Апр 2, 2020

Кривична пријава заработи скопјанецот заболен од Ковид 19 кој го загрозил здравјето на вработени во охридски кабелски оператор

44 годишен скопјанец заработи кривична пријава за загрозување на здравјето на вработените во охридски кабелски оператор. Лицето допатувало во Охрид со цел да се самоизолира во својот стан откако го дознал својот статус на инфициран со корона вирус. Но пред да се стави во самоизолација отишол да си обезбеди приклучок на интернет и телевизија без безбедносна заштита, односно маска и нараквици, информира Стефан Димоски од СВР Охрид. „Кривичната пријава е поднесена во моментот кога е констатирано дека тој излегол од неговиот стан во Охрид и се упатил кај кабелскиот оператор. По овие основи е п…

Апр 1, 2020

Новиот директор на општа болница врши реорганизација за да им се излезе во пресрет на сите пациенти да се примаат во услови на епидемија

Новиот директор на охридската болница, д-р Горан Балевски, интензивно работи на реорганизација на работата на Инфективното одделение. Денес на стручен колегиум е формиран Кризен штаб на општа болница и направен е протокол какви случаи ќе се примаат на лекување. Сите лекари ќе бидат маскимално заштитени и ќе се вклучат во поддршка на работата на трите лекари инфектолози. Инфектолозите од одделението според препораките на одделот за лекување да ги примаат сите пациенти од регионот без разлика дали им е утврден вирусот или не. По утврдување на состојбите ќе ги упатуваат на другите оддели споре…

Апр 1, 2020

Охриѓанец фатен со кокаин

На 31.03.2020 година во 20.20 часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, при извршен преглед врз А.М.(23) од Охрид, пронајдени и одзмени се три наjлонски ќесички со опојна дрога кокаин. Дополнително, по извршен претрес во неговиот дом, пронајдени и одземени се кокаин и марихуана, подготвени за натамошна продажба. А.М. е приведен и лишен од слобода, а по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Мар 31, 2020

Со втор сет мерки тежок 200 милиони евра владата ќе се справува со последиците од корона вирусот

Техничката влада го донесе вториот пакет финансиски мерки за справување со кризата во економијата поради коронавирусот. На денешната прес-конференција техничкиот премиер Оливер Спасовски ги презентираше новите мерки тешки 200 милиони евра. Приватниот сектор ќе добие финансиска помош за исплата на платите на вработените за месеците април и мај, рече Спасовски. „Го донесовме вториот сет мерки за справување со кризата со консултација и суштинска дебата низ разговори со економски познавачи експерти и стопанственици.Со мерката 1 се предвидува финансиска помош за приватниот сектор исплата на пла…

Мар 31, 2020

Пациентите со забоболка ќе се лекуваат во итната стоматолошка служба при Здравствен дом

Охридските стоматолози од итната стоматолошка служба при Здравствен дом Охрид ќе ги лекуваат пациентите со забоболка по нов протокол за работа. Според новите протоколи во вонредни услови итните случаи ќе се лекуваат кај овие стоматолози по претходна консултација со матичните стоматолози, информира д-р Александар Филдишевски специјалист по превентивна детска стоматологија од ЈЗУ „Здравствен дом“ Охрид. „Ќе објавиме на влезната врата на амбулантата и на вратите на сите приватни ординации пациентитет да го контактираат матичниот стоматолог и тој да одлучи ако има потреба да ги препрати кај на…

Мар 31, 2020

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ОТВОРИ ПОСЕБНИ СМЕТКИ ЗА ДОНАЦИИ, МОЖЕ ДА СЕ ДОНИРААТ ПАРИЧНИ СРЕДСТВА, НО И ОПРЕМА СОГЛАСНО ЛИСТАТА НА ПРИОРИТЕТИ НА МИНИСТЕРСТВОТО

Министерството за здравство им се заблагодарува на сите кои досега со донаци во парични средства и добра дадоа поддршка во напорите на институциите за справување со состојбата со Ковид-19 во земјата. Со оглед на бројните прашања и интересот за донации, министерството има отворено наменски донациски сметки. За директна финансиска помош во парични донации за набавка на стоки, добра и услуги кои се потребни заради заштита на населението на Република Северна Македонија од коронавирусот средствата може да се уплатуваат на:Во денари:Сметка бр. 1900100434 785 K2;Депонент на: НБРМ;Приходна шифра бр…

Окт 25, 2021

Пецаков : Проекти за светла иднина во Видобишта, Бараки, Илинден и Црногорци

За жителите на населбите Видобишта, Бараки, Илинден и Радојца Новичиќ-Црногорци гарантираме проекти за светла иднина, стои во соопштението на Кирил Пецаков кандидат за Градоначалник на Охрид. Пред жителите на овие населби се обврзуваме на: Изградба на ново мултифункционално спортско игралиште, асфалтирање на улици и краци во населбата Гоце Делчев-Бараки, измена и дополнување на ДУП за 11-та и 12-та Урбана Заедница, промена на азбестни водоводни цевки со нови на улиците ,,Ристо Чадо” и „Андреја Јованоски”, изведба на атмосферска канализација на улиците „Ристо Чадо”, ,,Прва ударна македо…

Мар 31, 2020

Фатено лице кое извршило кражба во струшко училиште за време на полициски час

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“ и „тешка кражба“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Т.Н. (31) од Струга. На 29.03.2020 година во 16.35 часот, за време на ограничувањето на движењето на граѓаните, при контрола за доследно спроведување на мерките за ограничено движење за време на полицискиот час и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, полициските службеници го затекнале пријавениот на улицата „Боро Хаџиески Путе“ во Струга. – По дополнително преземени мерки, констатирано е…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top