Стотина тегли со мед и пчелни производи донираа од здружението на пчелари на ЈЗУ Општа болница Охрид. Охридските пчелари со овој гест подарувајќи им здрава храна им искажаа благодарност на здравствените работници кои се грижат за здравјето на граѓаните во борбата со корона вирусот бидејќи тие се на првата борбена линија, информира Тони Јосифоски од здружението на пчелари Охрид. Тие што се вклучија донираа несебино кој кило кој две мед и прополис, а прозиводите ќе бидат доставени до инфективното одделение, додава Јосифоски.
„Пчелните производи се здрава храна, која е произведена од природа…
На денешната прес конфееренција Министерот за здравство Венко Филипче информира дека во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15 ново заразени пациенти со новиот коронавирус.
Еден од новозразените е лице соседна Струга, со што вкупниот број на заболени лица се искачи на 570 лица.
Министерот Филипче подвлече дека во текот на изминатиот ден се направени се 202 теста и апелираше да се почитуваат мерките на Владата за спречување на Коронавирусот.
Министерството за труд и социјална политика известува дека денеска 26.10.2021 год. (вторник) започна етапната исплата на октомвриските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.10.2021 година (вторник); За пензии со висина 11.001-14…
Во општините Охрид и Дебрца има основци и средношколци кои не можат да си дозволат следење на online настава. Причините се различни, учениците не можат да си дозволат компјутери, смарт телефони или интернет пристап и не се вклучени во вонредниот наставен процес. Повеќето од нив се од семејства во социјален ризик, но има и такви каде што родителите се немарни.
Во Средното угостителско училиште Ванчо Питошески 15 проценти од нивните ученици немаат пристап до интернет за да се вклучат во вонредниот порцес на настава. Станува збор за 30 ученици од различни класови кои во моментов се дома од ра…
Од СВР Охрид информираат дека безбедносната состојба на подрачјето на седум општини што ги покрива секторот за внатрешни работи е стабилна.
Инаку на подрачјето на СВР Охрид, регистрирани се вкупно 668 лица што се под задолжителна мерка државен карантин (Охрид- 390, Струга- 278) кои се сместени во пет сместувачки објекти. Полициските службеници извршија 97 контроли на угостителски објекти.
Изминатово деноноќие, во периодот од 07:00 часот на 5-ти до 07:00 часот на 6-ти април 2020 година, целосно се почитувала забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и з…
Министерството за труд и социјална политика информира дека се продолжува периодот на платено отсуство од работа поради нега и одгледување на новородено и посвоено дете се до истекот на траење на времените мерки. Со уредба со законска сила на Законот за работни односи што ја донесе Владата, отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство и посвојување, продолжува да тече и надоместокот на плата продолжува да се исплаќа до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус COVID-19.
Продолжувањето на породилното отсуство ќе се ре…
Изминатово деноноќие, во периодот од 07 часот на 04.04 до 07, часот на 05.04.2020 година, четири лица ( Охрид-1 и Струга-3), не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19. Во истиот период, едно лице не ги почитувало одредбите за карантин и за време на траењето на мерката, ја напуштил хотелската просторија и се упатил во друга просторија. Против сите лица кои ги прекршиле законските одредби, ќе бидат поднесени кривични пријави според членот 206 од Кривичниот законик. .Истовремено, не с…
Изминатово деноноќие, во периодот од 07,00 часот на 03.04 до 07,00 часот на 04.04.2020 година, три лица во Охрид и едно во Кичево не ја почитувало забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19.
Во истиот период, не се регистрирани собирања на граѓани, нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди. Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација. Нема нови лица со решен…