ЈП Градски Пазар ги известува граѓаните, согласно Одлуките на Владата на РСМ, во врска со превземање на дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на Корона Вирусот, во затворениот Зелен Пазар СЕ МОЛАТ да се придржуваат на следното:- Продавачите да стојат исклучиво на своето продажно место да нема групирање и да носат заштитни маски и ракавици со цел зачувување на здравјето на сите.-Потрошувачите, затворениот Зелен Пазар исклучиво да го користат за снабдување на неопходни потреби, без подолго да се задржуваат во истиот со цел да не се прави гужва.Доколку не се почитуваат мерк…
Од понеделник се затвора граничниот премин на аеродромот Св.Апостол Павле во Охрид, а се забранува и влез на патници на територијата на Македонија и од земјите со среден ризик од ковид-19.
Ова се само дел од мерките што ги соопшти министерот за здравство Венко Филипче на попладневната прес конференција.
Кандидатот за градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков, упатува честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
Во честитката се вели:
“23 Октомври – Симбол на непокор, патриотизам и слобода.
Дамјан Груев, Иван Хаџи Николов, Петар Поп Арсов, Христо Татарчев, Христо Батанџиев и Андон Димитров ја основаат Македонската револуционерна организација на 23 октомври 1893 година во Солун.
Саможртвата и идеалите на борците за независна Македонија се должни за почит и вечен аманет.
Нека е честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!
Идејата е вечна!…
Во регионот на општините Дебар и Центар Жупа од денеска се воведува кризна состојба поради коронавирусот, откако таму се откриени четири нови случаи на заразени со Ковид-19. Се работи за лица кои биле во контакт со брачниот пар повратници од Италија. Со тоа вкупниот број на заразени од коронавирусот во Северна Македонија се искачи на 13 лица, но се очекува отпуст на првозаболената пациентка, која веќе не покажува симптоми на болеста. Севкупно, во изолација во моментов се 45 лица. Во регионот на општините Дебар и Центар Жупа ќе биде ограничено движењето, , соопшти министерот за здравс…
Дополнителната законска обрска за заштита од заразни болести за дезинфекција на јавниот превоз досега ја испочитувале поголемиот дел од автобуските и комби превозници кои вршат линиски и меѓуградски превоз. Меѓу одговорните компании кои го испочитувале Законот за заштита на населението од заразни болести, а со тоа покажале и грижа за здравјето на нивните корисници и вработени се Ад „Галеб, Пупе компани, Експрес Димакс, Дебрца Експерес, Бале турс, информира Сашо Точков, директор на Центарот за јавно здравје.
Службите на Центарот се единствената јавна здравствена установа која е надлежна за …
Охрид не доби локација каде што ќе се дислоцираат бетонските бази од населените места. Пропадна предложената локација во близина на Мауцкер , во КО Долно Лакочереј на 6 хектари. Ова го одлучија повеќето советници иако досега градот немаше локација. Раководителот на секторот за урбанизам образложи зошто ја избрале таа локација според која согласно Законот за просторно урбанистичко планирање требаше советниците да дадат зелено светло за локална урбанистичка планска документација каде што ќе се градат бетонските бази.
„Ние сметавме дека најсоодветно место да се дислоцираат сите овие бази е та…
Се известуваат жителите на улицата „Партизанска“ кои ги паркираат своите моторни возила на паркингот позади хотел „Дипломат“(населба „Охридати“) и на паркинг просторот позади Студенскиот дом „Никола Карев“ (стар депанданс) дека од 13.03.2020 година (петок), општина Охрид ќе започне работни активности за асфалтирање на овие локации.
За таа цел се упатува апел до жителите да ги отстранат своите возила од овие паркинзи се до завршување на работните активности.
Од понеделник (16.03.2020), фирмата „Еко Тим“ започнува со чистење на секундарната канализациона мрежа на ул. „7ми Ноември“ на потегот од кружниот тек кај ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ до кружниот тек кај „Охридска Банка“.
Заради овие активности, граѓаните кои живеат на овој потег треба сифоните да ги остават полни со вода за да не дојде до непријатни миризби. Исто така апелираме граѓаните да имаат разбирање поради евентуалниот сообраќаен метеж кој би настанал.