Во пресрет на одржување на вториот круг од Локалните избори што ќе се одржи во недела на 31 октомври 2021 година, Министерството за внатрешни работи известува дека и во сабота и недела управните служби ќе работат во општините каде што ќе има гласање во втор круг со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните да може да ги подигнат личните карти.
Одделот за граѓански работи, односно отсеците за управни работи на оваа организациона единица при МВР – Куманово, Велес, Охрид и Тетово со сите подрачни единици во нивни состав на 30.10.2021 година ќе работат на прием и издавање на лични карти со…
Од двата новорегистрирани случаи на КОВИД 19 во Охрид, едно лице е вработено во фабриката ОДВ Електрик во ТИРЗ Струга, а членови на семејството на другиот случај биле вработени во фабриката. Погонот од вчера е затворен , а во изолација се сите контакти на лицата, вели Сашо Точков, директор на охридскиот ЦЈЗ.
„Согласно процедурите со извештајот и резултатите добиени од Лабораторијата на Институтот за јавно здравје од Скопје се направи записник од страна на епидемиолозите и инспекциските служби и Комисијата за заразни болести донесоа соодветно решение за престанок за работа за погон.“
ТВМ и…
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти.
– Скопје 7
– Куманово 6
– Прилеп 2
– Велес 1
Во изминатите 24 часа направени се 460 тестирања, а потврдени се 17 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-3, Куманово-2, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-2, Битола -1. Досега во земјата се направени вкупно 20548 тестирања на ковид-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (89г), хоспитализиран од 4 мај. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и пациент од Велес (72г) починат на 13 мај во ГОБ „8 септември“, кој бил на болничко л…
Од локалната самоуправа информираат дека запишувањето на првачињата во новата учебна година ќе се врши во месец јуни.
Согласно Уредба со законска сила за измена и дополнување на уредбата со законска сила за примена на Законот за основно образование за време на вонредна состојба и насоките од Министерството за образование и наука, запишувањето на децата во прво одделение во основно училиште за учебната 2020/2021 година ќе се реализира во месец јуни,2020 година, информираат од локалната самоуправа.
Концесионерите на плажите бараат да не им се наплатува концесија и ова лето. Велат ќе работат со намалени капацитети , двојно помалку гости заради растојанието кое ќе треба да се запази помеѓу лежалките. Услови за социјална дистанца има, но ќе има и поголеми трошоци за дезинфекција на урбаната опрема за да се спречи ширењето на корона вирусот.Дел од нив сметаат дека е неопходно и скрининг тестирање на персоналот пред отпочнување со работа.
„Мора и кај нас персоналот да биде тестиран, хигиената без да ја определат институциите ние максимално ќе се грижиме да биде на високо ниво сето …
Предлогот треба да се разгледа на утрешниот состанок на Советот за безбедност. Од Комисијата потребата за продолжување на вонредната состојба ја првдаат со тоа дека дел од мерките и рестрикциите кои ги предложуваат важат во вонредна состојба и е важно да бидат и понатаму на сила. Вонредната состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски на 16ти април, истекува во сабота. На 18 март беше прогласена првата вонредна состојба на територија на цела држава во траење од 30 дена. Потоа, Претседателот ја продолжи за дополнителни 30 дена.
На барање на претседателот на државата Стево Пендаровски, а како заклучоци од лидерската средба, Комисијата за заразни болести изготви протоколи за избона кампања и за денот на спроведување на изборите кои мора целосно да се спроведат, истакна на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче. „Сите лидери се изјасниле дека здравјето на граѓаните е на прво место и затоа очекувам сите партии, членовите и сите учесници во изборниот преоцес ќе го почитуваат протоколот. Протоколот произлегува од генералните препораки за заштина на граѓаните кои сега се во сила и ќе останат во нареднио…
На ден 25.01.2022 година вторник со почеток во 09:00 часот во големата сала е закажано седмото издание на седницата на Советот на Општина Охрид.Покрај усвојување на Записникот од 4-та седница, на обемниот дневен ред на ова издание на седницата на градскиот совет ќе се најдат голем број предлог одлуки за за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација, со цел вклопување на бесправно изградени објекти, па предлог-одлуката за давање согласност на планот за изменување на Годишниот План за вработување на Општина Охрид за 2022 година потоа предлог-одлука за спроведување …