Од Планинската спасителна служба со апел до сите вљубеници во планините, алпинисти, планинари, скијачи, велосипедисти, љубители на природата и планинските спортови.
– Веруваме дека токму Вие, луѓето кои ја сакаат природата и дружбата со планината, често се чувствувате побезбедни на планина отколку во урбаната џунгла на градовите и дека сте пример за водење здрав начин на живот. Затоа впрочем и ние постоиме, за да Ве охрабриме што почесто да уживате во планините и да ги „заразите“ и останатите со „вирусот” на планината. Но, во овие тешки мигови за човештвото, кога целата планета е соочена с…
Од денес започна да функционира за сите училишта националната веб платформа за образование. Досега, наставницте од средните и основните училишта изведуваа интернет настава индивидуално прилагодена секој како знае и умее. ТВМ Телевизија ги контактираше директорите на неколку основни и средни училишта како ќе се одвива наставната програма и отценувањето на знаењето на учениците во овие вонредни услови. Сите ги очекуваат препораките на МОН и Бирото за развој на образованието.
„Размислуваме да одржиме наставен совет преку on -line платформата и ќе ги слушнеме искуствата и препораките од настав…
На 24.10.2021 година околу 23 часот, во зграда на улицата „Партизанска” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.Е.(52) и Г.Е.(51) од Скопје, од една и Ј.М.П.(24) од Охрид, од друга страна.
По целосно расчистување на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Во ова тешко време, кога се соочуваме со несреќа од глобални размери предизвикана со ширењето на коронавирусот, тимот за психосоцијална помош (ПСП) на Црвен крст Охрид составен од два искусни психолози, од денес, 25.03.2020, ќе биде достапeн за сите оние кои се најранливи во оваа кризна ситуација и на кои им е потребна дополнителна психосоцијална поддршка.
Човечки е да се побара помош, а ние сме тука да ви помогнеме во пронаоѓање на одговорите и решенијата на проблемите. Вашите потреби од психосоцијална помош и поддршка можете да ги реализирате од вашиот дом, секој работен ден, јавувајќи с…
Службата за трансфузиологија во Охрид целосно е преземена од одделението кое што се наоѓа во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“. Трансфузиолошкото одделение во Охрид е затворено. Епидемиолозите одлучиле 10 мината вработени лекари, медицински и помошен персонал од одделението да бидат во домашна изолација. Иако сите вработени не биле во директен контакт со пациентот кој подоцна бил дијагностициран со Ковид 19 се наоѓаат дома, информира министерот за здравство Венко Филипче. Тој додаде дека во моментов во Охрид има доволно единици крв и крвни продукти и во ниту е…
Во текот на изминатите денови беа реализирани работни активности за асфалтирање на 3 краци на улица „Прилепска“ во населбата „Железничка“.
Асфалтирањето на уличните краци ќе продолжат и во текот на наредниот период на уште неколку локации во градот и останатите населени места.
Овие активности се во согласност со Програмата за уредување на градежно земјиште за 2020 година во делот на јавниот повик за асфалтирање на пристапни патишта и тесни улички.
ЕВН Македонија нема да ја исклучува струјата на граѓаните кои не ги подмириле сметките за потрошена енергија, уверува Атанас Ковачески портпарол на компанијата за снабдување со електрична енергија. ЕВН ќе ги следи препораките на Владата и Регулаторната комисија за енергетика и ќе ги преземе сите мерки за спречување на корона вирусот и ќе ги заштити и корисниците и своите вработени, вели Ковачески. „Никој не треба да биде загрижен за дистрибуција на електричната енергија и одржувањето на системот за дистрибуција. Тоа е работа на ЕВН. Снабдувањето со електрична енергија е стабилно и екипите р…
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 48-годишната Д.Т. од Охрид, како и против 48-годишниот Х.П.Т. од Швајцарија, со привремено престојувалиште во Охрид.
„Тие не постапиле по мерката за самоизолација од 14 дена и не се придржувале според одредбите по писмената изјава за самоизолација, која што на 9-ти март 2020 година, своеволно ја потпишале на граничниот премин „Ќафасан“. При контрола извршена на 19-ти март 2020 година, полициските службеници утврдиле дека при…