Фев 4, 2022

Јавен повик за предлог проекти во рамки на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2

Општина Охрид во партнерство со програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) објавува Јавен повик за Граѓански организации за поднесување предлог проекти во рамки на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2). Проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан2 (ReLOaD2) е финансиран од Европската унија и го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во шест земји/територии од Западен Балкан. Проектот ќе трае до декември 2024 година и има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на зе…

Дек 15, 2021

ВО ОУ “ХРИСТО УЗУНОВ“ СЕ ОДРЖА ПОКАЗНА ВЕЖБА ЗА ЕВАКУАЦИЈА ПРИ ЕЛЕМЕНТАРНА НЕПОГОДА

Симулациска вежба за евакуација, според соодветно сценарио, денес, се реализира во основното училиште „Христо Узунов“. Показни вежби и симулации на евакуација во случај на природна непогода претходно се спроведоа во основните и средните училишта во Охрид и Дебрца. На завршната вежба присуствуваше градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. Предвидено е по завршувањето да се изработи извештај со заклучоци од сите претходно реализирани симулации кој ќе биде доставен до Локалната Самоуправа. Симулациските вежби беа во организација на отсекот за превенција при СВР Охрид во координација со ТППЕ …

Фев 4, 2022

72-годишна охриѓанка пронајдена мртва

На 03.02.2022 во 10:37 часот во СВР Охрид пријавено e дека во домот на ул.„Александар Турунџев” била пронајдена почината 72-годишната З.Т. од Охрид. Лекар од Итна медицинска помош константирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата e дадено на обдукција – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Дек 15, 2021

Охриѓанец фатен со 100 килограми дрога од Албанија

На (14.12.2021) полициски службеници од Бирото за јавна безбедност, поточно Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи заедно со САЕ „Тигар“, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Охрид го лишија од слобода З.С.(57) од Охрид, со што успешно е пресечен уште еден меѓународен канал за транспорт на дрога од Р.Албанија во нашата земја во вкупна вредност од околу 300.000 евра. Имено З.С., управувајќи патничко возило „мерцедес“, со охридски регистарски ознаки, се упатил во с.Љубаништа, охридско, со намера да и…

Фев 4, 2022

Охриѓанка присвоила 1.182.022 денари од маркетот во кој работела

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Л. (32) од Охрид. Таа, во својство на одговорно лице во маркет лоциран на улицата „Гоце Делчев” во Охрид, подолг временски период, противправно присвојувала парични средства- сопственост на правниот субјект кои и биле доверени за работа. Со тоа, според финансиска документација приложена од сопственикот на правниот субјект, пријавената предизвикала материјална штета од 1.182.022 денари – информираат од СВР Охрид.

Дек 15, 2021

„Макпетрол“ предупредува на лажната наградна игра на „Фејсбук“

На социјалната мрежа „Фејсбук“ неодамна се појави наградна игра преку корисничкиот профил „Макпетрол Македонија“. Компанијата нагласува дека и наградната игра и споменатата интернет-страница се лажни и немаат никаква допирна точка со „Макпетрол“. Како дел од наведената игра, невистинито се наведува дека се доделуваат ваучери од 6.000 денари за гориво, за тие што ќе ја заследат лажната страница, ќе ја споделат истата и ќе остават коментар. Сакаме да потенцираме дека, компанијата „Макпетрол“ АД има една наградна игра која се реализира под мотото „Верна – Една и единствена“, како и еден…

Фев 4, 2022

Одложена претставата „Сопружници“ поради болест на еден од актерите

Театарската претстава „Сопружници“ која беше закажана за денес, се презакажува за 18.02.2022 (петок). Од НУ Центар за култура „Григор Прличев“ информираат дека претставата е презакажана поради болест на актер вклучен во истата. Оттаму додаваат дека веќе купените карти ќе важат, а можат и да се заменат на билетарата.

Дек 15, 2021

Акција за подигање кабаст отпад во осма Урбана единица оваа сабота

Ј.П.„Охридски Комуналец” ги известува граѓаните на општина Охрид дека на ден 18-ти декември, сабота, организира акција за подигнување кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.)  од 8-ма Урбана единица. Со акцијата ќе бидат опфатени улиците: „Никола Карев”, „8-ми Септември”, „Мирче Ацев”, „Лазо Трпоски”, „Галичица”, „Ванчо Питошески”, „Билјанини Извори“, „Карпош Војвода”, „Сирма Војвода” и други споредни улици од овој реон.Се молат граѓаните кои живеат во наведените делови од градот, доколку имаат ваков отпад,  уредно да го депонираат до 18-ти декември, сабота, во…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top