Донција од три тони алкохол добија медицинските центри од Охрид, Струга, Вевчани, Ресен и Битола. Вредната донација од медицински алкохол е на иницијатива на општина Охрид и ЈЗУ Општа болница Охрид. Донатори се компаниите Зегин, Винарија Лозар, НВО Балкан медија, ЈП Охридски комуналец.
„Од името на општина Охрид сакам на тие што се погрижија за да се реализира донацијата да се заблагодарам. Апелирам и на другите компании и поединци од општина Охрид да се вклучат во слични вакви акции во овие тешки моменти сите заедно да ги пребродиме полесно“, кажа охридскиот градоначалник Константин Георг…
Вработените и учениците го одбележаа патронатаот на ОУ Христо Узунов во специфични услови и на поинаков начин од вообичаените свечени програми на одблежување на денот на учлилиштето. Во време на панедмија кога школите не работат годинава со помош на социјалните мрежи се одбележаа јубилејот 115 година од смртта на Христо Узунов и 34 години од постоењето на школото , информира Оливија Пирузе Јанева , директорот на ОУ. Пирузева Јанева кажува дека покрај низата активности на социјалните мрежи за одбележување на патронатото објавена е и Песната за Христо Узунов подготвена од професорот по музика…
Денеска, 27-ми октомври, според календарот на Македонската православна црква се празнува Преподобна Параскева – Петковден, во народот позната како света Петка.
Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Св. Петка се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева.
Голем број лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Голем број македонски семејства Петковден го празнуваат како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености.
Им…
Екипи на ЈП „Нискоградба“ деновиве работат на реконструкција на дел од канализационата мрежа во село Пештани. Акцијата се спроведува со цел да се реши проблемот предизвикан со дел од септичките јами.
На стрмен простор се изработува каскадна шахта која ќе е поставена на длабочина од 2 метри, а на длабочина од околу 4 метри се поставува нова цевка Ф 20 со должина од 25 метри. Зафатот се очекува да заврши деновиве.
Од 15 те случаи во Охрид кои се регистрирани со корона вирус сеуште нема излекувани. Во овој момент нема информација дека има оздравени лица кои се на домашно лекување. Охрид петти ден е без регистрирани нови случаи на инфицирани. Нема место за паника, порача министерот за здравсто по последниот случај од 19- ти април кога беа регистрирани 8-охриѓани, а вработени на една бензиска пумпа во Охрид.
„Сметам дека работата е локализирана и овие мерки на рестрикција кои досега ги презедовме и новите кои ги воведовме, работите ќе се под контрола како што е сега , “ вели министерот Филипче.
Минист…
Во екот на пандемијата со Ковид 19 нема пријави за семејно насилство во Охрид. Необично е мирна состојбата во изминатиов месец и половина. Затишјето во време кога на сила е ограничување на движењето и граѓаните се претежно во своите домови ги изненадува социјалните работници. За споредба само во првите два месеци од годинава 40 жртви пријавиле насилство во семејството, информира Ајтен Мусли директор на Центарот за социјална работа. Социјалните работници кои работат со жртвите се изненадени бидејќи претходно имале зголемен инетнзите на повици за пријавување на семејно насилство, вели Мусли.
…
Во текот на изминатото деноноќие (22/23.04.2020 година), според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид седум лица не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19 (Кичево-6, Струга-1).Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Во истиот период, не се евидентирани кражби и нема регистрирано нарушување на јавниот ред и мир.
На подрачјето на СВР Охрид, евидентирани се вкупно 290 лица во изолација (Охрид-145, Струга-13, Кичево-21, Дебар-…
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 29 излекувани пациенти. Од нив 4 пациенти од болничко лекување и 25 кои се лекуваа во домашни услови. Излекувани пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Скопје – 21, Битола -3 и Струмица-1.
Во изминатите 24 часа потврден е 41 нов случај на ковид-19. По градови: Скопје -17, Куманово -11, Прилеп– 5, Тетово – 3, Кавадарци – 1, Гостивар -1, Крива Паланка -1, Кичево -1, Неготино -1. Лицето евидентирано во подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија.
Со ова вкупната бројка на дијагностициран…