Во изминатите 24 часа направени се 145 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-13, Прилеп-2 и Тетово-7. Досега во земјата се направени вкупно 19241 тестирања на ковид -19.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и 64 оздравени пациенти.
– Скопје 17
– Куманово 9
– Прилеп 12
– Тетово 3
– Струга 12
– Охрид 9
– Гостивар 1
– Кичево 1
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1664, бројката на оздравени пациенти е 1200, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 373.
По извршената реконструкција и замената на бехатон плочките со гранитни, деновиве плоштадот “Табана“ хортикултурно се уредува, а поставена е и инсталација за соодветно осветлување.
Во текот на утрешниот ден ќе бидат поставени жардинерии околу плоштадот и се замолуваат граѓаните да не паркираат возила на овој простор.
Вредноста на овој проект е 2.672.582 денари, а Општина Охрид го реализира во соработка со Центарот за развој на југозападниот плански регион.
Делови од депонијата „Буково“ деновиве беа повторно запалени, поради што континуирано се ослободуваше чад.
Службите на Ј.П.„Охридски Комуналец“ извршија вонреден третман на деловите од депонијата „Буково“ кој тлееа и од низв избиваше чад.
Беа ангажирани неколку возила и цистерна за да теренот биде третиран со специјално биолошко средство-органска алга, а ситуацијата е веќе ставена под контрола.
Во текот на изминатото деноноќие (08/09.05.2020 година), за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, едно лице во Струга не ја почитувало забраната за движење. Тој е приведен и против нив ќе биде поднесена кривична пријава по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Во истиот период, не се пријавени и регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди. На подрачјето на СВР Охрид,…
Во општините Охрид и Дебрца денес веќе НЕМА активни пациенти, односно лица позитивни на вирусот COVID-19, поточно сите 15 лица позитивни на коронавирус од почетокот на епидемијата, се оздравени.
За период од 01 до 08 мај 2020 г.
– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 76 лица и тоа по место на живеење: во општина Охрид и Дебрца 24 лица, во општина Струга и Вевчани 34 лица и 18 лица, во општина Дебар и Центар Жупа- Од вкупно земените материјали, 48 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај)…
На 03-01-2022 година во 00,20 часот, полициски службеници од СВР Охрид извршија контрола во хала на поранешен деловен објект, лоцирана на улицата „Стив Наумов” во Охрид каде беше организирана новогодишна забава.
Притоа, констатирано е дека организаторот овозможил присуство на шест малолетници подоцна од 24 часот, поради што, против правното и одговорното лице ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Во изминатите 24 часа направени се 411 тестирања, а потврдени се 36 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-7, Куманово-4, Прилеп-4, Тетово-12, Велес-6, Гостивар-1, Пехчево-1 и Берово-1. Досега во земјата се направени вкупно 18821 тестирања на КОВИД-19. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 13 оздравени пациенти.
– Скопје 6- Куманово 2- Прилеп 1- Тетово 1- Македонски Брод 1- Пехчево 1- Виница 1
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 58 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката пред една недела со тешка форма на болеста, пр…
До општинската организација на Црвен крст со барање за помош се почесто се обраќаат невработени охриѓани, а се млади и работоспособни луѓе. Тие сограѓани се посебен предизвик за нас за да им помогнеме во нашата организација, вели Сашо Точков, претседателот на ОО Црвен крст. Има голем број на луѓе кои се обраќаат да им помогнеме со социјални пакети со храна и средства за хигиена, но ние би сакале да им помогнеме сами да заработуваат за живот, додава Точков.
Има голем број млади луѓе кои бараат помош, кои се во средовечни години, 30 – 40 години кои можат да работат. Им ги нудиме и тие у…