Мај 19, 2020

Се бара место повеќе за закотвување на пловни објекти во Студенчишкиот канал

  Место повеќе се бара за паркирање на пловните објекти во каналот Студенчишта. Сопствениците на глисери, кајчина и бротчина бараат безбедни места за да ги закотват пловилата по преземањето на дел од каналот под ингеренции на СРЦ Билјанини извори, информира директорот Гордана Јованоска. „Интересот за паркирање на глисерите и другите пловни објекти од оваа страна на каналот е многу голем. Капацитетот е исполнет сто посто и сите се задоволни од нашиот начина на работа, отвореност, транспарентност и љубезност на вработените. Сигурноста која ја имаат сопствениците на глисерите во нас допринес…

Мај 19, 2020

Денес 22 нови случаи на Ковид-19

Во изминатите 24 часа направени се 533 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-8, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-3, Струга-1, Велес-4, Свети Николе-1 и Гостивар-1. Досега во земјата се направени вкупно 22255 тестирања на ковид -19. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 50 оздравени пациенти. – Скопје 16 – Куманово 10 – Прилеп 6 – Тетово 15 – Велес 1 – Крива Паланка 1 – Валандово 1 Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 203 теста се во рамките на скринингот во градинки во Велес и Скопје и сите се негативни. Од досега направенит…

Мај 19, 2020

Се уредуваат зелените површини во приградските населби

Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец“ се постојано ангажирани во подигнувањето на степенот на јавна чистота и јавното зеленило во градот и приградските населби. Во изминатите денови интензивно се уредуваа приградските населби. Се косеа тревните површини и се отстрануваше дивата вегетација од тротоарите, покрај граничниците, коловозите и другите пешачки и јавни површини во селата Подмоље, Велгошти, Лескоец, Долно Лакочереј, Горно Лакочереј и Косел.

Мај 19, 2020

Рибата „Сончарка“ се одомаќини во водите на Охридското Езеро

Од нуркачкиот центар „Амфора“ информираат дека после подолга обсервација рибата „Сончарка“ кој природно не припаѓа во ендемичниот еко систем на Охридското Езеро веќе се одомаќинила во охридските води и забележани се многу интересни моменти особено во нејзиното однесување за време на мрестење. Сончарката главно се храни со инсекти и ларви, а широко распространетите перки во текот на нејзиното движење претставуваат одбранбена функција. Најгресивното и најчесто однесување е “фронтална закана” карактеризирана со брзо нафрлување, удирање и бркање на рибите кои се во непосредна близина, а во кр…

Окт 28, 2021

Петиција Охрид да добие парк за миленици

Иницијативата Охрид да добие парк за миленици прерасна во петиција. Група на сопственици на домашни миленици собраа 122 потписи за еден ден, доволно за да поднесат петиција до Советот на Охрид кој треба да даде зелено светло за градот да добие современ парк за домашни миленици, информира Илина Велјаноска, дел од иницијативниот одбор. Подносителите на иницијативата сметаат дека вакво катче е потребно за секој град, а особено за туристичко место како што е Охрид. Се работи за парк за миленици во  Охрид од кој градот има потреба посебно во летниот период кога има зголемена гужва, туристи. О…

Мај 18, 2020

Започна уривањето на нелегалниот бетонски ѕид кај Градиште

Денеска со градежна механизација започна уривањето на парапетчето на брегот на Охридското езеро во близина на автокампот Градиште.  Градоначалникот Константин Георгиески сподели фотографии на социјалните мрежи од активностите за уривање.„Градежен, комунален инспектор и инспектор за животна средина, утрово, извршија увид по што беше констатирано дека изведувачот нема постапено согласно издаденото решение за отстранување. Согласно тоа, денес, започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид.“ – напиша Градоначалникот Константин Георгиески на фејсбук. Инвеститорот пак, утрово…

Мај 18, 2020

Хотелиерите гледаат помош во третиот сет на владините мерки

Со владиниот трет сет мерки ќе се помага туристичката индустрија. Ќе се доделуваат ваучери на граѓани за да одмараат во Охрид, Струга, Дојран, Преспа, на планина или во некое рурално подрачје. Помошта за домашниот туризам значи по 100 евра за околу 100.000 граѓани, кои ќе ги добијат средствата во вид на ваучери, плус дополнителна платежна картичка во вредност од 50 евра. Ваучерите се наменети само за оние граѓани кои имаат плата до 15.000 денари и немаат други приходи. Туристичката индустрија трпи големи загуби како никогаш досега. Затворени хотели, откажани резервации и голема неизвесност …

Мај 18, 2020

Објавени конкурсите за упис во средните училишта

Објавени конкурсите за упис во сите средни школи. Пријавувањето за првиот јунски уписен рок ќе почне на 16 и 17 јуни. Резултатите од запишаните ученици , но и слободните места ќе бидат објавени на 18 јуни. Основците ќе може да изберат каде да го продолжат школувањето и во едно од 4 средни училишта во Охрид. Во охридската гимназија Св. Климент Охридски во прва година во првиот уписен рок ќе може да се запишат 272 ученици. Во насоката гимназиско образование се предвидени 8 паралелки и тоа во јазично-уметничко подрачје, општествено-хуманистичко подрачје и природно-математичко подрачје. „Мину…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top