Мар 27, 2020

Руралните општини Дебрца и Вевчани функционираат според препораките за вонредна состојба

Се почитуваат препораките за работа и живеење во овие вонредни услови и во руралните средини кои ги опфаќаат општините Дебрца и Вевчани. Градоначалниците на двете општини Зоран Ногачески и Сашо Јанкоски, информираат дека се преземени сите мерки за заштита на населението од корона вирусот и во нивните рурални општини. Јавните површини во двете општини се дезинфицирани, упатени се апели до жителите како да се однесуваат во овие вонредни услови на живеење. Засега жителите ги почитуваат мерките за самоизолација, и ограничување на движењето на старите лица. Во општина Дебрца, во неколку села, ка…

Мар 27, 2020

РЕГИСТРИРАНИ 18 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ВО ЗЕМЈАТА-ВКУПНО ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 219 ПАЦИЕНТИ

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје – 11, Прилеп – 4, Куманово – 2, Тетово – 1.Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 219 лица.Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:    Скопје (134)    Дебар (43)    Куманово (17)    Штип (8)    Прилеп (6)    Охрид (3)    Велес (3)    Кавадарци (2)    Тетово (2)    Гостивар (1)

Мар 27, 2020

АПЕЛ- Не фрлајте ги заштитните маски и ракавици по јавните површини

Деновиве службите на ЈП „Охридски Комуналец“ задолжени за одржување на јавната и услужна хигиена се соочуваат со проблем кој претставува опасност по нивното здравје и по сите случајни минувачи. По јавните површини (покрај контејнери, тротоари, коловози и зелени површини) наоѓаме расфрлани заштитни маски и ракавици. Затоа упатуваат апел-„Заштитните маски и ракавици уредно спакувани и затворени да се депонираат исклучиво во садовите за депонирање отпад „Доколку сами не се заштитиме и не покажеме поголема свест и одговорност, никој не може да не заштити.“

Мар 27, 2020

СЕ ОДЛОЖУВА ЈАВНАТА РАСПРАВА ПО НАЦРТ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ВЛИЈАНИЕТО НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА НА ЛОКАЛЕН ЕКОЛОШКИ АКЦИОНЕН ПЛАН (2019 – 2025) ОПШТИНА ОХРИД

Поради новонастаната состојба во врска со „Коранавирусот“ и препораките и мерките на Владата на Република Северна Македонија, Јавната расправа по нацрт извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина на локален еколошки акционен план (2019  – 2025) за општина Охрид, што требаше да се одржи утре, петок (27.03.2020) се одложува. За понатамошните активности поврзани со нацрт извештајот благовремено ќе бидат објавени на општинската веб страна.

Мар 26, 2020

Во Охрид регистриран нов случај на заболен од Ковид 19

Регистриран нов случај на заболен од коронавирус во Охрид. Охриѓани стравуваат за состојбата на медицинскиот персонал од одделението за трансфузиологија. Во државава 12 проценти  од потврдените случа на заболени со КОВИД 19 се медицински лица што е загрижувачко. Од Центарот за јавно здравје информираат дека пред два дена зеле брисеви од персоналот од ова одлденеи кое без да знае биле во контакт со заболено лице со Ковид 19. „Вчера беа тестирани тие лица и други лица кои беа упатени од матичните лекари. Резултатите ги очекуваме и не знаме какви се. Се надевам дека министерот ќе ги објави на …

Мар 26, 2020

Маркетите во градов и во вонредна состојба работат со полна пареа

Маркетите во градов и во вонредна состојба работат со полна пареа. За да можат граѓаните да се снабдат со основните животни производи, тие вложуваат максимални напори, па вработените во прехрамбената трговија се на своите работни места и за време на пандемијата предизвикана од вирусот Ковид 19. Маркетите МИСА работат со намален персонал поради препораките на Владата оние кои што се самохрани мајки, имаат деца под 10 год. или се хронично болни да се ослободени од работните обврски. Од 170 вработени, сега работат 145. Но, тоа не значи дека не се на ниво на задачата. Вработените го даваат сво…

Окт 25, 2021

36-годишен охриѓанец ги нападнал гостите и вработените во угостителски објект на ул. „Железничка“

На 24.10.2021 година во 18.30 часот, во СВР Охрид приведен е Ј.Ѓ.(36) од Охрид кој, претходно, во угостителски објект лоциран на улицата „Железничка” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со непристојно и агресивно однесување кон вработените и гостите во објектот. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – велат од СВР Охрид.

Мар 26, 2020

РЕГИСТРИРАНИ ВКУПНО 24 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ВО ЗЕМЈАТА, ВКУПНО 201 ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ ПАЦИЕНТИ

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 24 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Куманово (4), Дебар (2), Охрид (1), Штип (1), Тетово (1). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 201 лица. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: – Скопје (123) – Дебар (43) од кои 2 починати – Куманово (15) од кои 1 починат – Штип (8) – Велес (3) – Охрид (3) – Кавадарци (2) – Прилеп (2) – Гостивар (1) – Тетово (1) Од Клиниката за инфективни бо…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top