Окт 25, 2021

Се одржа општинскиот натпревар „Млади библиотекари“

Во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид во петокот се одржа традиционалниот општински натпревар „Млади библиотекари“. И во услови на Ковид-19 со почитување на сите протоколи библиотеката се покажа како добар домаќин. Се натпреваруваа осум ученици подготвени од менторите: Валентина Рубаноска од ООУ „Св. Наум Охридски“ Пештани, Санте Миткова од ООУ „Христо Узунов“, Наташа Митреска ООУ „Григор Прличев“, Емилија Блажеска од ООУ „Ванчо Николески“ од Лескоец и Снежана Стојаноска од ООУ „Живко Чинго“ од Велгошти. Тестирањето по претходно подготвени прашања од областа на библ…

Мар 23, 2020

Во охридскиот центар за јавно здравје земени материјали за скрининг тестови на 5 лица

Центарот за јавно здравје утрово започна со скрининг тестови кај пет лица за Ковид 19. Брисевите се земаат од грло и нос од страна на стручни лица од центарот соодветно опремени за оваа постапка, вели Сашо Точков, директор на ЦЈЗ. „На пациентите кои претходно преку матичниот лекар добиле термин за да се изврши таа услуга доѓаат во центарот. Сите пациенти кои сметаат дека треба да се тестираат имаат симптоми или имале ризичен контакт треба да се јават кај матичниот лекар по телефон за да ги остават потребните податоци и да ја спроведат анкетата. Матичните лекари врз основа на проценката ги …

Мар 23, 2020

Охриѓани го почитуваат полицискиот час

Охриѓани го почитуваат полицискиот час. Oграничувањето на движењето на граѓаните во периодот од 21.00 до 06.00 часот кое на сила стапи од синоќа, не го прекршило ниту едно лице. Полициски службеници сношти вршеа мото-патроли на подрачјето на седум општини што ги покрива СВР Охрид, со цел доследно спроведување на мерките за ограничено движење за време на полицискиот час и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19.Не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир и нема регистрирани сообраќајни незгоди. Во Охрид е регистрирано едно казнен…

Мар 23, 2020

СВР Охрид: Безбедносната состојба на подрачјето кое се покрива е стабилна

На подрачјето на седумте општини што ги покрива СВР Охрид, изминатово деноноќие, во периодот од 21:00 до 06:00 часот, кога на сила стапи ограничувањето на движењето на граѓаните, безбедносната состојба е стабилна. Само во Охрид за време на полицискиот час и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19 е регистрирано едно казнено дело „тешка кражба“. – Полициски службеници вршеа мото-патроли низ градските средини и приградските населби, со цел доследно спроведување на мерките за ограничено движење за време на полицискиот час и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19…

Мар 23, 2020

Матичните лекари контактираат со своите пациентите исклучиво телефонски

Матичните лекари контактираат со своите пациентите исклучиво телефонски. Секој кој има некаков здравствен проблем или потреба претходно треба да се јави во ординацијата, па лекарот ќе процени дали е потребен преглед или не. Се што можие се врши по телефон освен во итни случаи каде мора да извршиме преглед тогаш пациентот ќе дојде. Оние пациенти кои треба да бидат прегледани задолжително мора да носат заштитна маска, пред да влезат во ординацијата се дезинфицираат, а во чекалната се пуштаат мал број пациенти кои седат на растојание од метар и половина и не смеат да се задржат повеќе од 15мин…

Мар 23, 2020

Двајцата охриѓани заболени од корона вирус засега се на домашно лекување

Двајцата охриѓани кај кои е потврдено постоењето на вирусот Ковид 19 се наоѓаат на домашно лекување. Тие засега се со лесна клиничка слика и не се сместени во болнички оддел при инфективното одделение, информираат од ЈЗУ Општа болница. Од Центарот за јавно здравје посочуваат дека инфектолозите од општа болница телефонски контактираат два пати во текот на денот со заболените и го следат текот на нивната здравствена состојба. Славица Малеска Стојадиновиќ, директор на ЈЗУ Општа болница за ТВМ Телевизија информира дека нивната установа постапила по насоките и препораките од Министерство за здра…

Мар 23, 2020

ЈП Градски Пазар издава деловни простории

ЈП Градски Пазар објавува дека се издаваат следние деловни простории и јавен тоалет : 1. Деловен простор бр.1 со површина од   30 м2 , почетна цена 13,927.00 2. Деловен простор бр.2, со површина од 30 м2,   почетна цена 13,736.003. Деловен простор бр.6, со површина од 30м2,  почетна цена 16,071.004. Деловен простор бр.7, со површина од 30 м2,  почетна цена 16.687.005.Деловен простор бр.8, со површина од 30 м2,  почетна цена 17,610.005. Јавен тоалет  со површина од 28 м2почетна цена 7,258.00Минималната цена за издавање на деловните простории и јавниот тоалет е утврдена од  од овластен процен…

Мар 1, 2022
Охридска гастрономија

Регистер на микро производители на храна

Охридските производители на храна и пијалоци ќе ја промовираат локалната гастрономија. Поголема промоција се овозможува со конвивиумот на SLOW FOOD организацијата на Македонија. Досега нашиот регион е познат само по автохтоната Охридска пастрмка, а гастрономската понуда може да е многу поголема, информира професор д-р Ангела Крстаноска Пјачели, која активно е вклучена во македонската SLOW FOOD организација која брои 10 конвивиуми и 3 президиуми. Од големата палета на локални производи ги наведува охридските цреши и праски, домашната зимница, ѓомлезето, домашниот леб со маја, макалото, охрид…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top