96 годишната охриѓанка Надежда Герасимова доби домашна достава со пакет производи од ОО ЦК. Волонтерите денес го посетија нејзиниот дом, но и на останатите лица кои се обратиле до членовите на оваа хуманитарна организација преку телефонската линија за помош. Со давање помош на ранливата категорија сограѓани волонтерите започнаа од 10 март, информира Сашо Точков, претседател на ОО ЦК.
„Оваа недела имавме повици. За два дена имавме опслужено 48 луѓе од социјален ризик кои седат дома, не излегуваат, им ги носиме дома потребните намирници , лекови и средства за лична хигиена“, кажува Точков.
…
На 22.10.2021 година во 21.25 часот на кеј „Македонија” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Н.Б.(22) и С.П.( 40) врз В.Ќ.(32), сите од Охрид.
Против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Виолета Петковска, професор по одделенска настава од 0У Кочо Рацин, одржува настава со своите ученици од дома и во овие вонредни услови. Наставата лице во лице од нашата училница секако, многу ми недостасува и мене и на моите 16 второодделенци, но замена имаме со користење на ИТ технологијата, објаснува Петковска. За да не се изгуби наставниот процес Петкоска потенцира, дека наставникот сам одлучува во изборот каква и која алатка им одговара на учениците во зависност од возраста, од наставните предмети и наставните програми. Денот ми започнува со снимање видео и утрински онлајн контакти со …
Деновиве започнаа работни активности за комплетна реконструкција на улицата која поминува низ поранешната касарна „Михајло Апостолски“ од улицата „Кленоец“ до населбата„Радојца Новичиќ“.
Проектот за реконструкција предвидува асфалтирање на коловозната лента и изведба на тротоари. Исто така, улицата ќе добие и нова сигнализација и осветлување.
Овие активности се дел од годишната Програма за Уредување на градежно земјиште и за оваа намена се издвоени околу 13 милиони денари од буџетот на Општина Охрид.
Градежните работи на терен ги изведува фирмата АД „Илинден“ Струга.
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче на вечерашната прес-конференција информираше дека денеска до 16:00 часот во нашата земја се дијагностицирани 6 нови случаи на коронавирус, со што вкупната бројка изнесува 48.„Во Штип за првпат е дијагностициран вирусот кај девојче на 4 годишна возраст, кое се инфицирало во градинка во Англија – според кажувањата и епидемиолошките податоци коишто ги дава семејството. Во земјава се вратиле на 14 март, било во домашна изолација, а според нивните кажувања се јавиле на тестирање во текот на вчерашниот ден во инфективното одделение во Клиничката болн…
Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ денеска спроведоа вонредни превентивни активности за дезинфекција на јавните површини на подрачјето на Општина Охрид.Согласно препораките за превенција од ширењето на корона вирусот Ковид-19 со средство за дезинфекција беше извршено комплетно чистење на:Старата чаршија,Плоштадот кај Чинарот,Плоштадот „Свети Климент Охридски“Паркот пред рибниот ресторанГрадскиот кеј со сите патеки во градскиот паркУрбаната опрема и клупитеДетското игралиште во градскиот паркИсто така во текот на вчерашниот ден беше извршена дезинфекција на јавните површини во комплексот на…
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“, ОВР Кичево поднесе кривични пријави против Б.С.(46) од Кичево и С.А.(62) од кичевското селоШутово.Првопријавениот, на 18.03.2020 година околу 13.30 часот, го напуштил својот дом, иако на 17.03.2020 година, своерачно под полна морална, материјална и кривична одговорност потпишал изјава дека доаѓа од Австрија, која според Листата од СЗО е зафатена од коронавирус Ковид 19 и дека во времетраење од 14 денови во неговиот дом во Кичево ќе спроведезадолжителна самоизолација….
Некои такси компании сеуште вршат јавен превоз со недезинфицирани такси возила. Додека поголемите превозници од јавниот превоз како автобуси, минибуси и комбиња во Охрид и Дебрца извршиле дезинфекција на возилата, некои сопственици на такси компаниите одолговлекуваат со почитување на Законот за заштита на населението од заразни болести. Од Центарот за јавно здравје, како единствено овластена институција, кажуваат дека од пред неколку дена ги контактирале нивните служби, такси компании и побарале услуга за дезинфекција на возилата, информира Сашо Точков,директор на Центарот за јавно здравје….