повеќенаменско подрачје „JAСЕН” и Шумарски факултет – Скопје , а од грчка страна, општината Терми и за Институтот за одгледување на растенија и г…
Екипи на ЈП „Нискоградба“ работат на поставување на фекална канализација околу СОСУ „Св. Кирил и Методиј“. Се поставуваат цевки со дијаметар Ф 200 во должина од 85 метри и 5 шахти. Доколку дозволат временските услови проектот се очекува да заврши за 10-ина дена.
Проектот се реализира со финансиска поддршка на Општина Охрид и е вреден 356 239 денари.
Екипи на ова охридско претпријатие деновиве вршат дислокација на канализациона мрежа на улица „Славеј Планина“. Се поставуваат цевки со дијаметар Ф 160 во должина од 10 метри. И оваа активност е поддржана од локалната самоуправа со вредност од…
На 14/15.01.2022 година од 20 до 03 часот, при извршени засилени сообраќајни контроли, полициските службеници затекнале 08 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-06, Струга-02).
Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози – информираат од СВР Охрид.
Се загадува животната средина и се расфрла секаков вид дотараени електрични и електронски апарати, а постои можност да бидат бесплатно подигнати од домовите. Лиценцираното друштво за управување со отпад „Нула отпад“ ги собира габаритни непотребни електронски и електрични предемети како фрижидери, шпорети и слични апарати од домаќинството. Пријавувањето е на Еко-линијата 070 23 60 00 информира Билјана Костадинова маркетинг агент од оваа компанија. Компанијата паралелно работи на едукација за подигнување на еко свеста кај граѓаните , но сепак има грешки заради несовесно однесување. „Секој по…