Со 17 гласови ЗА , Советот на Општина Охрид едногласно ја донесе одлуката за начинот на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации, како и за времен прекин на постапките за утврдување правен статус на бесправно изградените објекти. Советниците со тоа го продолжија мораториумот за градење до 01 октомври 2020 година.
„И покрај вонредната состојба со епидемијата , градот мора да функционира и да се носат одлуките кои се од витално значење за Охрид. Една таква одлука е продолжувањето на мораториумот за градење. “ – кажа градоначалникот Константин Георги…
Советот на Општина Охрид на денешната седница прифати да бидат ставени на дневен ред уште две точки и истите ги изгласа. Едната одлука се однесува на повеќе заклучоци во врска со препораките и мерките на владата за заштита од Корона вирусот.Eдногласно прифатена и изгласана беше одлуката која се однесува на повеќе заклучоци, а во врска со препораките и мерките на владата за заштита од Корона вирусот КОВИД -19. Со овие заклучоци, Советот ги задолжува сите јавни претпријатија основани од Општина Охрид да ги испитаат законските регулативи и можности за олеснување на обврските спрема правните су…
Граѓаните деновиве многу почесто од вообичаено го вртат бројот на Итната медицинска помош. Зголемениот број на повици се однесуваат на здравствени проблеми од кои граѓаните креваат паника, вели д-р Ајсел Зејноска, директорот на Здравствен Дом.
„Дуплирани се повиците затоа што граѓаните паничат викаат за обична настинка, зголемена температура, вртат на 194, тимовите на итна медицинска помош се должни да дојдат на повик, ги смируваат пациентите. Апелирам да сите да се смират, трезвено да се придржуваат на сите препораки на министерството за здравство и се ќе биде во ред, ќе се надмине ситуац…
Согласно оперативните мерки кои ги презема Општина Охрид за превенција од ширењето на Корона вирусот Ковид-19, во текот на изминатите денови се изврши дезинфекција на основните училишта: „Григор Прличев“, „Братство Единство“, „Методи Патче“, „Живко Чинго“, „Кочо Рацин“ и „Христо Узунов“, како и на ОУТУ „Ванчо Питошески“ заедно со ученичкиот дом.
До крајот на оваа седмица ќе се изврши дезинфекција и на преостанатите основни и средни училишта на подрачјето на општината.
На 16.02.2022 година во 14.30 часот во стовариште на деловен објект на улицата „15 корпус” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од В.А.(31) врз вработениот Т.Б.(42), двајцата од Охрид.
Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Деновиве започна чистењето на секундарната канализациона мрежа на улицата „7ми Ноември“ на потегот од кружниот тек кај ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ до кружниот тек кај „Охридска Банка“.
Овие активности се дел од санацијата на главниот копнен канализациски колектор од населбата Лагадин до Охрид и на делот на главниот копнен канализациски колектор од Охрид до Струга.
Инвеститор на работите е ЈП „Колекторски систем“ Охрид, а работите ги изведува компанијата „ЕКО Теам“ ДОО од Скопје и „ИНД ЕКО“ ДОО од Ријека, Хрватска.
По повод 23 октомври – Денот на Македонската револуционерна борба, градоначалникот Константин Георгиески упати честитка до граѓаните на Охрид.
– Во овој датум и во овој ден, содржани се сите наши борби, стремежи и идеали за самостојна македонска држава. Генерации наши револуционери и борци ги вградиле своите животи, водени од идеалот за самостојна држава, за праведен живот и социјална еднаквост. Денес, ние им се поклонуваме на сите кои придонеле да ја имаме нашата дражава, која ја градиме како заеднички дом за сите граѓани. Пред нас денес стојат нови искушенија и предизвици, на кои вер…
Наќе Чулев, техничкиот министер за внатрешани работи инфромира за 14 нелегални обиди на граѓани да го напуштат кризното подрачје во Дебар и Центар Жупа . Тие се обиделе да ги напуштат Дебар и Центар Жупа без лекарска согласност и биле спречени од полицајците кои го обезбедувале реонот.
„Од страна на одделот за Специјални полициски операции, има 14 обиди за напуштање на кризното подрачје без лекарска согласност тоа е на подрачјето на општина Дебар и Центар Жупа. Извршено е обезбедување и придружба на 22 дотури на намирници на територија на кризното подрачје. Овозможено е непречен транспорт …